Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлики помеѓу исламот и христијанството

Дискусија во 'Религија' започната од RainBow, 26 февруари 2010.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.054
    Допаѓања:
    12.790
    Пример ти се Македонците муслимани, ја смениле верата и се асимилираат.
     
  2. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Во Коранот се вели - не верувај во Светото Тројство. Христијаните за основа го имаат Светото Тројство - Отецот, Синот и Светиот Дух. Алах е моќ, Алах е авторитет, Алах е убавина Алах е уште сто други работи според муслиманите. Господ е се она што е убаво според христијаните (на пр. ЉУБОВ). Според муслиманите Исус е пророк исто и Мухамед. Според христијаните Исус е дел од Тројството значи Исус е самиот Господ. Според муслиманите Исус не воскреснал тој не бил ни убиен од страна Евреите а воскреснувањето за нив е илузија. Според христијаните Исус воскреснал после три дена од неговото распнување. одењето во рајот или пеколот според муслиманите ќе се случи кога ќе дојде Судниот ден. Според христијаните тоа се случува веднаш по смртта. Според муслиманите секој човек се раѓа без грев а гревовите ги прави во текот на животот. Според христијаните луѓето се раѓаат грешни и само крстењето и вербата во исус може да ги избави од гревовите. постојат многу различни толкувања од страна на Коранот за Библиските приказни. Коранот ја става жената во подредена положба и дозволува полигамија. Библијата тоа не го дозволува. Ретко која од исламските држави е секуларна - скоро сите христијански држави се секуларни. Секојдневните ритуали на муслиманите се многу прецизно дадени (секој муслиман мора да користи тоалет соодветно, молитви во одредено време, самоказнување и тн.) христијаните немаат такви детали. Секој муслиман треба пет дена во одреден период да се моли - христијаните немаат временски определни молитви и молитви се еден вид на конверзација со Господ. Ова е интересно муслиманите не смеат со сила некого да го тераат да се преобрати (дури ни вербална сила ама не пошитуваат ова изгледа) а секој христијанин е должен да дејствува така што да ги преобрати другите во неговата вера - оттаму и мисионерите. Коцкањето е забрането на секој муслиман - Библијата не е стриктна во врска со ова прашање. Само жените смеат да носат злато според Коранот - Библијата дозволува на секого. И така натака... ту би континјуд.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.054
    Допаѓања:
    12.790
    И тоа молење по пет пати на ден е премногу. Кај нас христијаните ќе се молам кога ќе почувствувам потреба, кога јас сакам. Слобода имам. Исто и забраната за јадење свинско ми е нелогична. Зошто да не се јаде?Како се бара во 21 век жената да биде невина кога стапува во брак, а знаеме дека нивни мажи спијат по хотели, мотели со жени за пари?Зошто двојни аршини за жената?Зошто жената да раѓа по 5-6 деца, нема ли право на избор?Може сака 2-3-1, сеедно ама сама да бира. Една Албанка кај нас си ги подврзала јајниците , за да не раѓа веќе, имала 2 деца и ја малтретирале од дома за уште деца. Слобода е тоа???
     
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Пишувајте на кирилица, нели тоа е правило на форумот, зошто не се почитува.

    Познавам еден муслиман што си земал некоја жена, која нејзините не ја држеле така строго со религијата а овој паметниот ја забулил, со шамија, мантили и не знам што. Мајка му не била забулена а он жена му си ја забулил. А пак тој како се понаша, ми иде да го срамнам на земја некогаш.

    И свекрва ми има зборувано за некои луѓе чија ќерка додека била немажена била убава, модерна а кога се омажила, маж и ја забулил и ја држел строго, не смее да оди каде сака.

    Залудно е нешто да се докажува и кажува на темава, лошите работи и недостатоци никој нема да ги признае. Не измислуваме, тоа се работи кои секојдневно ги гледаме. На автобуската на битпазар наутро гледам доста средношколки кои одат во мантили и шамии на училиште. Од што се кријат? Ги носат од што мораат а не од што сакаат, се сомневам дека и самите знаат зошто се забулени.

    А пак една албанка што ја познавам е баш ороспија, се мота со секакви по мотели, хотели, со машки се однесува како машко да не видела, им скока, им седи во скут, се фаќа со нив во јавност. Одат од крајности во крајности. Не дека нема такви и христијанки. Но ова со муслиманките ме зачуди, едни се од глава до пети покриени, другите се разуздани до бескрај.
     
    На Bojana.20, simoncelicius, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Свињата за разлика од многуте цицачи го јаде човечкиот леш. Ова го потврди една сестра од Босна како видела со свои очи во последната војна во Босна.
    - Штетни материи кои ги содржи свињата можете да прочитате од книгата на Германскиот Prof. Dr. Reckeweg: „свинското месо и здравјето на човекот“. Морам да наведам дека свињата за разлика од многуте животни не е љубоморна на својата женка. Затоа францускиот филозоф Саворин вели: „Кажи ми што си јадел, да ти кажам кој си“.
    - Свињата е предизвикувач на опасната болест наречена „Трихина“.
    - Свињата содржи големо количество на холестерол што предизвикува до затнување на артериите и срцевите болести,
    Што се однесува до жената да биде невина до првата брачна ноќ тоа е традиција во муслиманлокот никаде во куранот не пишува дека треба жената да биде невина до прва брачна ноќ.. Жената има право на избор и жената во куранот се смета како светица и тоа е право на брачниот пар колку деца ќе имаат..
    Иначе Албанката која си ги подврзала јајниците за да не раѓа децаа .. се заштитила само а нема никаква должност да раѓа по 6 деца
     
  6. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Јас сум од муслиманска заедница... иначе тој човек што ке ја натера својата сопруга на хидјап (да ја забули со шамија) тој е влезен во грев и жената во исламот не треба да се држи строго и можи да оди каде сака .. а има и некој жени што шамијата си ја ставаат од своја вољја .. и тоа е строго во Куранот да има жената шамија а денешницава само за изглед ја ставаат.. и со тоа повеќе влагаат во грев ...
     
    На BestFriends.99 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.054
    Допаѓања:
    12.790
    Покрај сите лоши работи што ги кажавме, муслиманите се гостопримливи што многу ме изненади. Работев на еден проект и требаше да најдам неколку Албанци по случаен избор. Знам дека не не сакаат, ама супер не пречекаа. Веднаш принесуваат кафе, сок, колачи. Има ли тоа врска со верата?
     
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Да
    ке побарам подоцна цитати од мухамед кога ги примил некои христијани како свои гости.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Што се однесува до свињата, ќе наведам еден пример за кој нема да коментирам, ќе оставам секој да сфати како што му одговара.

    На еден семинар, каде учествувале и христијани и муслимани, за ручек, како резултат на невнимание, хотелот приготвил свинско месо. Возрасен маж, од муслиманска вероисповед, ја изел целата порција со сласт, без да забележи дека месото има поинаков вкус од оној на кој е навикнат.
    Но, како што вели Куранот, доколку личноста не знае за која храна станува збор, односно не знае дека месото е свинско, не сторила никаков грев.
     
    На Majli.15 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Da iskomentiram sto se fativte za mantilite I zenite so samii..Pa neli I kalugerkite I monahinjite se vo mantii/mantili kako se vikaat.Neli na glava isto nosat nesto, neli se pokrieni. Epa I ednite I drugite se pokrivaat I se vo sluzba na Gospod.
    Ona sto ne go sfakate e deka vsusnost ima mnogu zaednicki raboti vo islamot I hristijanstvoto..Ama sepak polesno e da gledame na razlikite.
     
    На Sanjichka007, girl-miri, Captain-Omni и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.054
    Допаѓања:
    12.790
    Точно дека и монахињите се покриени, ама тие немаат некој социјален живот и се фокусирани на животот во манастирот, не шетаат секој ден и на горештини по град
     
  12. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm Ova ti se vika baranje vlakno vo jajce..Nego,ne me citirajte drug pat so vakvi stupidni argumenti. Kakva vrska imaat sega gorestinite I setanjeto? So treba, nigde da ne izlagaat?
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум толерантна кон различните од себе и се надевам нема грешно да ме сфатиш, ама ова ти е мноогу погрешно сфаќање. Оние коишто го ширеле Христијанството го ширеле со поучување и со љубов и трпение. Не со сила. Не со меч. Доколку користеле сила, Господ не ќе ги изберел како прво. Во Библијата се вели ако те удрат, заврти го и другиот образ. Воздржување и простување пред каквo и да е насилство.

    На Муслиманите и те како им е дозволено да зборуваат за верата и да ја умножуваат доколку е ненаметливо, ненасилно, туку суптилно, информативно и со љубов. Како и на Христијаните. Мухамед што правел? Зарем не ја ширел верата? Ако не, која му била мисијата?

    Не ме сфаќај како да те убедувам или ти се контрирам, само укажувам на она коешто не е точно.

    Едит, еве извадок од Библијата за тоа како треба да се молиме. Имаме правила. А, кога одиме на исповед пред причесна, духовникот укажува на тоа како треба да се молиме.

    Од Ев. според Матеј

    5. И кога се молиш, не биди како лицемерите, што сакаат да стојат по синагогите и раскрсниците за да се молат и да се покажуваат пред луѓето.
    Вистина ви велам дека тие веќе си ја добиле својата награда.
    6. Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Он, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно.
    7. Кога се молите, не говорете многу како незнабошците, зашто тие мислат дека за своите многу зборови ќе бидат услишени;
    8. вие, пак, немојте да бидете како тие, оти вашиот Отец небесен знае од што имате нужда уште пред да сте Го помолиле.
    9. Туку молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое;
    10. Да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата;
    11. лебот наш насушен дај ни го денес;
    12. и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштаваме и ние на нашите должници;
    13. и не нè воведи во искушение, но избави нè од лукавиот, зашто Твое е царството, и силата, и славата во сите векови. Амин!
    14. Бидејќи, ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен;
    15. ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето, и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите.
     
    Последна измена: 4 јуни 2015
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.054
    Допаѓања:
    12.790
    Па вие сакате да дискутирате само како на вас ви одговара. Монахињата живее во манастир, во град ќе слезе по потреба и многу ретко. Не е исто. Плус таа монахиња не се изложува со долги ракави на сонце , туку седи под сенка. Толку сте самобендисани што секој што нешто ќе ви порекне е огорчен, исфрустриран и што уште не. Сакам во мојата околина модерни, современи луѓе. Да ми платат со мантил и шамија не одам, не сакам да плашам луѓе.
     
    На Rama и okcenzi им се допаѓа ова.
  15. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm Nikoj ne bi ti ni plakal, ne moze sekoj da nosi samija da znaes :)
     
    На Kukla994 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Uste ova....
    VO VERATA NEMA NASILSTVO, PATOT VISTINSKI JASNO SE ODDELUVA OD ZABLUDATA.
    ONOJ KOJ NE VERUVA VO TAGUT A VERUVA VO ALLAH, VEKE SE FATIL ZA CVRSTOTO JAZE VO KOE NEMA ISKINATICA.
    Znaci nikoj ne e prisilen da nosi samija dokolku sam ne saka^
    Aj ke se trudam da se vozdrzuvam da ne komentiram veke....
     
    На girl-miri и BestFriends.99 им се допаѓа ова.
  17. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Нека не го сфаќа никој моево мислење како навреда, не сум против, а не сум ни за некоја религија. Атеист сум.
    Сакам да кажам дека ни ти не можеш да ставиш слика од муслимани некои каде што уживаат и да тврдиш дека они сите се во тек со времето и се модерни, и од некој по стар човек од Вевчани.
    Секаде има што би се рекло и заостанати..еве пример (и ве молам не рипајте одма дека навредувам некој, само ќе кажам еден вистинит пример)

    Седам јас со друштво од клас на кафе, од кои едниот е муслиман. 4та година средно сме, он се вери, ќе прави свадба летово. Неговата филозофија беше дека нема зашто жена му да работела, он е тој што требало да иде на работа и да заработува, а она треба да седи дома за да може да чисти, да готви и да чува деца. Не требало она да шета ако не е со него..

    Епа извинете ама не може никој да ми каже дека кај сите муслимани се е розево, зашто не е. Повеќе од очигледно е дека уште има такви што живеат како да се векови уназад. Не се пронаоѓам ни во христијанството иако моите родители се христијани.
     
    На Yowannty и Tanjamm им се допаѓа ова.
  18. BestFriends.99

    BestFriends.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2014
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Не дека сакам некој да навредам,ама познавам многу христијани кои се мои пријатели и велат дека исламот е подобра вера од христијанството.Гледам дека последните коментари се за жената во исламот,па да додадам нешто и јас :)
    1.Право на образование
    Исламот обезбеди на жените еднакви можност да се стекнат со знаења.Исламот нагласува дека образованието за мажите и жените е од еднаква важност и на пророкот Мухамед утврдени дека образованието е задолжително за двете. Тој рече дека, "Тоа е должност на секој муслиман маж и секоја жена муслиманка да се здобијат со знаење."
    2. Економски права
    Исламот има право на жените да поседуваат богатство и имот, без разлика дали тоа е наследно или заработил, и има целосно право над неа. Светиот Куран 4:33: "Мажите треба да имаат удел на она што го заработил, и жените ќе имаат удел на она што го заработиле ..." Овој стих јасно дека жената има право да управува со сопствениот богатство. Мажена жена која работи не е потребно да го сподели нејзиниот приход со нејзиниот сопруг.
    3.Духовен Статус
    Бог јасно изјави во Светиот Куран дека жената има душа, дека таа ги има истите духовни капацитети, како мажот, и дека таа може да го постигне еднаков духовен награди со сопствениот напори. Куранот вели: "А кој прави добри дела, без разлика дали машко или женско,и е верник.)
    *Сакам да ве замолам да не коментирате лоши работи за исламот,пред да сте добро информирани или пред да го немате прочитано Куранот.Секоја вера може да има и добри и лоши страни.Поздрав :)
     
    Последна измена: 7 јуни 2015
    На Sanjichka007, girl-miri, Rose96 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. BestFriends.99

    BestFriends.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2014
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    :!::l::handshake:
    11401463_1049788551700045_2271453013578272563_n.jpg
     
    На mirandaa, girl-miri, eloves и 4 други им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Мене искрено не ми се јасни оние коишто се декларираат како припадници на една вера, а велат за друга вера дека е најдобра. Мене ми е Христијанството совршено, сите одговори мене коишто ми се потребни сум ги нашла таму, сум се пронашла таму едноставно. Да се пронаоѓав повеќе во Исламот и да ми беше мене лично подобар пат, ќе бев Муслиманка. Но, тоа воопшто не ме споречува во почитување на различна вера. Баш како во цитатот од сликата погоре. На сите нозе не им е одредено да одат по исти патишта, но ако целта е нешто позитивно, нема зошто да не се почитува другиот.
     
    На eloves, Ana Chio, Adina и 3 други им се допаѓа ова.