Ајде да пробаме со темава. Општопознато е дека најмногу размислуваме ноќе, пред да заспиеме. Дали тоа е случај и со вас? Ако е, тогаш - за што размислувате? Дали од премногу мисли не можете да заспиете или тоа е само ваш обичен, секојдневен ритуал, нешто без што не можете да се опуштите и заспиете?
Јас секој ден така од размислување ќе останам до 6 наутро будна, што не е добро највеќе размислувам за животот по натаму зошто како одат годините така се повеќе проблеми , размислувања итн.. и многу сум паничар и размислувам длабоко мн. и највеќе кога се бањам имам такво размислување случно на пред спиење Ви посакувам кој било да има таква навика само на добро да е
Ако не си подразмислам малку за животот и за луѓето што ми се врткаат во него пред спиење мислам дека не би можела да функционирам. Многу размислувам, најмногу кога сум во купатило и кога се туширам и пред да заспијам. Најчесто размислувањата ми се базирани на она што очекувам дека ќе се случи. Многу ме интересира како ќе биде во иднина и мислите цело време ми се насочени кон личности што ги сакам и како јас и тие ќе функционираме во иднината. Кога сум изморена мислам онака ептен малку, па веднаш заспивам. Некогаш ми се случувало по цели саати да размислувам па да се форсирам бавно да бројам за да заспијам
Ноќ штом падне, се што потиснувам преку ден и пред други навечер избива и не можам да спијам. Развивам глупости што од минато што од сегашност, некогаш страдам од несоница. Со исклучок синоќа сум легнала сум заспала плачејќи ама затоа се разбудив во три со температура.
Да ти кажам доколку би имал избор, би одбрал цела ноќ да мислам на глупости, отколку вака. Кога ќе ми се приспие не можам да се контролирам. Се чувствувам, а можеби и сум зависник од спиење. Ако постои нешто вакво.
Нешто омилено во последно време. Обично си водам замислени дебати,со личности на кој имам многу што да им кажам,а немам начин како. Или имам начин,немам храброст,а имам гордост. Мозоков толку многу ми е креативен баш во таа,пред заспивачка фаза,и често се прашувам каде ми биле сите овие продуктивни мисли,идеи,настани во текот на целиот ден.
Ооо, every single time Си помислувам на разни зборови и реплики што сум можела да ги кажам во разговор или што во тој момент си велам дека ќе ги кажам во следниот разговор со истата личност (што скоро никогаш не се случува ), па ми текнува на разни моменти од минатото што ги анализирам (или пак во најлош случај ќе ми текне и на некој рандом еmbarrassing момент ) и најубавиот дел - фантазирање за идеални моменти во иднина
Баш ми е жал... И јас сум таков, само што, откако заспијам - не се будам во текот на ноќта. А мнооогу тешко заспивам. Жива среќа сега малку се средив, до пред две недели бев буден до рани зори а дење спиев до ниедно време. Се` тоа од премногу мисли низ главата, разноразни... @Ketchup Верувај не е интересно... Или, можеби е, ама кога човек може да се контролира. Вака...
Размислувам, навечер посебно за се и сешто. Смислувам решение на одреден проблем, кои поинакви зборови требало да ги употребам при разговор со некој, ситуации што би било кога би било, зошто одредена девојка не можам да ја имам и сл. До 3 h размислувам, дури и од 21h ако легнам.
Татко ми често ми го поставува ова прашање. Секогаш кога ќе погрешам и ќе потфрлам некаде и за нешто,ми вели легни си и со ладна глава размисли за се,не само да се наспиеш убаво А јас пак,мислам и тоа многу пред да ме фати сон ќе се опседнувам со работи од минатото,ќе се каам,ќе се измачувам за направени работи,за избрзани одлуки,или пак за нешто што требало а не сум го направила навреме. Потоа тука е и сегашноста,ќе ковам планови,ке смислувам нешто..па за секунда ќе одлетам во иднината и така
Можеби е добро да се размислува со ладна глава, не велам не, само... Некако не ми е океј да се масираат мислите пред спиење. Па нели е тоа дел од денот кога треба да се опуштиме и да заборавиме на се` ? Тогаш, зошто БАШ тој период го одбираме за размислување? Не можеме ли така да функционираме дење, кога би легнале да одмориме попладне? Или, ноќта има некаква моќ Сонот е единствениот лек, рекла еднаш во еден свој стих Винокуќа...
Некогаш размислувам многу но некогаш сум премногу уморна и веднаш заспивам. Во последно време се случува ова второво. А тогаш кога размислувам, најчесто размислувам за она што во изминатиот ден се случило, анализирам но и мислам што поинаку сум можела да кажам или направам. Обавезно си мислам и кога треба да станам и колку време имам за спиење. Ретко некогаш си правам и филмчиња некои, си редам некои посакувани но далечни сцени во глава. Ако сум заљубена мислам на него, тој ми е и последна мисла навечер и прва наутро.
Размислувам и те како...увек е: како да престанам да размислувам. Заспиеш едвам у три, четири. Си станеш пред шест, фино лепо,свеж,наспан и кај 10 веќе си овенал.
Мене секоја вечер ми се случува. Многу размислувам за се и сешто. За животот понатаму што ке биде... Овие денови главата ми е оптеретена со еден испит чекам рез и цело време мислсм на тоа дали ке положам. Дури сум и мн нервозна едвај чркам да излезат рез..
Јас неможам да запијам ако не размислувам, некогаш за убави, лоши работи ама важно мора да се размислува така побрзо заспивам. Некогаш кога сум многу уморна доволно е само да ја ставам главата на перницата и веднаш заспивам.
Физички ако сум уморна, а психички растеретена спијам како маче ама ако имам некој проблем, спијам убаво откако ќе реши. Ако некогаш пред да легнам правев распоред што како наредниот ден, сега легнувам и станувам со едни мисли ... ментално премногу се фокусирам на ... да речеме проблемот ... не знам да се откажам, може пауза и ко бајаги се е ок и после пак со нови сили, нема мир додека не се реши. Некогаш не можам да спијам, неколку саати само (се чудам некогаш како функционирам) ама кога ќе се реши, куфер, не можам од дневна до спална да отидам хаххаха