1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Различни цени на ист производ поради нееднаквост на квалитет?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од GirlRose, 9 ноември 2019.

  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    26.557
    Прво се извинувам за долгиот и можеби збунувачки наслов.Но,искрено не ни знаев точно во која категорија да ја сместам темава и како да и дадам наслов.
    Темава ја отварам првично поради оваа дискусија која се развила на твитер:
    https://twitter.com/cherga_omnes/status/1193162005135450117
    Имено,цената на ист производ на дезедорансите на Dove/Rexona/Nivea во различни маркети е различна поради потеклото.
    Се мисли дека овие производи се со намален квалитет и се веројатно производ на западноевропски отпад.
    Не е новитет тоа дека во нашава земја добиваме секакви,буквално секакви производи, но со многу различен и покатастрофален квалитет за разлика од поразвиените земји.
    Храна,средства за хигиена,мобилни итн.
    Но,зошто?
    Дали сите „посиромашни“ земји добиваат ваков третман?
    Ако сме сиромашна земја не значи дека ние не сме луѓе и зошто да трпиме ваква тортура.Ова буквално е труење.
    Јас,за ова прочитав првично на твитер.И со оглед на тоа што се случи деновиве со ОХИС верувам дека е точно.
    Дали вие сметате дека тие 50+ денари многу менат во квалитетот или не?
    Јас мислам дека да.Не е толку за парите како што дека е со намален квалитет и со што самите маркети сакаат „да се отарасат“ од производот на нивните полици.
    И,секако дали вие практикувате купување на одреден производ од одреден маркет пошто сте убедени дека таму е производот со најдобар квалитет?
     
    На Shalitra и felisitas им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.915
    Допаѓања:
    32.523
    Пол:
    Женски
    Има вистина во ова. Сестра ми има позната што работи во една наша фабрика. Кажувала дека за во странство ја праќаат поквалитетната роба. Се работи за фабрика за слатки. Се си мислам дека кај носат чкарт роба.
     
    На poppie и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.794
    Допаѓања:
    46.393
    Јас сум приметил дека хумусот и растителните паштети во Кам и ДМ не се исти.
    Не дека е некоја значителна разлика, ама сепак. Можеби и до условите да е.
     
    На theowndemon и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Квалитетот на производот што се прави за западен пазар и за нашиов не е ист, зошто еве не знам. Ваљда мислат дека тука неандерталци живеат па не мора толку да внимаваат на квалитетот шо го пуштаат у оптек
     
    На Lostinparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  5. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    896
    На кој хумус, на тој од Greenfood што го има Кам.
     
    На *Ane* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    10.936
    Пол:
    Женски
    Пишуваше по новините за тоа, нутелата, кока колата,дав козметика, нивеа и речиси се што се увезува, е со послаб квалитет, не само во Мк него и за Србија и Хрватска било исто. Од што зависи дали ќе пуштат шкарт или квалитет не знам. И овде имам видено пример кока кола, увезена од Полска мислам беше, цената и е пониска од др.кока коли.
     
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Има разлика и очекувано е. За наш стандард 700 денари ќе беа дезодорансите што се 150 сега. Разликата не е 50 ден.
     
    На Blue.Sky му/ѝ се допаѓа ова.
  8. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.604
    Пол:
    Женски
    Заради законските рамки, многу едноставно. Послабо контролиран квалитет = поевтина цена на продукција. Да имавме законска рамка за квалитет на производи како ЕУ, производите ќе беа многу поскапи затоа што се царинат а во ЕУ е слободна трговија.
     
    На PaLaVa, elimkd, Anon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    52.565
    Пол:
    Женски
    Купив еднаш Рексона од 99 денари и никогаш повеќе. Исто ко да не си ставил дезодоранс, никаков квалитет. Ќе дадам 50 денари плус за друг барем поквалитетен ќе купам колку толку.

    Катастрофа. Не знам зошто никаква контрола на квалитет не се прави и се продава без разлика дали чинело или не. Колку пати имам чуено луѓе да кажуваат на пример дека "нашите" кока кола или нутела си немаат врска со оние што се продаваат низ Европа. Којзнае колку други неквалитетни производи користиме а не сме свесни, страшна работа. :envy:
     
  10. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Да е само храната со вакво потекло
    Почнувајќи од храна, електроника, гардероба и се останато што се увезува кај нас е со помал квалитет
    За во држави во ЕУ има други правила
    За греота сме (facepalm)
     
    На poppie, темјанушка и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    THOMMY мајонезот на кој НЕј пишува со црвено неколку проценти дека се гратис и испаѓа малку поскап дома ни е повкусен, за разлика од тој со вишок грамажа а иста амбалажа и исти супермаркети.
     
    На cresa-jagoda и marija305 им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.640
    Допаѓања:
    116.333
    Пол:
    Женски
    За кока колата не се согласувам.
    Но,има разлика во други производи.
    Еве,на пример шампониве Шаума.Кај нас има 2 верзии.Има пакувања на кои напред е употребен Германски јазик и пакувања на кои се употребени некои од Балканските јазици.
    Да се праша човек зошто...
    Приметив разлики во Дав дезодоранс купен во маркет(супер) и во Зегин(катастрофа). |(:^):puke::rofl:
     
  13. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Имам приметено дека во Дм многу ги “начукуваат” цените,истите работи што ми се потребни за лична хигиена ги купувам од кам. Која е поентата да купам дезодоранс од дм што е 150 а у кам 90 :D
     
    На 17.06.'15 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Во 2011 користев Памперс за ќерка ми, за најквалитетни, ама кога ми донесоа еден пакет од Бугарија, врска си немаа нашите, бугарските каде каде подобри.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    За производите од ДМ, со германските нема споредба (а таму и дупло поефтини се) парфемите од Зара иста цена овде а помал избор и разредени некако едино кока колата ни е една од подобрите (ова може и до водата е)
     
  16. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.794
    Допаѓања:
    46.393
    Да, хумусот во ДМ има помазна структура, а паштетите поинтензивен вкус.

    За кока кола нели пред некоја година Прилепска пивара доби награда за тоа дека кај нас е најубава?
     
    На cresa-jagoda и nextredstyle им се допаѓа ова.
  17. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Кока колата у Грекос и нашава се небо и земја. Ај тоа донекаде ми е разбирливо, нели Кока кола лиценцира фабрики за производство па може од таму разликата. А коа ќе размислам сеа може истото се дешава и со други производи:wasntme:
     
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.574
    Допаѓања:
    171.537
    Пол:
    Женски
    Кока Колата се произведува кај нас, низ цела МК си е иста.. Мислам дека од регионов имаме најубава Кока Кола..

    Во последниве 2 и нешто години поради близината на Бугарија, претежно од таму купувам Персил, Ариел, Колгејт, омекнувачи а и многу други работи и можам да кажам дека врска немаат со тие во МК што се продаваат. Но сепак мислам дека за нијанса се подобри оние во Грција што се продаваат..
    Последен пат купив Ариел капсули од кај нас и ене ги си стојат..


    Сепак мислам дека производите произведени кај нас се со ист квалитет по сите маркети..
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Зегин и обични аптеки на 50 посто од прозводите и се различни цените по 20 30 денара повеке
     
  20. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    1.144
    Интересна тема, баш мислев на истово со дезодорансите. Има некоја финта во цените ама незнам што е. Пример dove важат за скапи дезодоранси (околу 190 ден) но еве веќе некое време некои од нив ги има за 99 ден. Е сега тоа не е само во Македонија, сум имала прилика да го видам и низ други држави, континенти. Е сега тие што се ефтини имам приметено на амбалажата имаат дополнително знакче, нешто како запаливо дека е. Кај скапиот дезодоранс го нема тоа знакче. И во Еу и Америка сум споредила така да мислам дека веќе секаде има секакви производи и треба да се внимава