Ах, понекогаш ми поминува целиот живот пред очи, и што треба и што не треба, па ќе се изнервирам, и толку од спиењето... Понекогаш, по неколку часа спиење, ќе станам по вода или до ве-це, и пак истото, од нигде никаде - думај три саати, па преморена ќе заспијам, и ќе спијам до доцна... А неколку пати годишно, намерно размислувам за лошите искуства, за да си ја исчистам душава, и за некое чудо, заспивам ко бебе...
Еве ме, еве ме! Реков јас дека ништо од бизнисот нема да се случи вечерва )) Каква медитација какви бакрачи... Ококорен сум стотка! Хах... Хиперактивен левел утре ќе правам свадба. А, што е најстрашно, треба рано да станам. Тогаш највеќе се нервирам, оти знам дека ќе се разбудам ненаспан (со 3-4 саати спиење само) и после цел ден ќе бидам како був, ќе ми се спие... Тоа е.
Не само пред спиење, преку цел ден.. Единствено најмирно спијам кога ќе добијам вест дека некому му тргнало конечно во животов покрај еден куп нервози. Кога станува збор за размислувањето, секогаш ме караат. Демек премногу: анализирам, се замарам за некој кој не би му текнало на мене. Совет добивам често: да бидам себична и да не се замарам. И така, пак не спијам ноќе.Ко ме фаќа несоница.. Секој со своето.
Јас изморен сум, од 20:00 ми се спие и еве ме - очите отворени и денгубам. Страшнo. И само мислам, нон-стоп, де ова де она де вака да онака. Се` живо ми минува низ глава. Ама се` !
Легнувам во кревет околу 3, заспивам во 7..Па сега вие видете колку јас размислувам Најчесто за работи кои најверојатно нема да се случат, ама убаво е да си фантазираш, а и секогаш го сонувам тоа за што размислувам па зошто да не Исто и за некои проблеми кои мнооогу ги преувеличувам и одам многу далеку, па размислувам што ако биде вака, што ако биде така и ете ти дополнителен проблем Така да во тие 4 саати размислувам за се и сешто, уште за имево како ќе го решиме со Грција немам размислувано
@theunforgiven знам како е често се мачам во кревет, ќе легнам и само се вртам..очите печат, сон се бара, ама не бива
Сериозното мислење ми е за под туш, ова пред заспивање поќе се како фантазии, некои неотстварливи работи или гледање серии дур заспијам над лаптоп па немам многу време за мислење. Ако мислам, сериозно како под туш, тука не би имала индикатор кога да престанам, за разлика од под туш кога ми мава ладна вода.
Cheryl Cole викаше во една песна - don't believe the things you tell your self so late at night... и сеа, да верувам или да не верувам? Кога имам бар трошка сила размислувам.. прво свесно, после веќе автоматски, несвесно ми се ројат мисли во главата. И можам да ви кажам - не се баш пријатни. Во тие моменти за себе сум најголемата пропалица, немам поим што правам со животот, ги изневерувам очекувањата на сите а најмногу на себе си. Тогаш ми се појавуваат конкретно пробемите што ме мачат, оние кои свесно во текот на денот не сакам да си ги признаам. Излегуваат чудовиштата од под кревет и имаат конкретен облик. Реално ме плашат. Од сите работи на светов, со нив навистина не знам што треба да правам. Бидејќи тие се оние суштинските, тоа е с'ржта на она што ме мачи, моите животни прашања, центарот на моето постоење. Во тие моменти конкретно го знам прашањето, ставот, тезата, без цензура искажан,онака од дното на душата, сосема несвесно, голо, како што во мене постои. После тоа заспивам... Сабајлето меѓу сон и јаве повтпрно јасно и чисто ги знам проблемите, ама како се раазбудувам стравот ми ги крие истите, свеста не сака да ги знае и повторно се закопуваат таму длабоко - се до доцна вечер... Секогаш истото и истото.. Потсвеста не може да ме трпи веќе. Ги задржав истите проблеми предолго.. Морам да превземам нештo- повеќе од јасно.
Најмногу размислувам и анализирам некои ситуации пред спиење. Најмногу размислувам за тоа што било, што е, што ќе биде и како ќе биде.
Е, ова ти е добро ))) Такво размислување/двоумење и ја би сакал да имам, ама ништо повеќе од тоа ахаах
Ехх, последно време мислам многу дури тешко ми е да заспијам од тоа што толку мисли имам во глава. Моментално не сум ни свесна за што размислувам, туку само знам дека мислам на мн работи. А општо ми се вртат мисли за "Јас во иднината"
Тоа се оние „убави мисли“ , би ги нарекол јас. Истите не ги ни вметнувам во категоријата „проблематични“ зашто, благодарение на нив послатко заспиваме. Кога сме заљубени - светот е поубав. Тешко е со оние другите мисли, беспотребните...
Па од непотребното сум сигурна и дека испадна оваа тема нели ? Кога човекот е заљубен и двете страни се искрени и сигурни, тоа е најубавото размислување пред спиење
Порано повеќе се измачував да заспијам,премногу размислував. За се, најмногу за иднината и кој чекор да ми биде следен. Се нервирав, дали е правилно или не итн. Ама сега ми е полабаво. Сфатив дека се ќе биде како што треба да биде. Коцките ќе се наместат, вака или онака. Премногу размислување нема да ви помогне.
Ја секоја вечер размислувам како четвртото да го напраиме да биде женско (имаме три синчиња) Шала на страна, се случува некогаш многу да размислувам, ама исклучиво за иднината, со минатото сум скарана. И на крај си викам спиј си, шо треба да биде ќе биде, џабе мислиш Ве гушкам, имајте мирна ноќ