Иса/Исус не умрел...Јас ги изнесувам кажувањата во Куранот, Иса е воздигнат кај господ, и еден ден ќе се врати и ќе владее 40 год на земјава... Ова е 100% сигурно, а деноф на враќање на Иса е блиску според сите предзначи кои се наведени во Куранот... И не негирам дека некоја вера е лажна, само госпд знае што е исправно, а Куранот е господова книга и афтентична е од првиот момент на неговата објава до ден денес, значи не фали ни една буква од оргиналот кој му бил објавен На Мухаммед а.с.
Одбивам да верувам во некаков си Иса...за мене тоа е само Исус,Син Божји кој за нас умре на Крстот,и врз себе ги презеде сите световни гревови... За мене тоа е Исус,Света Троица,а не некаков си Иса за каков што пишува Куранот 6 векови после него... Апсолутна глупост е тоа,и мислам дека подобро би било да се задржевте само на Мухамед,ама не,бидејќи едно чудо нема во врска со него,па ај се што правел Исус ќе му препишуваме на Мухамед,ќе го демантираме или минимализираме вистинското значење на Исус..е нече мочи Подобро и да не бил спомнат кривотворно Исус во вашата Света книга,одколку вака да е спомнат сосема погрешно,пример кај нас воопшто ама воопшто не се спомнува Мухамед.
Се споменува ама никој тоа не сака да го прифати... Во стариот завет на библијата... Па затоа некој измислил нов завет кој не е афтентичен со стариот.. Затоа јас потенцирав дека Куранот е единствена света објава која е афтентична од самото појавување до ден денес.. А тоа е благодарение на Аллах кој ја заштитил од секаква промена а како го направил тоа, на Мухаммед му е објавена и он цел Куран го знаел на памет од точка до запирка..Па затоа од тогаш до денес постојат милиони луѓе кои се викаат Хафизи и го знаат исто така го знаат напамет Куранот, и сите пишани примероци да се уништат, она шти човекот го знае не може да се уништи...
Во Библијата никаде не се споменува за Мухамед ниту во стариот завет, во стариот завет се зборува за доаѓањето на синот Божји, кој што ќе прави чуда и кој ќе биде испратен од Бог да го избави народот од гревовите. Новиот завет не е измислен како што кажуваш и баш е афтентичен на стариот, новиот завет е пишуван во времето на Исус и во него пишува за тоа што Исус проповедал и правел и од тогаш почнува времето да се смета нанапред, додека во стариот завет времето се сметало наназад.
Не,не измислил некој Нов Завет,туку Исус самиот кажал дека не го порекнува тој ни пак уништува Стариот Завет,туку дојден е да го надополни,и тоа само со љубов и правење чуда кои за жал на цел свет им сметаат Не е точно тоа на што алудираш,демек Библијата не е веродостојна и кој стигнал и вршел измени? Можда има минорни разлики во преводите на сите јазици,но тоа не ти дава за право да тврдиш дека само Куранот бил веродостојна книга... И Куранот нели е пишуван и објавен првично на Арапски јазик,и сигурен си дека нема ни една минорна грешка во понатамошни преводи?? Не би рекла.... Нема врска,можеме да се натегаме до утре,на крај секој се држи до своето
Викаш било најавено доаѓањето на синот божји...А кој е тој син божји По што бог е еден , нит е роден , нит родил некого , и нему никој не му е рамен.. Куран -Суре Ихлас А ако Исус бил божји син , тогаш зашто е убиен , зашто бог не го заштитил... Иса / Исус е воздигнал додека сеуште бил жив а човекот кој е распнат на крстот е обичен човек на кој Иса му го позајмил неговиот лик...
Ако одиме со вакви навредливи негирања кон Нашиот Христијански Бог,како што кажав Син Божји и дел од Свето Тројство,да,навредлива е цела таа констатација во Куранот,и упорното негирање на Божествената природа на Исус,а во исто време и Човечката природа,тогаш не ми останува ништо друго освен да бидам дрска и да кажам дека за мене не постои Мухамед,ни Ислам,жалам ама во новотарии не верувам,не верувам во измислена 6 вековна вера после Исус,која пази тврди дека тој е некаков си Иса
Не ми се верува какви глупости пишуваш, во Библијата Бог е претставен во 3 лица или Светото Тројство. Бог (таткото) Исус (синот), Светиот дух и во една целина се е Бог тие 3 не се делат никогаш. Бог не е ниту роден ниту родил да, но БОГ Е СОЗДАТЕЛ И СОЗДАЛ. Не бил заштитен бидејќи таткото го жртвувал синот ЗА НАС, за нашите гревови да бидат простени преку неговата жртва. Откако Исус умрел на крстот потоа ВОСКРЕСНАЛ и со тоа докажа дека е СИН БОЖЈИ, самото воскресение кажува дека Исус сеуште е жив и покрај таткото, а тоа дека повторно ќе се врати на земјата го пишува и во Библијата, за тоа си во право.
Веруваш во Џизс, Исус, Хесус? Дојчланд, Германија, Немачка? Аман, превод е на истото име. И не е само тоа, Мерјем - Марија, Јусуф - Јосиф итн. Исто како што Џон и Јован е исто, и Питер и Петар, итн. Не е тоа суштината на разликата. Иса си е Исус, на Арапски.
Imas mnogu prashanja a i ne dorazbiranja Molimte procitaj edno zitie od svetoto pismo, kratko e. I ke razberes koj bil Isus.
Знам дека е на Арапски де.Исто знам дека и Алах на Арапски значи Господ. Но поентата ми е друго,не спорам само за името,ами општо за се што кажа членот,кој патем упорно негира дека Исус бил Божји Син,и упорно ја негира неговата Божествена природа,тропа глупости како друг умрел на Крст место Исус и како Исус ќе владеел на земјата 40 години како Цар земски и ќе го уништел КРСТОТ, и ред други небулози,ете затоа се бунам а не за зборчето Иса
Божјиот син е Исус бидејќи е Испратен од Бог за да ни посведочи неговиот Реч, односно да биде распнат и да воскресне како што билопосведечено од неговите апостоли. Да точно е дека е воздигнат на небото.И во новиот заветго пишува.
Во многу средновековни книги се пише за Мухамед дека бил пропаднат кардинал кој сакал да стане папа и си создал своја религија од кога не му успеало првото. Дека бил голем пијаница и кога паднал затоа што бил пијан го изеле свињи, па така умрел, и затоа муслиманите не јадат свинско и бегаат што подалеку од алкохол.
Еве јас го немам прочитано куранот и не кажувам како тебе тоа е вака или така, бидејќи незнам, а ти тврдиш многу работи дека се пишани во Библијата а ја немаш прочитано, како може така. Прво биди сигурен во нешто па после тврди.
. Ubavo e da se procita sekoja kniga, pa sto da ne I Kuranot pa I za Budistickoto ucenje. Ama ti uporno prashuvas isti prashanja zatoa ti rekov da procitash. Mozebi ke ti se razjasni nesto togas. Tuka ne sme za da se navreduvame, sekoj veruva vo toa sto saka.ama ne mozime da plukame po tugjoto samo zatoa sto nesakame da go prifatime.
Тебе може да не ти се свиѓа како исламот го толкува животот на Исус, и тоа е во ред. Ама не е убаво да кажеш дека "тропа глупости" оти колку што ти си веруваш во твоето, толку и тој во неговото. Ако јас искрено ви кажам што мислам и за твојата и за неговата религија, ќе ве навредам и двајцата. Едно е да зборуваш за РАЗЛИКИТЕ а сосема е друго да навредуваш некого оти има поразлична вера (и верба) од твојата. Едит: само некој што зборува Арапски може да го има прочитано Куранот. Нема ниту еден "точен" превод и се' се коментари или пак прераскажувања на другите јазици. Доста имам прочитано, а исто и Библијата - официјалната на МПЦ, иако различни деноминации на христијанството и различни преводи имаат. Така што "иди прочитај Куран" е баш без врска аргумент, пошто прво треба да научиш Арапски, а ни самите муслимани на овие простори посебно не го знаат, ретко кој. Секој си го читнал своето и се инаетите, затоа @EvAngelos во суштина ми е најинтересен за читање на темиве, ако ич не се согласувам со него, ама барем знае за што зборува.
Ако играме на карта за култура,и јас бев културна се до последното мое обраќање кон членот,кај што му реков дека тропа глупости,од такт ме извади,и сеуште стојам на тоа дека тропа глупости упорно и упорно. Јас се сложувам секој дека има право да верува во што сака,патем позната сум како хардкор православна верничка,и да,не негирам дека сум дошла до судир на ставови со неистомислениците,но никогаш не сум тврдела небулози како дотичниот член од погоре. Немаше потреба од адвокатски пристап,ама нејсе Овде секакви навреди се испишале,а ти се фати за мојата "навреда"-да не тропа глупости??
100% сигурно? Ма дај... демек Библијата не е Господова книга па 6 века подоцна се појавува таа вистинската, објавена во пештера и толкувана само за корист на мажите. Кој господ е тој да дозволи жените така да бидат измачувани и малтретирани? Зар смее такво нешто да дозволи?
Имај во предвид дека во тој поглед Библијата не е многу „поназад„ (каменување, омаловажување и тн.) особено стариот завет но и Павле во Новиот. Секој треба да си измете во сопствениот двор, да ги раздвои Божјите пораки од човечките представи и влијанија. Впрочем за тоа говореше Исус во споредбата со раската и кладата во окото - пред да му префрлиш на другиот ти вака ти така, да погледнеме како стојат кај нас работите.