Последниов пат многу се разочарав од веке мојот бивш партнер и воопшто од љубовта. Ја имаше сета љубов на свет од моја страна, а тој не знаеше да ја искористи ко што треба. И така јас останав виновна, лошата, идиотката и уште не знам што. Ме дотолчија посебно последните настани. Не знам дали ке сакам ден ден пак како него толку силно и дали ке дадам се од себе, ама знам дека сега не се предавам да го преболам. На добар пат сум. Се прашував што е проблемот? дали е до мене, дали е до него, со денови правев анализи и се прашував како тоа некој бараат љубов искрена а на крајот ја отфрлаат? али веќе не.
Љубовта не треба да се искористува туку треба да се вреднува, следен пат зачувај дел од љубовта што ја имаш кон другиот и не му ја нуди безрезервно. Затоа што си разочарана те разбирам како се чувствуваш затоа што досега зад себе имам оставено 4 пропадните врски од кои од сите сум била повредена и сум се разочарала и секогаш сум се откажувала од тоа повторно да започнам врска ама ете по одреден временски период ќе се појави некој ќе се препуштам пак во тие води и секоја следна врска излегува полоша од претходната и на крај пак ја си ја чукам главата од ѕид а тие си уживаат и не се замараат ко да не постојам. Едно нешто нека ти биде утеха, биди своја, среќна еден ден ќе се појави некој кој вистински ќе те сака и почитува. Не знам колку години си но верувам дека си млада ќе дојдат и убави денови. Мене лично многу ме погодуваат неуспешните врски затоа што мислам дека времето ме гази со годините, и притисокот од околината околу мене со прашања од типот што пак ли си сама, колку години си веќе, деца треба да раѓаш е огромен прават да се чувствувам ко мене да ми фали нешто во главата па секогаш се завршува така како што завршува
Потполно ве разбирам. Ама се додека така се чувствувате ко да сте очајни по љубов, животот нема да ве изненадува со позитивни моменти. Не се врти животот само околу мажите ... Исполнувајте си ги сопствените желби, приоритети прво, па после и на другите. Нема ништо лошо во тоа да си сам, а исполнет на секое поле. И, на крај ... секој со својата среќа.
Како велат Што ти вредат сите успеси на овај свет кога очите кои ги љубиш не се таму да те видат... Многу е тешко кога си бил со некој години,си споделил и преживеал многу работи,мислиш дека го познаваш но на крајот те предава те изневерува кратко речено те убива на некој начин,излегува дека воопшто не си го познавал бидејќи никогаш не си ни помислувал дека е спремен нешто да ти направи зад грб, нешто грозно жално и тажно...И не не треба поради тоа да се биди огорчен никако треба да се има сила и за понатаму бидејќи нели не е крај на светот и животот продолжува. Но толку си изморен што ти треба време да се одмориш да ја одмориш душата и срцето, за да можиш повторно да веруваш и сакаш не е лесно и едноставно сите тоа го знаеме... Јас моментално се чуствувам убаво во сопствената кожа,се чуствувам убаво и психички и физички не е секогаш морално да се биди со некој за да направи да се чуствуваш добро и убаво,за чудо кај мене беше обратно кога заврши долгогодишната врска со тек на време се средив и прихички и физички како никогаш до сега лицето ми блеска имам многу самодоверба нешто кое го изгубив додека бев во таја врската, тоа како изгледам сега излегува одвнатре од тоа како се чуствувам, и сега спремна сум да почнам нов живот и возбудена... Ако речам дека пресреќна сум што сум сама можеби ќе излажам,но да сакав да бев со некој сега ќе бев имав 2 шанси поминаја како мали авантури бидејќи едноставно не бев спремна за ништо, се изолирав од све и сите освен од моите најблиски,ми требаше време да оздравам едноставно,но сега кога му дадов на времето време можам повторно да сакам и да се предадам на некој,се разбира и сум со едно искуство големо плус кое многу време ме кошташе но што да правам неможам времето да го вратам назад нели? За тоа што ќе зборувал некој и како ќе зборувал искрено да ви кажам ме заболе,секој нека си гледа за себе за секој има по нешто да се зборува затоа подобро јазикот зад заби да се чува...
Јуле во исполнување на своите приоритети сум си наоѓала утеха, да не речам се мавав во гради со тоа ја еден ден човек ќе станам , ќе бидам успешна и тогаш ќе биде се ко што треба , ќе бидам почитувана но секоја вечер пред да заспијам една мислам ме измачува што ми вреди успехот кога немам со кого да го споделам и да се радувам со некого. Што ќе ми вреди позиција, кариера , пари и луксуз ако немам семејство, ако немам дечиња верувај не е сеедно. Можеби и звучам очајно по љубов но пак ќе речам празнотија, осаменост, отфрленост не е лесен товар на грб да го носиш сам, најмногу ме боли зашто сум се трудела, сум вложувала се да биде ко што треба ама пак не вредело...додека други кога ќе видиш во секоја смисла се посреќни и поценети како личности. Неможам да престанам да се обвинувам и да се прашувам се досега како може мене да ми се случи, зошто ама одговор немам да сум некое злобно, курвиште, да изневерувам , да навредувам, да се изживувам па нека ми биде се од глава удрено што ми се случило ама тоа е се добрите ги снаоѓа ,текот на реката не се менува, со сила убавина не бива како треба да биде ќе биде...
Во право си, не баш сите...ете на пример принцот од Пепелашка или од Снежана или од Сирена абе души се не знам како може да помислите дека сите се ѓубриња.
Ако ве разочарале 2ца или 3ца во љубовта неможете да кажете дека сите се ѓубриња или дека сите се исти
Јасно ни е на сите дека љубовта го исполнува и живнува човека. Ама, не е тоа ни пазар. Едноставно љубовта се случува ненадејно, спонтано, неочекувано. А додека тој момент се случи треба да се живее животот, не да се преспие. Да, љубовта е важна. Ама се случува сама по себе. До тогаш едноставно борете се и живејте за себе и своите потреби.
nema vistinska i prava ljubov vo denesno vreme , sum gi gledala i deckovcite na moite drugarki kako gi izneveruvaat no sum molcela za da ne gi rasturaat vrskite vo sto tie mislea deka se vistinski....
Добро, да, има некои што се фини, нежни, внимателни и баш тие се или педери или не се заљубени во тебе....а овие секојдневно што ги гледаме за жал такви се, сите се исти.
ве молам сите вие што сте happi in love , да не си игррајте мајтепи со нашите изјави и да турате сол на раната , слободно напуштете ја темава и оставете не ние што имаме проблеми да си дискутираме за нашите маки , и ви посакувам никогаш да немате како нас ваков проблем! Чао -Пријатно
Сите сме имале барем еден таков период во животот, кај некого подолго траел, кај некого пократко. Џулс убаво си рече, секој со среќата, со сила не ја бидува. За сè во животов ќе имате такви периоди, за учење, за работа, амаа баш за cè. Ама, на крајот ќе видите дека тие биле токму тоа - периоди. Како кога има невреме надвор и немаш моќ да направиш да изгрее одма сонце, туку можеш само да седиш на топло и да чекаш да помине, така и со овие периоди, ќе мора да се потрудите помалку бунтовно да ги поминете. И во моментот кога во срцето стварно ќе почувствувате „е баш ми е гајле, прекрасно си го пополнувам времето и исполнувам душата и без тоа“ и тогаш ко за инает ќе се појави некој да ви ја покаже онаа човечка ранлива страна. И можеби ќе си живеете среќно до крајот на животот, а можеби и ќе си живеете среќно до крајот на животот со некој по него. Немаме поим животот кај ќе нè однесе.