Не е кај нас кога ќе му текне да се моли си има време кога треба и секоја му чест на тој што ќе излезит од на работно место за на молитва тој е прав МУСЛИМАН
Знам шо сакат да ми кажат,немора да се мачиш ти да ми објаснуваш,а и више не ми се пишува на оваа тема се едно исто,за такви луѓе како вас е срамота не за тие.Тоа си е ваше мислење,што многу други христијани не се сложуваат со тоа,нормално.
Сите оние гооолеми верници (а веднаш ќе потенцирам дека мислам и на муслиманите, и на христијаните и на припадниците на било која друга религија) кои својата религија ја величаат, а онаа другата ја сведуваат на ниво на тоалетна хартија (со извинување), првин нека се запрашаат, какви луѓе се всушност они? Значи темата е РАЗЛИКИ, а страници и страници јас прочитав само ПО, ПО, ПО... Верата е избор, начин на размислување и верување. Не знам што е тооолку тешко да се сфати и разбере дека напразно се натегате. Секоја вера има своја историја, начин на "гледање на работите", но едно е сигурно, ниту една вера не проповеда ширење на омраза. Доколку и покрај читањето на Библијата и Куранот, сеуште не сте ја сфатиле главната порака, обидете се уште еднаш. Доколку со верата не сте го пронашле внатрешниот мир, во Вас е грешката, а не во Мухамед или Исус или оние кои веруваат во поразличното од Вас. Скоро никогаш или никогаш? Првиот збор е најбитен, го менува целиот контекст. Не сите муслимани се молат 5 пати на ден, ниту пак сите христијани го прават тоа. Христијаните имаат пости, Велигденски пости. Не ги знаеш сите муслимани, пример, ме интересира дали овие од ИСИС велат "Мирот нека е со вас" кога дигаат цели населби во воздух? Христијанките (би требало да) влегуваат во црква со марама на главата. Не ти реплицирав со намера да го величам Христијанството, туку само да ти посочам дека воопшто не си запознаена со верата, а се дрзнуваш да правиш разлики, самата знаеш со каква цел.
Никако не можам да ги разберам муслиманиве. Прво те напаѓаат, па кога ке им ја плеснеш вистината во очи, велат дека се навредени. Жити се. Не знаев дека вистината ги вреѓа.
Не можеш да ги разбереш муслиманите зошто не си човек за да разбереш.Мислам од оние луѓе шо се разбираат во се.Секој човек се брани кога ќе го нападнат,нормално никој не е глуп да седи мирно,што се однесува до тоа вистината како што викаш хехе,нема потреба да се лутиме тоа си е така 5 пати дневно се моли,ако треба и 100 пати на ден и 100 пати ке се молам !!!! Тоа тебе ич да не те боли како што мене не ме интересира за тебе дали одиш во црква или не.Секој си ја сака и цени неговата вера,така да ни јас не можам да те убедам во нешто што не сакаш да веруваш,ниту пак ти можеш,далеку од тоа.
Кога веќе фино лепо си го ископирала цел пост од Кајгана, врати се на тој форум и прочитај ги и останатите мислења. Сите прашалници ќе ти бидат одговорени
Ако имате нешто да придонесете кон темава слободно направете го тоа, темава е за разликите, а не напаѓање на една религија, туку некаква споредба. Доколку одите оф-топик ќе следува бан, а темата си останува отворена за оние што имаат некое културно прашање или да објаснат нешто без навреди.
Луѓе, мешате разлики меѓу религии со разлики меѓу верници/следбеници на религии. Што една религија вели дека треба да се прави и што прават припадниците на одредена религија се две скроз различни работи. За разликите, т.е. сличностите меѓу христијанството и исламот веќе зборував, па не би да се повторувам. Што се однесува на разликите меѓу верниците на овие две религии, се сложувам дека постојат. Муслиманите подословно се држат до она што од нив го бара нивната религија и ги следат пораките и поуките од нивните свештени лица повеќе. Од друга страна, христијаните (зборувам генерално, се разбира) се многу полиберални во толкувањето и практикувањето на сопствените религиски обичаи. И христијанството, како и исламот, впрочем, има 300 правила, обичаи и адети – само што ретко кој се придржува кон нив. Воглавно, христијанството кај нас секој си го толкува по свое – односно, оние обичаи кои му одговараат и му се допаѓаат си ги практикува, а оние другите едноставно ги прескокнува. Кај многу од нашите христијани постои и презир и недоверба кон свештените лица, нешто што кај муслиманите не верувам дека е така. Е сега, која од овие две варијанти е подобра – слепо придржување кон се што е напишано во некоја „света“ книга и слепа послушност кон свештените лица на истата или пак, селективно верување и прифаќање на одредени делови од дадена религија, со што често пати нечии лични верувања се вистинска пародија на религијата на која припаѓа – јас лично, бидејќи не сум верник, не би можел да кажам. А што се однесува до практикувањето на религиозни ритуали во работно време, иако е тотално off-topic на темава, само ќе речам дека Македонија (барем на хартија) е секуларна држава, во која (би требало) религијата и државата да бидат одвоени. Според ова, не само што не би требало религијата да се практикува во работно време, туку и верските празници (небитно на која религија) не би требало да бидат државни празници. За крај, само да потсетам на една сличност меѓу христијанството и исламот – и двете религии проповедаат љубов, почит, толеранција и разбирање кон другиот. А од многу тука кои се декларираат како некакви си верници, во постовите видов се освен овие работи.
http://m.avaz.ba/clanak/208522/kur-an-zamijenili-biblijom-pogledajte-reakciju-holandana Многу ме потсетија луѓево кои се анкетирани на некои жени од тука кои страшно се борат да го поплукаат Куранот и си зимаат за право да вадат исечоци и слично и кои по нивно "ни ја плескаат вистината" на нас муслиманите, а очигледно не ја прочитале ниту Библијата. А да си ја "плеснете" на себе малку и да бидете реални? Не го обвинувајте Исламот за ова што се случува, туку "муслиманите" кои го искривуваат.
Одлично видео кое само покажува колку предрасуди имаме кон другите религии и колку малку познавања имаме од сопствената. 99% од верниците воопшто не ја прочитале Библијата (додуша, истото важи и за припадниците на сите останати религии), а оние што ја прочитале, некако како да „подзабораваат“ дека и Стариот Завет е дел од христијанското учење. И во Библијата и во Куранот и во сите свети книги на „старите“ религии има делови кои од денешен аспект не можат (и не ни треба) да се оправдаат - ни морално, ни законски, како и делови кои едноставно се надвор од здравиот разум. Треба да разбереме дека тие книги се пишувани во некое друго време, во средина и општества многу поразлични од нашите и дека едноставно не може се од напишаното да важи и да се применува и денес. Затоа, сите верници треба да се фокусираат на идеологијата на својата религија (христијанството или исламот, сеедно), која проповеда љубов, толеранција, почит и мир, а не да ги читаат и толкуваат буквално и да се фаќаат за секој напишан збор во светите книги како „слеп за стап“.
Познавам многу муслимани кои што не искачаат од работа за да отидат да се молат. Што според мене е многу правилно. Во ред е ти да си религиозен и да си ја сакаш и почитуваш работата, но ај замислете во болница муслимани што работат и сите за време на работа да отидат да се молат. Ако има пациенти во критична состојба, во тој период со толку мал персонал се може да се случи. Еве не ве навредувам, далеку е од тоа, само си кажувам мислење. Мислам дека работа не треба да се напушта заради што се создава голем дисбаланс. Ете барем според мене. Секој си има работно време и тоа е тоа.
Дај не зезајте со тоа искачање од работа. 20 години живеев во место каде имаше многу работни места на кои беа муслимани и не ми се десило за време на молитва да не се тука ( општини, амбуланти, болници, училишта). Не правете од мува магарец и НЕ ГЕНЕРАЛИЗИРАЈТЕ.
^ јас пишав заради тоа што имаше погоре постови, и реков дека знам могу муслимани што седат на работа без вакви случаи. Но ете доколку има такво нешто, спред мене не е баш ок. И си имаше горе феминка пишано дека тие се прави муслимани.. Според мене тоа не го дефинира човекот, но ете некои луѓе можеби идат до крајности. Не знам.
Па тоа го пиша една членка на која тоа и се случило. Тоа го направил еден муслиман. И сеа ти мислењето го тераш во тој правец. Јас како што реков никогаш тоа не сум го видела. Не значи дека ниту еден не го прави тоа, ниту според мислењето на другата членка значи дека сите го прават. Јас како муслиманка мислам дека е убаво да се придржуваме до сите молитви, но еве заради темпото на живот и работните или училишни обврски сфаќаме дека не сме во можност.
муслиманите дефинитивно се осудени да си ја бранат религијата цел живот,да ја правдаат, да негираат одредени појави што ги има кај нив и слично...i am so sorry for you
А ти си осудена да напаѓаш туѓа вера и да патиш од омраза. Јас и повеќето членки на форумов не напаѓаме туѓа вера, туку одговараме на прашања или дезинформации. Кој е тука за жалење?
Човек не мора да биде од одредена вероисповест за да почитува одредена религија. Значи, може слободно поединец од христијанска вероисповест да отиде и да запали свеќа во џамија, чисто ради поштовање. Не само кон муслиманската/исламска религија, туку и кон било која друга религија.