1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разочарани од љубовта...

Дискусија во 'Сингл' започната од kamikazus, 6 јуни 2011.

  1. kamikazus

    kamikazus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    70
    Сте се почувствувале ли некогаш толку разочарани од љубовта, за да мислите дека такво нешто искрено и чисто веќе не постои...дека во денешен свет неможеш да најдеш некој/а на кого ќе можеш да му веруваш ...
     
    На Traveler91, Osamena devojka, Bella_Bellissima и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Многу пати се имам разочарано од љубовта... По некогаш се прашувам зошто мора да биде се волку комплицирано ?! :( Зарем не заслужив некој да ме сака ?! :( Што не е во ред со мене ?!... Имам премногу направено за личност која не заслужува ни едно здраво од мене.. Но, чувствата се секогаш посилни од разумот...
     
    На Osamena devojka, Βικτωρία, TijanaJ и 6 други им се допаѓа ова.
  3. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    мора да поминеш низ лошото за да го осетиш тоа убавото.. да не постоеше разочарувањето немаше да постои убавото и вербата.. нема човек што не се разочарал од љубовта меѓутоа треба да се знае дека треба да паднеш за да станеш така да што и да се случи никогаш не ја губам вербата и секогаш си викам дека едноставно не било за да се случи и дека ме очекува нешто подобро.. :)
     
    На Osamena devojka, verica94, Libera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. kamikazus

    kamikazus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    70
    Но што ако тоа се случува постојано? Што ако секогаш човек налетува на погрешни личности и се разочарува.... колку пати треба да се разочараш за да конечно се откажеш....
     
    На Osamena devojka и Anja98 им се допаѓа ова.
  5. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Никогаш не треба да се откажуваш...за секого постои сродна душа на светов и кога тогаш ке ја најдеш.
     
    На srcekrsacka, senjorita-v и lola-86 им се допаѓа ова.
  6. kamikazus

    kamikazus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    70
    Не е дека не се согласувам со твоето мислење, но полека почнувам да верувам дека машките кои се чувствителни и искрени и кои се грижат девојката да биде среќна без разлика на се, не се вреднуваат повеќе...
     
    На the-boy и EleMental им се допаѓа ова.
  7. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Проблемот со нас жените е што оние што се искрени и чувствителни ги гледаме како пријатели и ништо повеќе. Способни сме на таквите да им трубиме со години за секој кретен што ни крши дел од срцето, без всуштност да го цениме она што тие имаат да го понудат.

    Вљубување во погрешна личност не е ништо страшно, само некогаш ние потребен риелити чек за да се свестиме и самите да престанеме да бидеме жртвите во растурените врски.
     
    На Rose-tulip, amberr, srcekrsacka и 5 други им се допаѓа ова.
  8. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Понизно се поклонувам на постов!
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    А за какви трубат? За момци што не ги ценеле, што им биле љубоморни, посесивни, им забранувале и ги контролирале, ги изневериле, ги откачиле за друга, имале секс па прекинале контакт потоа, ете поради такви гомца од карактери две од три девојки се срушени емотивно, на кои 80 посто од муабетот им почнува со БИВШИОТ ОВА, БИВШИОТ ОНА...е за такви паѓате во депресија. Јас сум цврсто убеден дека посилен впечаток (па макар негативен) ќе оставиш ако не си кавалер, ако и ја лепнеш во фаца, ако ја искритикуваш без цензура отколку да си оној финиот (Еј ЕлеМентал, стварно си срцка, кисф во обрасчето :* )

    Он топик - знам дека темава е стартувана како за двата пола, ама да ви кажам од машка гледна точка, НЕМА ДЕВОЈЧИЊА ВЕЌЕ. Кој сака да се фура и да не се замара со ниш сериозно, живее во златно доба. Кој сака да си изгради добра врска со пристојно девојче, наебал во старт. И машките се еднакво разочарани.
     
    На Lost_L, Vikita, BeautyQueen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Животот носи убави, но и тажни или разочарувачи моменти. Но не можам да кажам дека многу пати сум била разочарана во љубовта бидејќи се омажив на помлади години. Човекот е патник кој секогаш се учи на сопствените грешки наместо да слушне нечие претходно искуство, нема да слуша се до оној момент кога ќе биде испечен и изгорен. Мислем дека повеќето од нас се учат на сопствените грешки, а на јмногу на љубовно поле. Мојата парола во живото секогаш била САКАЈ И БИДИ САКАН!
     
    На Osamena devojka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Елементал, во право си.
    Нема веќе ни мажи ни жени ко што треба.
     
    На marijaz и amberr им се допаѓа ова.
  12. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Девојките не се одушевени од такви момци ти како што опиша. Сакаат нешто сосема друго и ако си таков како што опиша не ти следи светла иднина. Не дека нема да најдеш женска ама ќе има еден тип жени што нема да можеш да ги фатиш со таков став и бргу ќе им досадиш.

    Инаку има фини момци и девојки ама се многу малку и тешко се наоѓаат.
     
    На BeautyQueen му/ѝ се допаѓа ова.
  13. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Нема веќе ни мажи ни жени арни за жал :| сите се испорасипани, сфаќањата и моралните вредности им се сосема искривени, завидни, себични и незнам веќе какви....се прашувам со ова темпо до каде ќе стигнеме? :^)
     
    На Osamena devojka, marijaz и BlueDown им се допаѓа ова.
  14. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    разочарана сум од љубовта.. ќе кажете дека сеуште сум млада за тоа, ама ми се смачи од постојани неуспеси на тоа поле... :(
     
    На Osamena devojka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Сосема се согласув со горе наведеното мислиње...И јас исто така размислувам.
     
  16. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Луге мислам дека ние многу очекуваме од животот. Кога ќе се научиме да стануваме после секој пад ќе почнеме и да живееме вистински. Никој не вели дека е лесно да ја најдеш вистинската личност. Ете јас на пример сум била често повредувана, ама и сум повредувала, сум била страшно повредена и разочарана за на крај да си го најдам оној кој целосно ме заслужува и за кој знам дека вреди се што сум поминала.
     
    На srcekrsacka, roberta-rubi и Nightwalker им се допаѓа ова.
  17. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Епа ЕлеМентал случајно или не лошите момци за жал повеке не привлекуваат,најпрвин не залажуваат со убави и нежни зборови за на крај пагаме и мавај си глава од зид.Нејсе јас постојано изгледа налетувам на погрешни,но тоа не е вистинскиот израз за ситуацијата.Јас еве секогаш сум била искрена(како што бараат некои машки)а добивам само негативен одговор,навистина некогаш ке помислам деками фали нешто и на крај јас си останувам разочарана иако сум играла правилно.
     
    На BlueDown и EleMental им се допаѓа ова.
  18. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Не е секогаш причина за оној клик кој навестува прекин стереотипот лоши момци или девојки кои изневеруваат или манипулираат или сл. Не дека ваквите ги нема на тони да ги натовариш на камион и дестинација Дризла, Мауцкер и било која најблиска депонија :lol: , ама некогаш и кај фините се губи љубовта, се менуваат интересите и нема корелација на поле на градење на заедничка иднина повеќе, значи има многу останати причини кои врската ја водат кон својот крај, ова се случува и со браковите, камо ли со нешто помалку обврзувачко.

    Не верувам дека постои човек кој не бил разочаран или не бил причина за нечие разочарување, ама врската во себе го носи и ризикот од прекин и разочарувања. И јас бирам да бидам разочарана уште доволен број пати и да изгубам делови од срцето попат, бидејќи во еден дел од него стои огромен знак „резервирано„ како најдобрата маса во елитен ресторан, за онаа личност која ќе ги избрише трагите на сите претходни разочарувања. Кој не е подготвен да гори на љубовниот пламен, нека игра на сигурно сам апстинирајќи од љубов и така ја одиграл најлошата комбинација за себеси празен живот.
     
    На srcekrsacka, zhap4e и Annath им се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Пеликуна, не се работи за правилно играње во ситуациите со дечки, за какви ти зборуваш. А, се работи за тоа колку е тој “правилен“ човек. Со тип, кој во секој поглед не е добар за тебе, колку сакаш правилно играј ти, секако ќе си останеш само фер играч и ќе те насанкаат онолку пати колку што ќе им дозволиш. Истото важи и за машките. И едните и другите треба да си се свестат и да си одлучат што всушност сакаат покрај себе. Личност за која ќе ви завидува толпата дур ја шетате како кутре за рака или личност, која ќе биде покрај вас и во вашите најмизерни изданија, со која ќе можете да разговарате за работи за кои инаку не би со некој друг.
    Расчистете си ги тие нешта и можеби ќе е по ок. Пошто грото, токму тоа и си го имаме во главата. Малку или многу некаква си внатрешна потреба да другите ни завидуваат, да го имаме тоа што тешко се има. Ах... а тоа што тешко се има можеме да си го добиеме де за вечер, две, да не подлажува и три вечери.. месец.. и подогло дури. Ама таа убавина исто така ќе се шета и со уште неколку други убавини, неубавини, што годе.. зависно од нејзините преферирања.
    А, ова важи не само за девојките, него и за машките, пошто и тие си имаат некој проблем со залетување по девојки кои функционираат по пандан на фраерите.
    Постојат и супер дечки и супер девојки и не се воопшто малку. Ама знаете што е проблемот, играат правилно со погрешни луѓе.. затоа и не налетувате на нив.
     
    На srcekrsacka, Libera, artemis и 2 други им се допаѓа ова.
  20. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Нема човек кој барем еднаш во животот не бил разочаран од љубовта. Но како и да е, после дождот секогаш доаѓа сонце па така колку и да е лошо еднаш мора да биде подобро и тоа баш во моментот кога не олекуваме. После ќе ни биде смешно што сме плачеле и сме ги поминувале деновите во депресија. Тоа барем го зборувам од искуство. И јас пред да се фатам со сегашниот мој дечко, бев во гоолема депресија, не излегував само плачев, мислев дека нема среќа за мене, дека никогаш нема со никој да бидам повеќе но ете, среќата и мене ми се насмевна. Само верувајте во себе и знајте дека среќата ве чека таму некаде ;)
     
    На Osamena devojka му/ѝ се допаѓа ова.