Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлики помеѓу исламот и христијанството

Дискусија во 'Религија' започната од RainBow, 26 февруари 2010.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Мислам дека на темава се мааалце испомешани работиве.

    Разликите помеѓу христијанството и исламот во суштина се мали - постојат, но имаат и доста сличности, а пред се - и во двете религии се проповедаат истите човечки вредности.

    Е сега, проблемите настануваат кога луѓето ќе почнат да си ги толкуваат светите книги на свој начин, често пати за остварување на нешто, што во суштина е во спротивност дури и со начелата на таа религија.

    Во моментов, тоа е поизразено во исламскиот свет - екстремистички фракции кои извртувајќи ги зборовите и намерите на сопствената религија, повикуваат на „света војна“, насилство и убивање на сите „неистомисленици“.

    Меѓутоа, гледано од историски аспект, и „во име“ на христијанството се направени разно-разни злосторства против човештвото. И би сакал да напоменам, бидејќи гледам дека тука христијанството се поистоветува со православието - христијанството ги опфаќа и католиците, протестантите и уште доста подгрупи (нема да речам секти, бидејќи тој збор поради погрешно употребување, сега најчесто подразбира друго).

    Почнувајќи од крстоносните војни, шпанската инквизиција, разните геноциди направени на домородното население во многу земји, па завршувајќи во „модерниве“ времиња со користење на Библијата за оправдување на ропството во Америка и сметањето на црнците како инфериорни во однос на белците. Сето ова направено поради (зло)употреба на христијанството како водилка.

    А инаку, и денешниве христијани се далеку од цвеќиња за мирисање. Во САД, особено во државите со најголем број на верници, воопшто не е невообичаено да се оди наоружан во црква. А и по ставовите за убивање на неверниците, хомосексуалците и др., не се многу далеку од менталниот склоп на исламските екстремисти. А не мора да одиме подалеку од нашава земја - колку само омраза извира од многу т.н. верници - и против други христијани и против муслиманите.

    Што сакав да кажам?

    Стварно мразам генерализации. Повеќе од глупаво е сите муслимани да се поистоветат со екстремисти. Едноставно, тоа не е точно. Исто како што не може да се даде генерална каратеристика за христијаните. И меѓу едните и меѓу другите има и добри и лоши.

    Со правење генерализации и ширење омраза против другите религии само си ја девалвирате сопствената вредност како верник. Ништо повеќе.

    Поздрав
     
    На eloves, jovanovska94, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  2. srcesrce

    srcesrce Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Женски
    11049450_631481726981755_475824998231539832_n.png


    10982623_631481650315096_6128221019095603986_n.png
     
    На slimy, lealealea, baba Rada и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Прашање: дали кај христијаните е забрането да стапат во брак со некој од друга вера? Според Библијата?
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Мислам дека не. Еве пример со маж Македонец се ожени со Албанка муслиманка од Албанија. Бидејќи планираа венчавка во црква таа мораше да се крсти и го направи тоа. Кај вас муслиманите како е?
     
  5. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Тој неодговорен што напушта работа за да се моли во џамија, го плаќаме ние будалите што полниме буџет, оти е вработен по Рамковен.

    Ти го плаќаш? ТИ?
    Срамота,такво нешто од никој христијан немам слушнато,до кај дојде светот.Ти ќе кажеш кој колку пати да се моли или не.Ти ако не се молиш,ако ништо не ти значи,тоа си е твое кој коментира ти кога се молиш или не?Не зборувај глупости,не летај многу оти многу ниско ќе паднеш.

    Тука се зборува за РАЗЛИКИ, знаеш поими да разликуваш?
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Самиот болд кажува дека е. Кога ја сменила верата, односно се крстила, автоматски е христијанка, не муслиманка. За да се венчаш во црква мора да бидеш крстен, нели? Што е показател дека христијанството забранува мешање на вери.
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Ако почнеме ние да излегуваме за молење во црква кај ќе е крајот. Ќе нема кој да прима документи на шалтер и да лечи луѓе. Тоа е разликата што мене верата не ме обрзува да морам да трчам во црква по 5 пати. Христијанството е далеку полиберално од исламот. Ако толку ви значи верата освен молење што друго почитувате? Ништо.
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Епа не можеш да се венчаш во црква ако не си крстен. Да било граѓански брак нема потреба ништо да менува.
     
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Што значи дека христијанството забранува мешање на вери.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Индиректно да. Ако сакаш да влегуваш во црква и да вршиш обреди мора.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Разликата помеѓу Христијанстово и Исламот е што Исламот е друга верзија на Христијанството т.е Исламот е преземено од Христијанството.
    Во принцип се работи за иста ствар.. само што на луѓето различно им се пропагира една иста димензија.
    Вистината е толку едноставна што луѓето не можат да ја сфатат бидејќи логичкиот програм е одамна инсталиран како вирус во опшеството а војните за религиите ги памтиме како нешто лошо, логички - војна е лоша ствар , и не се работело за откривање на вистината туку на изместување на вистинската вистина.
    Во секој случај океј е да си религиозен само што треба суштински да се разбере религијата а не буквално како што пишува во тие свети книги кој што традиционално и суштински претставуваат низ на настани кој што се случувале илјадници години.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Абе не оправдувам во сред работно време да излезеш додека другите работат за да се молиш. На работа треба да си професионалец, а не верник бидејќи на државно работно место пари земаш од граѓаните не само од муслиманите, од сите граѓани. Прво делува смешно во суд со килимче под мишка да оди вработен и тоа само кај нас се допушта дека сме никаква држава.
     
    На oblace1 и jovanovska94 им се допаѓа ова.
  13. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Јој Тања, досадна стана со ова веќе.
    Дај нова рчка најди си за муслиманите, шо си запнала со ова молењево?! :D
     
    На slimy, Kukla994, Zeynep и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Јас плаќам данок на државата за разлика од некои, купувам само кај што даваат фискални. Да, јас и другите лојални будали во земјава плаќаме даноци и од наши пари вакви несовесни административци земаат плата.
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Јас дадов пример и вие 10 ми реплицирате. Дали во друга држава ова би се толерирало? Да искачаш секој петок во сред работно време за молитва. Тоа е неодговорност. 21 век сме и човек кој се држи за религија како слеп за стап не го оправдувам.
     
    На oblace1 и baba Rada им се допаѓа ова.
  16. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Е, ама ова е твое мислење. :D
    Најубаво ти е да си се помириш, оти твоето мислење нема да смени како твоите колеги на работа се молат.
    И дај, нова рчка најди си.
    100 пати веќе го поминавме муабетов со молењето и работата. :D
     
    На blueberry93 и Zeynep им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ако збориме за државна администрација, богами се претепаа од работа. Демек, додека муслиманите се молат, нашиве скршија к*р од работа. Бре, бре...

    Иначе, бев сведок дека Завод за (не)вработување работеше на Велики петок и на шалтер беше само еден дечко Албанец.
     
    На Kukla994, eloves, daylight и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Тања,тоа си е само твое мислење што никој друг не го дели освен ти...Ти не можеш да се мешаш во некој туѓ живот,а тоа го прават само тие што немат свој.Што си запнала толко со молењето? Што излага секој петок,сигурно има дозвола,може после еден саат да ја надополни работата,ти се молам немој веќе со такви глупи коментари.И не се зборува тука за даноци,за плати туку за РАЗЛИКИ !!
    Обиди се малце повеќе да размислиш нешто пред да напишеш нешто што нема врска позз
     
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    A neli 21.vek e i treba da se zalagame za progres. Aj sea i pravoslavnine neka si nosat kandilo na rabota da im gori i na sho kje lichi toa? Jas ne sum videla ama ako se vistiniti primerive sho gi opishuva Tanja, stvarno glupo e. Ali ova e mkd i se chudam zoshto me chudi uopshte bilo shto, pa i shto se naogja opravduvanje za zatucani verski rituali.
     
    На kim.k, oblace1 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Вистина е и масовно е. Во петок ако се падне седница на Совет во општината, заради 7 советници Албанци сите 33 одат на пауза за да муслиманите имаат време да се молат. На што личи да опструираш работа за молитва? Во суд, општина, инспекции сегде така прават. Со килимот под мишка правец џамија.
     
    На oblace1 и baba Rada им се допаѓа ова.