Па мене ми е јасно дека да сменам ништо нема, арно ама, пусто... Не ми дозволува да заспијам. Јас си имам некаква психологија дека за да заспијам - потребен ми е тотален мир и релакс. Може грешам, може баш во тоа ми е грешката. Сепак, мислам дека ми е така поради тоа што периодов немам обврски и не ми е програмиран мозокот дека утре треба да станам пример рано, или дека ме чека работа... Кога ќе се вратам во таа животна нормала, ми се чини дека сакал-нејќел ќе заспивам. Баш ме интересира дали и тогаш ќе ме држат буден мислите.
Мислите за сериозни планови и анализи ги ставам на off кога си легнувам. Пред да заспијам си размислувам само на убави работи, си фантазирам и си враќам некои интересни случки. Во последно време спиењето ми стана луксуз, па некако самата почнав да го ценам повеќе тој дел од денот и ми е строго наменет за физички и психички одмор (кој и онака не го добивам во потребните количини). Креветот си го сфатив како зен простор и во последно време забележувам дека несвесно многу повеќе внимание посветувам на постелнината, на омекнувачот, зашто сакам да се чувствувам максимално удобно кога ќе си легнам Пред некое време во полусон ми текна дека заборавив на една обврска на работа и така се штрекнав, што после не можев да заспијам уште 2 саати. Многу се вознемирив, цело време си мислев на тоа дали ќе можам да ја оправам работата и никако не можев да се релаксирам. Така што, комплетно ги разбирам тие што имаат проблеми со заспивањето поради overthinking. Јас за среќа проблеми со несоница имам само во пмс, а тогаш лекот го наоѓам во апликации со релаксирачки звуци за полесно заспивање. Пробајте со такво нешто, или ете со музика како што предложи Дузи, може стварно ќе ви помогне
Мислам дека е скроз нормално размислување пред спиење, ама некогаш ептен ми е и од полза, пред да заспијам ќе се сетам на некоја битна работа што треба да ја завршам утредента.
Во последно време се преморувам и немам доволно време за ништо. Само што ја ставам главата на перница одма заспивам. А кога не работев и не станував во 5 наутро можев да си размислувам со саати пред да заспијам и тоа ме нервираше. Мислев на работи кои се целосно небитни, мислев каде и што сум згрешилс, за одредени случки пред 2-3-7 години што сум можела да кажам или да направам а тогаш не ми текнало. Ептен преоптеретување.. Мило ми е што во последниве неколку месеци ретко ми се случува тоа.
Многу пати, ако не можам да заспијам одма или има нешто што ме мачи, лежам и си размислувам за некои работи.Си ,,премотувам филмови” , си размислувам како некои ситуации би можеле да бидат поинаку.Си го планирам наредниот ден. Триста работи ми се вртат во глава кога ќе размислувам пред да спијам. Ипак на крајот на денот, сами остануваме со себе и своите мисли.