https://b-ok.cc/ еве одлична страна за симнување книги. Јас најдов доста популарни наслови, па можеби и вие ќе пронајдете нешто.
Не би знаела да ти кажам затоа што јас тие што ги барав и разгледав беа на англиски, но побарај, можеби има и на други јазици. И уште еден совет - регистрирајте се, бесплатно е патем, и ќе можете да симнувате до 10 книги на ден. Инаку мислам дека без регистрација е 3 книги на ден (секако се многу, секој ден по 3 книги, ама штом не кошта ништо самата регистрација, зошто да не).
Екстра е странава. Да, ако се регистрираш можеш да симнеш до 10 книги дневно, како гостин само пет. Има на повеќе јазици, доминира англиски, ама зависи и кој е мајчиниот јазик на авторот. Има и на италијански, германски, француски... Јас Каризи конечно го најдов тука. Па да видам што толку го фалат. Иако си најдов и книги што со години ги барам, книги кои веќе не се печатат. Класици еден куп. За мерак!
Каризи ми е омилен, скоро си ја комплетирав целата колекција од она што е преведено на македонски јазик но да знаеш дека ми даде супер идеја да му ги побарам останатите книги. Знам дека има напишано уште неколку романи кои не се дел од серијалите со Мила Васкез и Маркус и Сандра па ми текна да ги побарам баш нив. Исто ти препорачувам да го ѕирнеш Себастијан Фицек. Сигурна сум дека ќе најдеш нешто од него на англиски. Ми дојде идеја и од него да си побарам некоја книга освен оние што ги имам прочитано на македонски (а тоа се сите негови преведени досега , навистина ми се допаѓа како пишува, има некои несоодветности на кои сум наишла, или премногу преувеличено, ама во целост е многу квалитетен автор во споредба со многу други автори кои пишуваат трилери).