1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлики помеѓу исламот и христијанството

Дискусија во 'Религија' започната од RainBow, 26 февруари 2010.

  1. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    Ислам vs Христијанство

    не сум ни за христијанството ни за исламот. Според мене религија како религија сите се исти
     
  2. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Ислам vs Христијанство

    Жената има највисоко место во исламот ... а тоа што било дискриминирано врска нема ;)
     
    На Elmedina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Ислам vs Христијанство

    Можеби ми е малку глупаво прашањево ама сепак ќе прашам.
    Ако двајца од различна вера се во врска/брак прават грев?
    Таквата врска се смета за грев или не?
     
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Ислам vs Христијанство

    Припадноста на било која вера ја изразуваме со тоа што се венчаме,крстиме итн во црква,џамија итн,е сега ако се двајцата од различна вера ово е невозможно така да според светите книги е грев.
    За да те венча поп во црква треба и двајцата да се православни.
    За да пее оџа треба и двајцата да бидаат муслимани.
     
  5. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    Ислам vs Христијанство

    во една куќа 2 вери не бива
     
    На Kika30 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Ислам vs Христијанство


    Јас како што знам во секоја вера е грев ... :)
     
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Ислам vs Христијанство

    А што напишав јас :?: Под светитe книги јас колку што знам се подразбира множина ;) Значи и Библија,Тора,Куран итн...
     
  8. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Ислам vs Христијанство

    Според мене то не е грев, ако се сакат нека бидат заедно дали биле венчани од поп или оџа не е битно, ни регистрирани нека не се ако му е убо и ако се сакат, грев е ако си ја лажи некој сопругата со друга или обратно без разлика од која националност се, ако нема љубов џабе е, та гревој секој ден сите прајме, ако е така до сега сите требаше да не нема.
     
    На TammyDeyn му/ѝ се допаѓа ова.
  9. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.516
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Ислам vs Христијанство

    Според мене, двајца луѓе ако се сакаат доволно и искрено, нема да им пречи што двајцата се од различна вера, животот е ист дали е таа албанка турчинка или македонка, тој ја избрал неа, а не нејзината вера. Мислам не гледам тука никакво значење на верата, е сега таа ако доволно го сака ќе сака да ја промени верата, т.е. да ја земе неговата.Сметам дека е сосема е ок, бидејки двајцата не би функционирале доколку секој си ја почитува секој својата вера, својот празник итн. Сите сме исти пред господ.И секако на крај љубовта победува, а не верата!!!
     
  10. malooto

    malooto Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    380
    Ислам vs Христијанство

    Сакав само да искажам мое мислење и се надевам дека нема да навредам.Јас сум муслиманка па сакам да дадам одговор: Да дозволено е мажите да имаат повеке жени бидејки во минатото мажите земале повеќе жени за да тие не залутаат од патот т.е да не се продаваат за пари.
    Кај нас е забранет алкохолот и свинското месо.
    Кога станува збор за свадбата, за женење се гледа каква е фамилијата затоа што еден ден таа жена ќе треба да ги воспитува своите деца па ако нејзината фамилија неа добро ја воспитале така таа ќе ги воспита своите деца.
     
  11. leonidicka

    leonidicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    Ислам vs Христијанство

    јас сум христијанка по вероисповет ама ги почитувам и другите вери. Основното го знам соро од сите најзастапени вери во светот. јас сметам дека бог е еден ама сите на различен начин веруваме во него. и правилата скоро во сите се исти која вера вели убивај, кради и лажи, никоја. Јас имам влезено во џамија( сината џамија во инстамбол) и е ногу поразлично од црква.
     
  12. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Ислам vs Христијанство

    Мене ме интересира (ако може некој припадник на исламската вера да ми одговори) дали е точно дека не се дозволени визуелни прикажувања на Бог, бидејќи тоа може да доведе до идолопокломство? :^) И ако е така тогаш како вие си го прикажувате Бог, веројатно имате некоја замисла :lol:
     
  13. fierce

    fierce Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    179
    Ислам vs Христијанство

    Да точно е, не е дозволено никакво визуелно прикажување на Бог или на Неговите посланици. :)

    Бог не е прикажан визуелно во Исламот бидејќи како прво никој не знае како Тој изгледа. Човечкиот ум не може ни да го замисли Бог бидејќи Тој изгледа поразлично од се што сме виделе. Неговата боженственост не може да биде видена од луѓето на овој свет :)
    Тука можеш да прочиташ повеќе, многу убаво е објаснето: http://www.islamreligion.com/articles/331/

    Строго е забрането било какво визуелно прикажување на Божјите посланици како што сама кажа за да не дојде до идолопоклонство. Задачата на посланиците била само да ја пренесат Божјата порака :) Може да му се молиме само на Бог, само Тој може да ни помогне и да ни ги прости гревовите, не е дозволено да им се молиме на посланиците па затоа се забранети нивни слики со цел да се спречи тоа.

    Се надевам дека сега ти е малку појасно :) Ако имаш уште прашања или не сум објаснила убаво don't hesitate to ask ;)
     
  14. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Ислам vs Христијанство

    не сум верник но луѓето како фиерце(fierce) ме одушевуваат. премногу ме интересираат религиите и многу ми е мило кога муслимани и христијани се разбираат и се пријателски настроени.

    како и саншајн и мене ме интересираат многу работи за муслиманите, и мило ми е што има луѓе кои не го наоѓаат тоа навредливо туку се трудат да ни објаснат најдобро што може а само така ние ќе сватиме и ќе се почитуваме. на факултет минував часови со пријателка прашувајќи ја за сите адети, обичаи верувања зошто тоа така а зошто онака , за сите легенди и приказни, за куранот, за мека итн.

    го изгледав видеото за луѓето од каиро и се наежив и јас. се надевам дека ќе постои почитување на религиите и пред се на луѓето и во македонија за да можеме заедно да работиме и да се заштитиме
     
    На MarchelineAmaru и enca.69 им се допаѓа ова.
  15. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Ислам vs Христијанство

    Zdeavo na site aj i jas malce da prokomentiram na ovaa tema okolu Gospod,Bog Allah. Pa vaka vo islamot kaj muslimanite,ne e dozvoleno da se zamisluva Allah kako lici,toa ne e samo vo muslimanskata vera tuku vo sekoja vera ne e dozvoleno, ke napisam dva citati eden od kuran drugiot od tevrat.(torata) pa vaka Allah kaj nas vo kuranot veli I NIKOJ NE E SLICEN NA NEGO, VO TEVRATOT SE VELI: NEMOJTE VASITE HRAMOVI DA GI PRAVITE SO COVECKI LIKOVI SO COVECKI RACE POTOA DA SE MOLITE NA TOA ZASTO BOG NE E LIK OD COVECKI LIK NITU OD RACE NITU BOG E SOZDADEN OD COVECKI LIK ILI OD HRAMOVI. Sekako deka kako i da go nareceme bog, Allah gospod bog,toj e eden gospod za cel univerum, sekako kaj nas vo islaot isa (isus ne e bog) a nitu vo hristijanstvoto kako toa ? Allah veli vo kuranot Hristijanite velat deka mesihot isa isus e sin bojzi zarem toa ne e odvratno sto go govorat ? dali mu prilega na bog da zema za sebe dete? Slaven neka e gospodar na svetovite toj e cist od sekakvi necistotii sura el tevbe 30. Zarem svarno mislevte sinot mejremov (marijov Sin) bese raspnat na krs? ne tuku taka im se pricini toa bese durg, a zarem Allah ne e moken za sve? toj go vozdigna so telo i dusa nad arsot (nad 7 nebesa) potoa Allah veli vo kuranot vo istata sura podglavje ( i evreijte velat uzejr e sin na Allah od nivnata laga uste sto zemjata ne se raspukala. Sekako deka bog ima oci race i sluh i vid, ova sve Bozji svojstva sto nasiot razum ne moze da go svati nitu da go zamisli boga kako lici, znaci toj ima sve sto nie nemame,kako sto kazav toj ima i sluh vid,govor,oci,ali na nacin na koj nego mu dolikuva na negovata velicina i slavnost. Ako nesto ve intresira povele prasajte mozam da odgovoram

    [mod-kirilica:ep4e29i7][/mod-kirilica:ep4e29i7]
     
  16. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Ислам vs Христијанство

    ИСУС/ИСА, А.С. БОГ ИЛИ БОЖЈИ ПРАТЕНИК


    На ова место ќе се говори за личноста за Исус/Иса, а.с., и исламскиот став за истото.
    Кој, навистина бил, каква била неговата мисија, дали бил само избраник Божји или богочовек од христијанската доктрина.

    Канонскиот и Куранскиот идентитет на самиот Исус/Иса, а.с., на едно место.

    Сликите кои ќе бидат прикажани, на кои наводно се прикажани Исус/Иса, а.с., и Марија/Мерјем, р.а., се од христијанска перспектива, така да ние муслиманите не веруваме дека на нив е вистинскиот Божји пратеник Исус/Иса, а.с., ниту неговата честита мајка Мерјема, р.а., Нам на муслиманите ни е забрането да ги цртаме Божјите пратеници и заради тоа сакам да укажам на тој факт како не би дошло до забуна.



    „Навистина, навистина ви велам: Слугата не е поголем од Господарот свој, ниту пратеникот е поголем од Оној кој го испратил.“ (Јован 13:16)

    Навистина во нашата историја тешко е да се пронајде личност за која повеќе се пишувало до таа мерка како што тоа е случај со Исус/Иса, а.с. Од пред нешто повеќе од 2000 години па се до денес не окупираат бројни расправии и полемики кои се однесуваат на идентитетот на оваа фасцинантна личност.
    Која, навистина била оваа особа, која пред нешто повеќе од 2,000 години дошла на свет на еден чуден и необичен начин? Со самото свое необично раѓање привлекува врз себе огромно внимание и позорност. Бројни групации на сиот глас разгласувале како девицата родила син, додека од спротивната страна почнале да се раѓаат теории дека Исус е плод на прељуба на својата мајка. Несомнено најголема тортура во тие моменти доживеела всушност неговата чесна мајка Марија/Мерјема, р.а., со кое недвосмислено не запознава Куранот. Од друга страна Библијата таинствено ги премолчува овие и некои други настани, иако во нејзините редови се дава да се видат настани со кои не запознава Куранот. Така во Евангелието по Јован (Иван) можеме да го прочитаме случајот во кој Исус води полемичен разговор со Евреите и во кои тие дословно му велат:

    „ ” Ние не сме родени од блудство; имаме еден Татко - Бог.”!“ (Јован, 8:41)

    Спрема тоа овде недвосмислено се одразуваат Куранските преданија за потворувањето на Мерјем/Марија од страна на Евреите, како на пример:
    „И заради нивното неверување и зборовите нивни против Мерјема – клевета голема“ (4:156)

    Само неговото раѓање предизвикало голема забуна меѓу масите, и многу влијаело врз христијаните кои тој чин најповеќе го искористиле како би го обоготвориле својот иден учител. Многумина и денес се повикуваат на овој случај, како несоборлив доказ на Исусовата божественост, иако очигледно забораваат дека самата Библија говори дека Исус не бил уникатен според прашањето на ваквото раѓање. Да се присетиме на кралот Мелхиседека во Посланието на Евреите (Хебреите).
    „ Зашто овој Мелхиседек, салимски цар, свештеник на Сèвишниот Бог, кој го пресретна Авраама кога се враќаше по победата над царевите, и го благослови; кому Авраам му оддели десеток од сè; чие име прво значи „Цар на правдата”, потоа „Цар на Салим” односно „Цар на мирот”, без татко, без мајка, без родословие, кој немаше ниту почеток на деновите, ниту свршеток на животот, сличен на Божјиот Син, останува вечно свештеник. (Евреите, 7:1-3)
    Мелхиседик спрема ова немал ниту мајка што претставува поголемо чудо од Исусовото?

    Неговата мисија и дела која ги чинел како: проживувањето на мртви, лекување на болни, одење по вода и мистериозната смрт и денес кај неговите приврзаници очигледно се најјаки докази за неговата божетвеност. Да ги погледнеме накратко најважните ставки со кои христијанските апологети упорно заговараат Исусова божественост а муслиманите приговараат на нив:

    Христијаните велат:
    Исус е бог, бидејќи е роден на чуден начин, без татко.

    Нашиот одговор е:
    Тоа претставува помалку чудно од Адемовиот, а.с., случај кој е роден и без татко и без мајка. Тоа не е почудно ниту од постоењето на мелеците (ангелите). Па сепак, за нив не тврдите дека се богови. Зошто тогаш и Исус би бил бог?
    Ако пак тврдите дека Исус е бог затоа што покажувал чуда, тогаш и тоа тврдење може да се побие. Вие знаете дека веровесникот Хошеа и жив и мртов проживувал мртви. Неговото проживување на мртви после смртта, почудно е од нивното проживување додека бил жив. Веровесникот Илија, истотака проживувал мртви. Зошто, и нив не ги нарекувате богови?

    Христијаните велат: Дека Исус со пет лебови нахранил 5,000 луѓе!

    Нашиот одговор е:
    Мојсие удрил со стапот по морето, па морето се разделило и низ него се покажал пат кој бил сув и на кој поминал неговиот народ. Потоа на негова молба, од камен потекле 12 извори, по еден извор за секое племе Израелово.
    Покрај ова во Египет покажал 10 чуда на казни на Фараоновиот народ:

    1.Стапот со чија помош покажувал чуда.
    2.Загадувањето на водата и смртта на водените животни.
    3.Наезда на жаби кои се појавиле насекаде, дури и по куќите.
    4.Наезда на уши по нивните тела.
    5.Дамки по лицата и телата.
    6.Угинување на стоката.
    7.Загноени места и чиреви по телото.
    8.Мраз од кој се замрзнале и исушиле овоштарниците.
    9.Наезда на скакулци низ целата земја.
    10.Темница која ги обвила полни три дена и ноќи.

    Христијаните велат:Исус е бог затоа што се искачил на небо!

    Нашиот одговор е:
    Вие верувате дека Илија и Хенок истотака се искачиле на небо. Зошто тогаш не верувате дека и тие се богови?

    Тоа се некои од најосновните докази на муслиманите дека Исус/Иса, а.с., не е ништо повеќе освен Божји чесен пратеник.
    Исусово/Исаово, а.с., раѓање



    Габриел (Џибрил) кој од порано јавил вест на Захарија и Елизабета дека ќе им се роди син Јован, повторно доаѓа и јавува не Марија (Мерјем) дека ќе роди син.

    Библиската приказна ни говори дека Марија била верена со Јосип, но пред да се состане со него, се наоѓа трудна од Духот Свет. Нејзиниот маж Јосип бил праведен па не сакал да ја посрамоти, така да тајно одлучил да ја отпушти. Додека за тоа размислувал во сон му се прикажува ангелот Господов кој му вели:
    „ Но штом го намисли тоа, ете, Господов ангел му се јави на сон и му рече: „Јосифе, сине Давидов, не бој се да ја земеш Марија, својата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух. Таа ќе роди Син и ти ќе Му го дадеш името Исус, зашто Тој ќе го спаси својот народ од нивните гревови.”А сето тоа стана за да се исполни она, што Господ го рече преку пророкот, кој вели: Ете, девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануел, кое преведено значи: „Бог со нас!” .“ (Матеј, 1 :20-23)

    „А во шестиот месец, Бог го испрати ангелот Гавриел во галилејскиот град, по име Назарет, при девица свршена за маж, по име Јосиф, од Давидовиот дом. А името на девицата беше Марија. И кога ангелот дојде при неа и рече: „Радувај се благодатна! Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените!” Таа се уплаши од тој збор и размислуваше: каков поздрав ќе биде тоа? Тогаш ангелот и рече: „Не бој се Марија, зашто си нашла милост пред Бога. И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус. Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Сèвишниот. И Господ Бог ќе Му го даде престолот на Неговиот татко Давид. И ќе царува над Јакововиот дом довека, и Неговото Царство не ќе има крај.” А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа, кога не знам за маж?” Ангелот одговори и и рече: „Светиот Дух ќе дојде на тебе и силата на Сèвишниот ќе те осени; затоа Светото кое ќе биде родено од тебе - ќе се нарече Божји Син. . “(Лука, 1:26-35)
    А во она време излезе заповед од царот Август за попис на сите жители. Тоа беше прв попис, кога Квиринеј управуваше во Сирија. И сите одеа за да се запишат, секој во својот град. Така и Јосиф отиде од Галилеја, од градот Назарет, горе во Јудеја, во Давидовиот Град, кој е наречен Витлеем, зашто беше од Давидовиот дом и семејство, да се запише со Марија, свршената со него жена, која беше бремена. А кога беа таму - и дојде време да роди. И го роди својот Син, првенец, па Го пови и Го положи во јасли, зашто за нив немаше место во гостилницата. А во тој ист крај пастири ноќеваа под ведро небо, чувајќи го своето стадо. И одеднаш Господов ангел им пристапи и Господовата слава ги осветли, па се уплашија многу. Ангелот пак им рече: „Не бојте се, зашто, еве, ви најавувам добра вест, голема радост, која ќе биде за сите народи: зашто денес ви се роди Спасител, во Давидовиот град, Кој е Христос Господ. И ова ви е знак: ќе најдете Младенче повиено, како лежи во јасли!” И одеднаш со ангелот се најде множество небесно воинство, кое Го фалеше Бога, велејќи: ”Слава на Бога во висините и на земјата мир, во луѓето добра волја!” А кога ангелите си отидоа од нив во небото, пастирите си зборуваа еден на друг: „Тогаш, да отидеме до Витлеем и да видиме што се случило таму, за кое ни соопшти Господ!” И брзајќи дојдоа и ги најдоа: Марија и Јосифа, и Детенцето како лежи во јаслите. А штом видоа, кажаа сè што им беше речено за Детенцето. И сите кои чуја, се восхитуваа на она, што пастирите им го рекоа. А Марија ги помнеше сите овие зборови и размислуваше за нив во своето срце. И пастирите се вратија, славејќи Го и фалејќи Го Бога, за сè што чуја и видоа, онака како што им беше речено. И кога навршија осум дена, за Неговото обрезание, Му го дадоа името Исус, како што Го нарече ангелот, пред да биде зачнат во утробата. .“ (Лука , 2:1-21)

    Кога Исус се родил во евреискиот Витлеем, во времето на кралот Херод, од исток во Ерусалим дојдоа мудреци и запрашаа: „Каде е новородениот еврејски крал/ Имено ја видовме неговата ѕвезда на исток и дојдовме да му се покориме.“
    Пред тоа, Херод тајно ги имал повикано мудреците, кога им се укажала ѕвездата, потоа ги испратил во Витлеем да се распрашуваат за детето, како и Херод да би му се поклонил. Предупредени во сонот дека треба да се враќаат кај Херод, мудреците тргнаа по друг пат во својата земја. Тогаш, Херод гледајќи дека мудреците го изиграле, многу се разгневи и нареди да се поубијат сите машки деца во Витлеем и неговата околина, од две години па надолу....

    Во меѓувреме Јосип и Марија и детето побегнале во Египет и таму останале сè до Херодовата смрт. После смртта на Херод тие се вратиле во Галилеја и останале во градот наречен Назарет како би се исполнило она што го изрекле пророците:
    „Ќе се вика Назаречанец.“ (Матеј, 2:1-2)

    Кога е роден Исус?


    Од сметањето на времето по новата ера обично се мисли дека Исус е роден во неговата прва година. Според ова сметање на времето Европските народи се служат од 532 година.

    Таа година монахот Дионосие Мали повикал на сметање на времето според годината на Исусовото раѓање. Меѓутоа, денес е потврдено дека оваа ера се смета по погрешена дата, бидејќи Исус е роден четири години пред оваа дата.

    До овој заклучок се дошло со многубројните споредувања на имињата на палестинските владатели пред неговото раѓање и неговите современици, со римските владатели.
    Отука сигурно може да се установи дека Исус е роден 749 година според римското сметање на времето.

    Својата мисија почнал да ја обзнанува во триесетата година т.е. во 779 година.
    Вистинската година на неговото раѓање била четири години порано, од тоа како што денес тоа се смета. Постојат и други мислења дека е роден околу петтата или шестата година. Некои историчари на коптската црква Исусовото раѓање го сместуваат на 25 декември, што одговара 28 кихек, четвртиот месец од коптската година.
    Меѓутоа, еден египетски муслимански истражувач, професор Мухаммед Иззет ет-ехтави во својата книга „Ен-Насранијјету ве-л-Ислам“ докажува дека Исусовото раѓање било во летен период и да тоа никако не можело да биде во зима. Тоа можело да биде или во месец Август или септември, а никако 25 декември како што тврдат западноевропските христијани, ниту во јануари, како што тврдат источните христијани. Ова свое мислење го темели врз доказите кои ги превзема од изјавите на самите христијански ученици. Овде ќе изнесеме накратко што тој и тие за тоа велат.

    Во своето Евангелие Лука за Исусовото раѓање наведува дека таа иста ноќ во местото во кое Исус се родил, овчарите под ведро небо чувале стока кога им:

    „На еднаш пристапи ангелот Господинов, и сјајот Господинов ги обасја, па многу се исплашија. Ангелот им рече:
    -Не плашете се, бидејќи ви носам радосна вест за голема веселба за сиот народ.
    Денес во Давидовит град се роди Спасителот – Христа, Господин“ (Лука, 3,9-11)

    Спомнувањето на ноќните чувари говори за тоа дека времето било погодно за напасување на стока, а тоа е можно само лето, бидејќи во зимски период во тие краишта опаѓа температурата, посебно преку ноќ. Што повеќе планинските краишта на Палестина знае и снегот да ги прекрие, па ради тоа никакво напасување на стока во тој период не би можело да биде.
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Ислам vs Христијанство

    Заради што тогаш Исусовото раѓање е сместено во зимски период?

    Одговорот на ова прашање го дава епископот Баренз кој вели дека таа дата 25 декември, се совпаѓа со датата на големата прослава која во Рим се организирала по повод националниот пагански празник. Црквата не можела да го укине овој празник, туку го прифатила како народен празник кој оттогаш се прославува како црковен празник.

    После долгогодишни расправии, западниот свет околу 300 година 25 декември го прифаќа како дата на прослава на Исусовото раѓање. Ова мислење на епископот Баренз го прифатила Британската Енциклопедија Champers.
    (Погледнете за тоа на 642 и 643 стр, на Британската Енциклопедија, 5 продолжение, 15 издание).
    Кога цркевите оци 340 година одлучиле да го одбележуваат и прославуваат овој празник, тие со доза на голема мудрост ја одбрале зимската солистиција, бидејќи тоа, како што и порано рековме, во тоа време бил најпознат празник.
    Мислењето дека Месијата е роден во август или септември го прифатила и енциклопедијата Champers. За ваквото мислење се определил и д-р Џон Д. Евер во својата книга “Лексикон на Светото писмо“ под зборот „година“. Професорот Бек еден од коментаторите на Светото писмо, истотака го исклучува можноста дека Месијата можел да биде роден на 25 декември. Оние кои како професорот Бек сметаат дека Месијата е роден во август или септември тоа го одредуваат како 8 година пне а распетието го одредуваат дека било во среда 34 година н.е.
    Вака кажува и Чесниот Куран кога говори дека Мерјема, после од кога го родила Месих, било наредено да се затресе палминото стебло како би попаднале свежи урми. Истотака и било наредено да се напие од потокот кој течел покрај палмата. Пошто во зимски период нема ниту свежи урми на палма, ниту поток, тие можат да се најдат само во летен период.

    Јосип и Марија со Исус се засолнуваат во Египет


    Овој настан го спомнува само Матеј во своето евангелие. Накратко оваа приказна дека на Јосип дрводелецот, после откога Херод наредил во Витлеем да се погуват сите новороденчиња, во сон му е наредено со детето и неговата мајка да се засолнат во Египет. Тие таму останале сè до Херодовата смрт, кога повторно на Јосип му е наредено на сон да се врати дома со детето неговата мајка.
    Кога Херод умира, на Јосип на сон му се прикажува ангелот Господинов и му рекол:
    „Стани и земи го детето и мајката негова та одете во земјата Израелска, бидејќи умреа оние кои сакаа да го убијат детето.“ (Матеј 2,20)

    Јосип го зема детето и Марија и се упатува спрема Јудеа. Детето тогаш имало седум години. Кога дошле во Јудеја и чуле дека таму владее Архелај, после смртта на својот татко Херод, се упатиле во Галилеја, каде останале во градот Назарет, зошто стравувале да останат во Јудеја.

    Кога детето наполнило дванаесет години, Јосип со Марија и детето отишле во Ерусалим по прописите на извршување во Мојсиевата Книга, да се поклонат и помолат.

    Кога завршиле со молитвата, виделе дека детето некаде се изгубило, па помислиле дека со негови роднини се вратило во Галилеја. Меѓутоа, кога се вратиле во Галилеја таму не го нашле, па повторно се вратиле во Ерусалим да го бараат.

    После три денови трагање го пронашле во храмот како со ученици расправа за верозакон. Светот му се чудел како така малолетно и неписмено дете поставува такви прашања.Koга го нашла мајката, го кара што без нејзина и Јосипова дозвола останал во Ерусалим.
    После тоа се враќаат во Назарет каде ќе биде покорен и послушен на ним двајца.

    Овде приметуваме дека во Ерусалим се упатиле после Јосиповиот сон во кој тоа им било наредено, дека после дознавањето дека Хередовиот син Архелај ја превзема власта, да го напуштат Ерусалим и се упатат спрема Назарет, итн...

    Овде се поставува прашањето, како е можно ангелот на Јосип да му нареди да одат во Јудеја, т.е. Ерусалим, кога со неа владеел Архелај од кого стравувале?

    Зошто, тогаш ангелот не им наредил директно да се упатат во Назарет? Ниту едно Евангелие, после овој случај за Исусовиот живот ништо не говори, сè до неговата дваесет и деветата година од животот.

    Каде, тогаш Исус го провел овој долг период од седумнаесест години?
    Некои европски истражувачи сметаат дека он во тој период патувал во Индија ради изучување на будизмот и дека, кога од таму се вратил, почнал да ја обзнаува својата мисија, бидејќи неговото учење за испосништвото, чистењето на душата од гревот и злото во потполност се совпаѓа со учењето на будизмот.

    Тие, понатака велат дека Исус во поглед на поттикнување на дарежливост и возвраќање на добро, како на пријателите, така и на непријателите, отишол и понатака од самиот Буда. Ова е сè што велат европските истражувачи за неговото отсуство кое траело седумнаесет години.

    Како почнала Исусовата/Исаовата, а.с., мисија?



    Куранот не зборува како и каде Месијата почнал да ја обзнанува својата мисија. Меѓутоа, составувачите на евангелието кажуваат дека Јован Крстител (Јахја, а.с.) некое време поминал во пустина живеејќи аскетски живот, после кое се појавува на брегот на реката Јордан , проповедувајќи крштевање во знак на обраќање за простување од гревот.
    Луѓето му доаѓале и тој ги крштевал во реката Јордан, најавувајќи им доаѓање на „царството небеско“ .

    Евреите од Ерусалим му испратиле некои свештеници кои го запрашале дали тој е Илија?
    Одговорил дека не е. Потоа го прашале дали е Месија, па одговорил дека не е. Потоа го запрашале дали е тој (ветениот) пророк.
    Кога рекол дека ниту тој не е, му рекле: „Па, кој си тогаш и зошто ги кршетеваш луѓето кога не си Илија, ниту Месија, ниту ветениот пророк?“
    Инсистирале да им каже.
    Рекол: „Јас сум гласот на оној кој вика во пустината:
    „Направете пат Господинов, порамнете му ги патеките. Нека искривените патишта постанат прави, бидејќи се приближи доаѓањето на царството небеско.“
    (Овие зборови се позајмени од третиот стих на четиринаесетото поглавје на книгата на пророците Изалие.)
    Евангелијата кажуваат дека Месијата дошол кај Јован, дека тој го крстил во Јордан.
    Кога излегол од водата, го видел духот Божји како во лик на гулаб се спуштил на него говорејќи му:

    „Ова е синот мој. Љубениот мој, кого го одбрав!“

    После тоа тој постел четириесет денови во пустината, ништо не јадејќи, ниту пиејќи.
    Кога на крајот од постот почувствувал глад бил искушан од напасникот кој му пријдел и му рекол:

    „Ако навистина ти си Син Божји, нареди да овие камења станат леб.“

    Тој одговорил:

    „Пишано е: Човекот не живее само од леб, туку за секој збор кој излезе од устата Божја.“

    Потоа ѓаволот го запира на врв од храмот и му рекол:

    „Ако, навистина, ти си син Божји, фрли се долу, зошто е запишано: Ќе им се нареди на ангелите за тебе да те носат на раце, да не би удрел со нога во камен.“

    Исус му одговорил:

    „Истотака е пишано:Не искушај го Господарот, Богот свој!“

    Тогаш, ѓаволот го носи на една висока планина, му ги покажува кралствата на овој свет и нивниот раскош, па му рекол:
    „Сето ова ќе ти го дадам ако ми паднеш ничкум и ми се поклониш.“

    Исус му рекол:
    „Отстапи, сатано, зошто е пишано: Само на Господарот свој, клањај се и Нему единствено служи Му!“

    Тогаш, ѓаволот го напушта, и пристапуваат ангелите.

    После тоа Исус дознал дека Јован е убиен па се повлекува во Галилеа.
    Го напуштил Назарет и се населил во Кафарнаум. Од тој час Исус почнал да проповеда:

    „Обратете се, бидејќи е блиску кралевството небеско!“ Тогаш имал триесет години.
    (Погледни, Матеј 4, Марко 1, Лука 3 и 4, Иван 1)

    Околу овој настан Барнаба во своето евангелие вели дека Месијата, кога имал триесет години, отишол на Маслинска гора со својата мајка да бере маслинки.
    Кога стигнале на пладне, му дошол ангелот и му дал книга која Исус ја изел.
    Во тој миг сè спознал. Од тој ден Исус се разделил со својата мајка и почнал да ја проповеда својата мисија.

    Приказната која ја пренесуваат составувачите на евангелието за тоа дека ѓаволот сакал да ги искуша и неговите зборови:

    „Ако ти навистина си Син Божји...
    Н е наведува на тоа да се запрашаме дали Исус пред тоа некогаш рекол дека е Син Божји?

    Ако бил, кога било тоа и како?

    Второ прашање кое овде се поставува е:

    Зошто ѓаволот ќе го искушува кога тој според нивното верување е бог?!

    Мој додаток: Библијата јасно назначува дека Бог не може да се искушува:

    13. Никој кога ќе биде искушан нека не рече: “Бог ме искушува.“ Та Бог не може со зло да се искуша, и он не искушува никого;
    (Јаковлево послание 1:13)

    Спрема тоа ова е јасен показател дека Исус не бил бог, бидејќи гледаме дека бил искушан од “отецот на злото“ – Сатаната.

    Молитвата на Исус

    --------------------------------------------------------------------------------

    Како Исус се обраќал до Бог.Има ли логика некој да го нарекува бог и да го зема за посредник кога и самиот се молел и барал помош од Бог.

    Евангелије по Матеј: 10. Но Исус му рече: <Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: »*На Господа, твојот Бог, да Му се
    поклонуваш и само нему да Му служиш!«

    16. И ете, *еден човек, кога пристапи до Него, Му
    рече: <Учителе добар, какво добро треба да направам за да имам живот вечен?"
    *Марко 10,17; *Лука 18,18;
    17.
    А Он му одговори: <Зошто Ме наречуваш добар? Никој не е добар освен единиот Бог. А ако сакаш да влезеш во
    животот, пази ги заповедите."

    36. Учителе, која
    заповед е најголема во Законот?
    37. А Исус му одговори: <*Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и
    со сета своја душа, и со сиот свој разум;
    *5.Мој.6,5;
    38. тоа е прва и најголема заповед;

    36. *А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, а само Мојот Отец;

    39. И како се пооддалечи малку, падна ничкум; *се молеше и говореше: <Оче Мој, ако е можно,
    нека Ме одмине оваа чаша; но не како Јас што сакам, туку како Ти.
     
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ислам vs Христијанство

    Наместо да правиш разлики како вашиот Бог е Бог а нашиот Исус не е, остави не да си го прославиме Велигден а не да пропагираш вакви приказни измислени од фанатици, а ако си фанатик а не обичен верник тргни се од темава.Од 3те монотеистички религии, најстара е јудаизмот потоа ХРИСТИЈАНСТВОТО, додека Исламот е НАЈМЛАДА РЕЛИГИЈА. Што значи, не можеш на секое лонче да ставаш капаче кога веруваш во религија помлада од мојата и не можеш да збориш како Исус не е Бог кога мојата религија е постара од твојата! Биди барем фер, верувај си во твојот Алах кој јас не го омаловажувам како ти што го омаловажуваш Исус! Верувај си ама не туку пропагирај приказни некои и не се занимавај со Библијата во неа има се што нам ни е потребно, ти занимавај си се со Куранот, со кој ние не се замараме и не бараме работи за кои ќе се фатиме како слеп за стап и доста ти е.
     
    На okcenzi и Elmedina им се допаѓа ова.
  19. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Ислам vs Христијанство

    Аиша ти ја имаш прочитано библијата?
     
  20. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Ислам vs Христијанство

    Ja ne navreduvam nikogo jas ja kazuvam vistinata vasiot bog (isus) toj e moj mesija poslanik kako sto e i muhammed i mojsej i avram i drugite ostanati poslanici.sekoj si ima pravo na svoe veruvanje. jas ne veruvam vo vasiot bog i vie vo mojot nema za sto da se ljutime ako se ljutite ne otvarajte vakvi temi da ve bolat bidejki mene vistinata ne me boli,me boli neviistinata neverstvoto, paganizmot.