Да ама жените не се смртно казнувани со камења, ниту пак камшикувани... многу од жените во тие земји се борат за да добијат права. Не можеш да правиш споредба. Види дека тоа се уште се применува во секојдневието.
А да, потполно ќе заборавев... какво мислење имате вие атеистите за телата на светците кои не се распаѓаат со години, чии тела изгледаат како да спијат без користење на никакви средства за нивно одржување. Што вика науката за тоа? Какви критики имате во поглед на тоа? Ама пази, тоа се луѓе кои целиот свој живот го имаат посветено на Господ, кои биле прогонувани поради нивната љубов и вера кон Господ. Зошто баш тие? Хм?
Епа најди и прочитај. Баш ме интересира какво мислење и критика ќе имаш за тоа? Свети Василиј Острошки во манастирот Острог? Општо за едно лице да се именува како светец мора да се види неговото тело... Или не е вистина додека не видиш некој светец мртов?
А ти какво мислење имаш за вонземјанинот што ми слета вчера во двор? Најди и прочитај и баш ме интересира какво мислење ќе имаш. Мене од целава работа само ме интерсира, ако беше вистина дека Бог им ги зачувал телата бидејќи се светци (а не е вистина), тогаш зошто би го сторил тоа? Нели целата работа е дека ќе заминат во рајот, а нивните земни тела се небитни? Зошто Бог би им ги чувал земните тела?
Можеби Господ им ги зачувал земните тела на светците за да ние верниците имаме корист од тоа? Иако сме во постојан судир на мислења и интереси, ајде да не замижуваме на тоа колку не само православни верници, ами и луѓе од друга вера често одат по Цркви и Манастири каде се изложени Светите Мошти на светците за да бараат лек и утеха за своите маки (ќе ве замолам да не се исмејувате, ако за тебе Лела или за другите, е смешно, суеверно, за нас не е, и тоа е тоа. Членот @ynboo Коректно си праша за мислење, нема потреба од споредби со вонземјани Значи да , телото на Свети Василиј Острошки е изложено во манастирот Острог, имав чест да се доближам до неговите свети мошти, исто и во Истанбул сум видела свети мошти во Вселенската(Цариградска)Патријаршија, и тука во манастирот во Рајчица и Свети Јован Бигорски, како верник ми е голема утеха тоа, не планирам да изигрувам физичар или хемиско-биолошки лаборант да мислам или испитувам дали се балзамирани или слично...бидејќи чувствувам и верувам дека не се...
Затоа што се водат по друг календар. За нив нова година почнува со одбележување на хиџрата (миграцијата) на Мухамед од Мека во Медина. Бидејќи тој календар е лунарнен (се потпира на месечевите мени) исламската нова година може да се падне во различни месеци, зимно или летно време. Она што за повеќето луѓе значи дочек на Нова година, почнало како верски празник во христијанскиот свет - 31. декември Св.Силвестер во католичкиот свет. Со тек на време станал световен празник, особено во некогашните земји со комунистичка идеологија, па испаѓа недоволно јасно дали е тоа световен празник (прифатлив за муслиманите) или е верски но не исламски. Независно од ова има муслимани кои ја слават Новата година, ама обично тие се декларативно муслимани, но не се замараат со верата.
Edno prasanjee, bev izlezena so musliman dali e toa grev?I dali e grev da si ti hristijanka a toj musliman i da ste vo vrska?
Грев е да се сакате а религија да ве раздвои Уствари 16 години имаш. ПАМЕТ ВО ГЛАВА СО СЕКОЈ И ХРИСТИЈАНИН И МУСЛИМАН И СЕКАКОВ.
Грев е Библијата јасно потенцира дека не треба да се стапува во врска/брак со неверници можеби ќе задоволиш телесна желба но подоцна ќе те натера да се откажеш од верата и од Исус Христос кој е откупител на нашите гревови и единствен пат до Царството Небесно. Ако си вистинска христијанка размисли дали би го трампала Бог и вечен живот со минлива земна страст
Грев е,бидејќи не сте од иста вера ,не верувате во исто,постои и можност да се откажеш од верата и да преминеш во ислам.Размисли добро пред да почнеш нешто сериозно со него,не дека не успеваат врски со партнер од друга религија ама ретки случаи се тоа.
Разликата помеѓу христијанството и било кој друга вера е тоа што христијанството нуди спас и вечен живот во рај..
Надвор од темата Дали имате слушнато дека како ако ја прочиташ библијата,животот ти се менувал на подобро? Ја моментално ја читам И комшивка ми ме виде пред некој ден,и ми го кажа ова,дали е вистина бог знае...
Може, но и не мора да значи. Тоа не е магична книга и од кога ќе ја прочиташ да ти се деси само бум, и животот нова димензија ти добива. Мислам може да биде така, ама само ако не ја читаш како обична книга, ако ја земеш и читаш онака само како обична книга едно нема ништо да разбереш, затоа што доста од приказните користат параболи и работи што пример нас ни немаат смисла некогаш и може да е збунувачки. Библијата се чита од срце, ама оноа длабоко да се поврзеш, и молитва постојано.
Зависи од тебе, на кој начин и со која намера ја читаш. И да ако читаш со разбирање доста ќе почне да ти оди на подобро живот, ама не поради тоа што би добила награда затоа што читаш, туку затоа што после кога ќе прочиташ поголем дел од библијата ќе ти се смени начинот на кој гледаш на светот, размислувањето, навиките. Јас од скоро читам и можам да ти кажам дека доста почнувам да се менувам, многу повеќе се каам за грешките сега отколку порано, наместо да плачам и да велем зошто јас кога ќе ми се случи нешто лошо, продолжувам со животот и се трудам понатаму затоа што знам дека до а нешто поубаво.. Мој совет ти е почни прво од новиот завет, стариот е многу потежок да се разбере, плус ние сега се водиме според новиот завет. Од стариот можеш првата книга "Создавање" да ја прочиташ интересна е како приказна.