Ја видов на страната што ја споделив неколку мислења погоре, но мислам само на англиски. Провери си сепак.
Те прочитав за Каризи, а освен Шепнувачот друго не сум читала. Мислиш има онлајн некоја друга негова на македонски плус? Предобар е и во еден здив му ја прочитав таа. До сега немав за ништо, а сега имам време колку сакам.
На македонски не верувам искрено да има, ама може да ги има на англиски. Провери си. Еве ја страната пак https://b-ok.cc/
На сакам книги најдов од Себастијан Фицек што го препорача. Ќе купам и ќе го пробам него, ми се допадна тоа што прочитав...
Би ти ги препорачала и Б.А.Парис, Катрин Крофт, Џ.Флин, Алиса Фини. Има преведено нешто од нив на македонски, а има доста книги од нив на страната исто.
Ја видов и во претходните постови, ама не можам на англиски да читам. Нити на српски. Во книга уживам и си сакам џвакана да е . Еден збор на анг да мора да го преведам и да не го разберам одма ќе се изнервирам. Фала ти за писателиве. Ќе ги разгледам сите и што најдам на мк ќе испосимнам, што не ќе купам хард копи со достава. Тенкс
Што ме тераше да ја отворам темата, ја симнав Ja, Pink Panter од радозналост и ја прочитав во еден здив! Дали некој го има вториот дел, плииис
Дали има некој книги на српски,хрбатски или македонски од Аара Џио Џоџо Мојес Али Маетинез Лорен Лејн Памела Клер?
https://b-ok.cc/ побарај на странава, мислам дека ги има сите на англиски, а можеби и на српски. Патем ти препорачувам да ги читаш како што се според серијалите - има два серијали - еден со Мила и еден со Сандра и Маркус, Шепчнувачот е првата книга од серијалот со Мила Васкез. https://it.wikipedia.org/wiki/Donato_Carrisi тука ги имаш насловите според серијалите, само ги пишува на италјански па ќе треба да ги побараш на англиски или српски како се викаат.