Дали имате нешто од Зафон? Ми треба Сенка на ветрот,Заточеник на небото и Лавиринтите. На српски јазик по можност
Имам 6 ама моби и епуб. Пиши ми меил ако ги сакаш така во ПП, ако не почекај да ги конвертирам во пдф.
Фала ти. Ја прочитав Игра на Ангелот и не ми јасно зошто до сега го избегнував Зафон??? Откако ја прочитав книгава вчера,не ми излегува од глава и мислам дека си го најдов новиот омилен автор бидејќи прочитав дека и останатите книги му се врв. Ако кажам дека ме фасцинира,малку е.
Јас сум во љубов со него одамна и мнооогу ме радува што вака се јавуваат нови луѓе фасцинирани од Зафон зашто имам чувство дека луѓево некако го избегнуваат, а немам поим зошто. Маестрален е, да ја прочиташ и Марина ако не ти е читана. Moe омилено дело од Зафон. Еве ги инаку, плус Марина од мене.
Каков жанр е во прашање? Ги имам ама не сум читнала, нон стоп искачаат нови трилери и што побрзо да симнам и прочитам
Фала ти,еве ја Мишела побрза. @Mishela ќе ги прочитам сите,обавезно. А разбрав дека има и некои книги со тематика за тинејџери или сум грешка? Ако има такви да и ги понудам на ќерка ми да ги чита. Трилери,мистерии,непредвидливи,малку морничави,со преубави описи(конкретно во Игра на Ангелот ја опишува Барселона).Кога ја завршив книгата имав и се уште имам прашалници,што ретко ми се случува.
Во принцип мистерии, со елементи на готика, фантазија, малку историска фикција некогаш. Дејствијата се во Барселона и описите на уличките и околината се прекрасни, јас сум ептен заколнат фан, можно е да ти се допаднат, серијалот е навистина солиден. Чекај да редактирам @ph.orhideja, се надевам ќе видиш, во исто време сме пишувале. Марина е дел од тие young adult книги, ама не влегува во серијал, а исто и Полноќна палата, Принцот на маглата, Септемвриски светлини се такви книги за помлади читатели и тие три беа поврзани. Јас мислам дека и тебе ќе ти се допаднат, добри се. П.С. Како не ти текнало порано, во Матица цел јануари беа на попуст сите овие young adult беа по 190 и Лавиринтите беа толку. Другите беа од 250-390.
"Вистинска" книга не памтам од кога немам читано Пред Киндлот на таблет читав. Сега најчесто пиратерија, понекогаш и си плаќам, ама 100% електронски се
Здраво, ми требаат pdf верзии на книги од македонски автори и нивниот превод на англиски, како и англиски книги со превод на македонски. Дали има некој од вас? Ви благодарам однапред.