Разлики помеѓу исламот и христијанството

Дискусија во 'Религија' започната од RainBow, 26 февруари 2010.

  1. makakosi

    makakosi Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Машки
    Ќе пишам од мое досегашно искуство, од муабети со христијани и од луѓе што ги пратам од христијанскиот свет.

    Библијата е концентрирана вистина, значи го содржи тоа што е најосновно што треба да го знае еден христијанин. Библијата е доволна за спасение.

    Библијата се чита нонстоп, секојдневно по можност. После неколку читања, добиваме духовни очи, започнуваме да забележуваме работи кои претходно не сме ги забележале, а се многу важни.

    Пример, во Библијата има околу 63 000 и 65 000 крос референци.

    Ако човек ја чита Библијата а не оди во црква да го живее тоа што го чита и да е дел од црквениот живот, тој човек не може да е христијанин. Читањето Библија те прави верник колку што и стоењето во гаража те прави кола. Така да треба и двете работи - и да ја читаш Библијата и да одиш во црква.

    Јас на пример ја читам Библијата ама немам црква во близина и за брзо планирам да се преселувам најмногу поради тоа.

    Поздрав
     
    На eliesaab, Peppa Pig и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  2. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Машки
    Ништо не мора за да се спасиш доволно е да ја следиш библијата, а одењето во црква и било што друго поврзано со верата го правиш од што сакаш ти така.
    Во библијата се вели (цитирам со свои зборови) : "Спасени сте благодарение на верата ваша и тоа не е од вас, подарок од господ е, не од делата никој да не се фали" (Овој стих кажува дека ништо друго не ни треба само навистина да веруваме на Исусовата жртва), "Верата без дела е мртва" (овој стих кажува колку и делата се важни, ама едно без друго не оди)
    Сега незнам који се ови стихови точно ама немам време да ги барам ама може да се види дека спасувањето е преку верата и благодарение на тоа што ти веруваш ќе правиш добри дела за да ја поткрепиш таа вера, плус едно без друго не оди.
    Џабе ти е тебе читање библија и одење во црква, молитви, славење празници, ако немаш вера во Исусовата жртва.
     
    На Peppa Pig му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.326
    Допаѓања:
    9.386
    Пол:
    Женски
    Тука си во многу голема грешка, молитвата е главниот клуч на целата вера.
    Тие работи сите одат заедно рака под рака. Вера, молитва, покајание.


    Филипјаните 4:6
    Не грижете се за ништо, туку во сѐ преку молитва и молба со благодарност изнесувајте ги пред Бога своите барања

    1 Солуњаните 5:17-18
    [17] Молете се непрестајно! [18] Благодарете за сѐ, зашто таква е волјата Божја за вас во Христос Исус!


    Матеј 21:22
    [22] И сѐ што ќе побарате во молитва, ако имате вера, ќе добиете.“

    Марко 14:38
    [38] Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение. Духот е бодар, но телото е слабо.“
     
    На Mr.Limonko, Peppa Pig и Freedom Fighter им се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.247
    Допаѓања:
    4.305
    Види мој потпис. Не е ни до читање списи ни до посета на верски објекти, туку до примена на Христовата етика во секојдневието.
    Исус рекол дека практицирањето на неговото учење (беседа на Гората) е она што е битно, а не читање на Библија или одење во верски објекти. Дека е верата таа која спасува, е лага која ја подметнал Павле кој не го познавал лично Исус Христос. Да беше до верата,досега покрај толку ревносни христијански (и други) верници светот ќе беше спасен и не ќе изгледаше вака трагично надвиснат над бездна.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Freedom Fighter

    Freedom Fighter Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2025
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Машки
    Како што се приближуваш кон Бога неизбежно ќе имаш период кај што ќе бидеш нападнат од демоните а и самиот сатана ќе те шејма и искушува но со истрајност и молитва ќе го надминеш тој период кој е долг и до крај е.
    Со бдеење над Светото Писмо и молитва упатена кон Бога многу е полесно справувањето.

    И да, верата е доволна но вистинската верба во Бог го вдомува Светиот Дух во нашиот храм а Тој само добри плодови произведува а од таму и делата не може да бидат лоши.
     
    На Mr.Limonko и Wideperpetual им се допаѓа ова.
  6. makakosi

    makakosi Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Машки
    Луѓе, не е темата за ова, ама ајде штом почнавме

    Без одење во црква на ЛИТУРГИЈА, залудно е се. Како ќе живееме христијански живот ако не сме поврзани со Христос, ако не одиме во Неговиот дом и се поврзуваме со него?

    Точно е дека прво се почнува со ВЕРА, со верување во Него, а самото тоа подразбира одење во црква.

    Читањето на Библијата без одење во црква и без да сме дел од црковниот живот е џабе.

    Од сите православни свештеници што ги пратам, сите го велат истото - СЕ' почнува со одење во црква. Таму човек почнува да се менува. Џабе е само читање на Библијата. Нема тука remote опција.

    Значи ако сакаш да веруваш, ако избериш да веруваш, одењето во црква е составен дел од тоа.

    Нормално одењето црква е залудно ако не пробаме да живееме христијански и да почнеме да се менуваме самите себе. Тогаш сте во право, одењето во црква само по себе ништо не менува. Тоа е исто како да одиш во теретана а јадиш ѓубре.
     
    На Mr.Limonko и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Машки
    Точноо се согласувам, ама спасени сме благодарни на верата, се друго правиме затоа што веруваме.
    Да ама од кај ќе знаеш за неговото учење ако не ја прочиташ библијата, да можат и други да те подучуваат ама во денешно време најубаво е сам да си провериш.
    Во Библијата си пишува дека ќе се спасиме со второто Исусово доаѓање, а ќе познеме дека доаѓа тогаш кога страдањата ќе бидат многу поголеми од тоа што се денес.
    Ова сакав да го кажам, некој го кажа на поубав начини.
     
    На Freedom Fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Машки
    Точно мора од некаде да почнеш за да стигнеш до тоа да знаеш се зошто и како.
    Поентата ми беше дека не е вистинска вера само одењето во црква, или славењето празници, пост ако не знаеш зошто точно така се прави.
    И ако веруваш дека си спасен благодарение на тоа што одиш во црква и што си категоризирани како христијанин.
    А дека мора од некаде да почнеш да мора, а и некогаш тешко е некој сам да ја разбере Библијата.
    И литератургијата е преубаво нешто, одењето во црква, Исус вели "Каде што двајца или повеќе се собрани во мое име таму сум и јас со нив" и плус многу му значела црквата.
     
    На makakosi и Freedom Fighter им се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.247
    Допаѓања:
    4.305
    Да, повеќето луѓе дознавале од Библијата, но Христос за луѓето на денешното време (кое е воедно и време на крајот) ја има дадено својата објава „Ова е Мојата Реч Алфа и Омега„.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  10. diskreten32

    diskreten32 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    3.066
    Пол:
    Машки
    Odenjeto vo crkva ili dzamija ne te prai pobozen toa da znaete . Dzabe odis vo crkva ili dzamija ako nemas pojma od verata .
     
    На Лејди Гага и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  11. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    688
    Пол:
    Женски
    Така е(y)(y)
     
    На diskreten32 му/ѝ се допаѓа ова.