Ислам vs Христијанство мајками е христијанка Таткоми муслиман .. си ги почитувам и двете вери Во куката се слават сите празници .. безразлика од доја вера до 8-мо учев албански сега во средно мак .. значи не мешам вера со нација.. сакам да кажам дека се дружам и со муслимани и со христијани .. и не сум имала расправии за тоа до сега pozz <3
Ислам vs Христијанство mitablonde имам едно прашање ако сакаш да ми одговориш, како што прочитав мајкати е христијанка а татко ти муслиман, дали татко ти како глава на семејството ке дозволи ти да се мажиш со христијанин? на профилот видов пиши дека имаш 18 години па мислам дека не си мажена ако си поправиме. Имам правено муабет со личности кој што не се во ваква ситуација како што си ти ама нивните мислења се спротивни на моите па затоа ме интересира ете некој што е во таа ситуација како би постапил. поздрав
Ислам vs Христијанство во џамиите нема ни слики ни статуа едноставно господ нема слика никој не знае каков е се молиме за господ а не за икони или статуа не ти треба икона пред тебе за да се молис не е ова навреда или несто тоа е мое мислење и јас се извинувам ако навредив или згресив
Ислам vs Христијанство [биquote="Amore"]а жените кај нив носат фереџе само за не ги привлекуваат машките, оти знаеме како се понашаат кога ќе видат некоја на улица. Па донекаде и во право се. [/quote] a sto mislis ti зар не е подобро само маз ти да те гледа или сите да зјапаат у тебе јас мислам дека таа сто има повеке алиста на себе т.е.повеке покриена создава љубопитност сто има каква згодна ли е а кај таа сто има миниЧ и маиЧка гледас се сто др има да разоткријес кај неа а?
Ислам vs Христијанство И во христијанството жената треба да е пристојно облечена и треба да ја покрива главата, посебно кога се моли на Бога. Сега тие правила се отврлени од христијанските жени, ама гледам и од муслиманските исто така. Барем се изнагледавме турски серии и ниедна жена не е со фереџе. Тоа го има повеќе во затворените муслимански земји или поруралните средини. Јас две години по ред одам во Албанија на одмор и ниедна албанска жена не видов со марама на глава, т.е. тие што ги видов беа од Македонија или од Косово.
Ислам vs Христијанство Gunshine, ако си подобро упатена, ќе знаеш дека и христијанството и исламот имаат заеднички темели, а тоа се старозаветните.
Ислам vs Христијанство Мислам дека тоа е затоа што најголемиот дел од албанското население, посебно она кое живее во јужните и централните делови на земјата се од католичка вероисповест, а ги има и православни христијани. Мислам дека муслимани се само оние кои живеат близу до границата со Македонија, Косово и Црна Гора. Барем во денешно време, иако ширењето на исламот според Википедија било потешко во северните делови (ама Википедија баш и не ми е релевантен извор на информации, па не се потпирам толку на неа). Ако грешам, некој нека ме поправи. Ама една џамија не видов кога бев на одмор во Валона. Први такви објекти беа после границата кај Св. Наум, две или три џамии, а после ниедна не видов, дури ни во Валона, а го шетав градот.
Ислам vs Христијанство Ми треба искрено мислење од тебе... Ти веќе си полнолетна и би требало да ја знаеш твојата религиска припадност Велиш сите празници ги славите - тоа е во ред..Меѓутоа која е твојата религиска припадност? Не можеш да бидеш и муслиманка и христијанка во исто време..А ако се немаш одлучено, значи си атеист Јас друга опција не гледам тука...
Ислам vs Христијанство ^^^ E зошто атеист ? Она е политеист, ист случај како во мешан брак од типот католик-православен, протестант- православен... Тоа е почит према двете религии. Можеби звучи чудно , ама нели љубовта е важна, така да ако им е убаво ќе најдат компромис и околу вероисповедта. А mitablonde може да почитува проповедите од двете свети книги, затоа што ни една не пороповеда зло , туку љубов , милосрдие, добрина. Е сега што има екстремисти што си ги толкуваат по свое, тоа е друга работа. Така може да си направи микс од најдоброто од двете религии .
Ислам vs Христијанство Микс да се направи од Христијанство и Ислам? Како ќе се вика тој микс ај објасни ми те молам? Прв пат слушам вакво нешто... Тоа е како да земеш вода и масло да мешаш - нема да се добие смеса туку маслото ќе плива по површината на водата и никогаш нема да се раствори во водата.
Ислам vs Христијанство Добро де , не треба да бидеме строги, што сака девојчето нека си прави. Ај сега да ја стреламе затоа што е од мешан брак. Пишав како јас тоа го сфаќам. Секој со своите убедувања.
Ислам vs Христијанство Да, но кога влегуваш во Албанија во селата исто така нема забулени жени. А џамии има, во помал број од кај нас и не се толку големи како нашите, па може и да не се приметат.
Ислам vs Христијанство Mnogu mi e milo shto gledam tolku pozitivni mislenja na ovoj forum tuka.. sum citala mislenja na drugi forumi, i sum se iznenadila kolku ograniceni i konzervativni devojki(lugje opsto) seushte ima.... kako prvo,verite,nastanale so cel da im se pretstavi eden kodenks na dobro odnesuvanje na lugjeto togas sto sekako seuste ne bile tolku so visok intelekt, i nepismeni i se toa...taka sto tie sto bile popametni, svatile deka treba lugjeto da se vodat po nesto,i po nekoj prav pat, a skloni se kon kreiranje totemi, i veruvanja vo razlicni bogovi, taka sto lesno bilo religijata da im pretstavuva kodeks na odnesuvanje, dobro odnesuvanje. i sekako,prvi bile evreite so nivnata vera,i nivniot talmut,pa podocna po negov primer se sozdadeni i drugite sveti knigi,pa proizlezeni i drugite veri sto sekako se pozitivni nesta, a podocna, taa politika uzurpira se,i se vmeshuva i vo religijata,i ja koristi za takvi celi da gi podeli narodite,pa denes imame i podelbi vo nacii rasi etnikumi,i slicno, shto e napraveno taka za da moze podobro da se vlijae i nametnuva vlijanie vrz lugjeto,sto e sekako uste edno politicko obelezje...stremenje kon sto pogolema mokj..go znaete toa:razdeli pa vladej! no,ako sme site vaka open minded i sekako prijatelski nastroeni ke svatime deka sme site isti,lugje od krv i meso,razlicni sme edinstveno od rastenija i zivotni....pa duri i so nivb treba da naucime da se splotime i da ziveeme vo mir. nie lugjeto na ovaa planeta zemja sme edinstveni humanoidi,i site sme ama bas isti,osven razlicna boja na kozha, kosa oci i slicno. taka sto ne gledam prostor za podelbi,jas gi pocituvam site veri,sum pravoslavna hristijanka,i pocituvam site nacela na mojata vera,i smetam deka site treba da se vodat kon nekoi moralni normi,pa duri i ateistite, a gi pocituvam site drugi veri,kako i nacionalnosti. mislam deka lugjeto moze da se delat samo na dobri ili losi,bez ogled na nacija ili vera.. ako nekoj covek ne e dobar so mene i ne me pocituva togas ne ja dobiva ni mojata pocit.no dokolku znaat da pocituvaat,jas pocituvam, bez ogled na nisto drugo. mislam deka site sme dovolno zreli umstveno vekje, da svatime i deka ona sto ni go promovira demokratijata vo golema mera, e ednakvost megju site nas i tolerancija megjusebna. site nie sme lugje. nema potreba od naglasuvanje na vakvi razliki,pa i zloupotrebuvanje na istite vo sozdavanje na megjusebni konflikti. znaci,poraka do site vas, pocituvajte se i sakajte se so tie lugje sto se dobri i ve sakaat i pocituvaat. losi lugje ima sekade vo svetot, bez ogled na ni edna od ovie podelbi. pozzdrav... [mod-kirilica:3of82gal][/mod-kirilica:3of82gal]
Ислам vs Христијанство Едно големо браво за постот над мене! Еден е Господ за сите, само што пуштил неколку пророци на земјата, на различни места, во различно време! И сите тие пророци, меѓу кои и мојот Исус, зборуваат за Господ Бог....исто како и Мухамед што зборува за Алах ( во превод Господ Бог)...и Мојсие на Евреите им го претставувал Господ Бог......итн итн..... Затоа не ги делам луѓето по вера! Ги делам на лоши и добри луѓе, се останато нема значение!
Ислам vs Христијанство Факт е дека господ за сите нас е ЕДЕН, меѓутоа јас лично ја признавам само својата вера (христијанската). Бидејки сметам дека поимот ''БОГ Е ЕДЕН ЗА СИТЕ'' токму таа реченица опфаќа целокупен поим... Нека ми простат оние кои се од исламот но, на еден начин и во некои нивни обичаи се дискриминирани. Ако е навистина бог еднаков тогаш не би направил мажите да бидат пред се, а жените понизни (на некој начин). Во повеќето од исламските земји жените се дискриминирани, прекриени со шамии и разни работи и сред 40 целзисуови степени додека мажите слободно и гордо шетаат покрај нив. Така да, според мене тоа не е ВООПШТО праведно. Тоа е мој став и мое мислење. Се надевам дека не навредив никој зошто немав таква намера. Сепак се тоа нивни обичаи и не би навлегувала толку длабоко овојпат.
Ислам vs Христијанство секако, секој си има право на сопствен став и мислење, ок си е и твоето верување и признавање само на една вера... меѓутоа во поглед на тоа прашање, исто така се знае дека порано и во нашата вера имало некои такви поограничени погледи, особено во однос на жената.. (а земи предвид и дека кај хиндѕ народите има такви некои забрани и дискриминирања кон жените, не е тоа само во исламот), плус, освен во некои одредени земји, арапските, и слично, сеуште жените се така дискриминирани, а на пр, кај нас, па еве и во Турција како најблизок пример, нормално под влијание на мн сегменти, глобализацијата, развитокот на човештвото, веќе нема такви забрани во поглед на жените... за мантили, и традиционални облеки, има право да носи кој сака, значи има мн што не се такви.. и плус, ни нивната вера ни нивната света книга не проповеда дека жената мора да биде покриена.. тоа се се сведува на лоша интерпретација на таа света книга, како што сметам јас, затоа што таму пишува дека жената би требала да ги покрие своите обележја што ја карактеризираат како жена, значи да се носи облека, на срамните места,..тоа го пишува и кај нас... но , сепак поради лоша интерпретација на книгата, така се развлекло низ годините па тие ги покриваат потполно жените... но, сепак,тоа не е фактор дека не треба да се почитуваме, да ,господ е еден, а за тоа е доказ,самиот факт што како луѓе сме сите исти! со исти обележја човекови,како и христијани, будисти, евреи, па и сите други верри... и сите други нации. меѓутоа, ок е да си имаш свое сваќање, јас само изразив потполна поддршка за сите тие што размислуваат опен мајндед како мене. и го искажав мојот став за оваа работа. секоја поделба настаната меѓу луѓето пред се е поделба за подобро да се манипулира и владее со луѓето, а денес, заради политички цели,но со тек на времето, сите се стремиме кон еднаквост, демократија, и толеранција меѓусебна. позз
Ислам vs Христијанство Е сега незнам дали е сето тоа погрешно протолкувано. Лично не го имам читано куранот. Единствено знам дека очиве не ме лажат. Не велам дека нема семејства кои своите ќерки, сопруги, сестри не им дозволуваат да се однесуваат и шетаат слободно. Тоа постои да, но зборот ми беше дека поголемиот дел од нив се прикриваат. Најверојатно се тоа повеќе примитивни сфаќања кое самото општество ги наметнува само по себе... Меѓудругото и јас имам слободно размислување кон други сегменти од животот како што еднаш ти реков на гламстик. Бидејки јас и ти cleonika, (ако си истата) по втор пат се ''судираме'' околу слична тема само на друг форум... Очигледно дека нема да се сложиме околу ова, па затоа предложувам да не дискутираме околу ова прашање повеќе. Најдобронамерно беше ова, се надевам дека не ме сфати погрешно
Ислам vs Христијанство исправка:носат фереџе дека некој од другарите на мухамед ја гледал гола жена му на мухамед како врши измет и му рекол на мухамед дека е страмота или така нешто и сите носат муслиманки затоа. а знам дека ке се борат и војни ке водат против мене за ова со го напишав ама и ова ке го речам не во лоша смисла да биди сватено куранот е препишан од СВЕТАТА БИБЛИЈА и променет и да не му вервате ко ке ви речат за ИСУС разни работи си менвал таму мухамед до мила волја па јас сум христијанин ако е за така и јас не се клањам на икони.си има мухамед сменато дека избрани биле арапите дека абрахам бил во арабија кога навистина бил во израел и мн други работи.тие таквите можат да лажат луге кои немаат библија прочитано и со ништо не се сложвајте со нив извинете ако овај техт е навредлив не ми е тоа намерата простете ми пак велам ако некој навредив
Ислам vs Христијанство Јас сум православна христијанка, но сум имала другарки и другари муслимани и навистина многу сме се сложувале. Честопати сме си кажувале и објаснувале секој за својата вера. Јас лично многу сакам да дознавам многу нови работи и информации така да секогаш кога сме разговарале на таа тема ми било интересно. Јас ја почитувам и Христијанската, Исламската, Будистичката и сите останати вери, зашто на секој жив човек, помалку или повеќе потребно му е да верува во Бог, Алах итн... И нормално и неоспорно е тоа дека има и христијани и муслимани кои имаат различен степен на верба. Има христијани кои повеќе веруваат во Господ, а има и некои кои не толку веруваат во Господ, а мислам дека исто е и со муслиманите. И секако дека ќе има различни адети и обичаи, но сепак и во Куранот и во Библијата се говори дека треба да бидеме добри, да не правиме и мислиме зло, да не крадеме, лажеме, убиваме итн.