Вистинска љубов постои, ако некој се разочарал од некоја љубов, значи треба уште да трага по вистинскиот партнер. Љубовта секогаш е вистинска и права, само што некогаш е еднострана некогаш обострана. Кога и двајцата ја делат истата страст, истите желби, истите ставови и најважно од се истите чувства, тогаш е обострана со хепи енд. Се додека не стигне до тој стадиум, не се откажувајте од барање на правиот. А ти што си молчела додека другарките твои ги изневерувале, е твој неуспех. Ако молчиш си партнер во злосторството, а ако не сакаш утре зад грб да ти го прават истото, ќе играш со отворени карти. За секое неверство има причина, не е тоа неверство туку така, затоа што им текнало во моментов. Јас па мислам дека никој не се мајтапи тука, туку секој си кажува мислење. Извини ако не ти одговара, на форум си, ќе се судриш и со мислења што ни 1% не се поклопуваат со твоето!
Ti blagodaram za tvoeto mislenje i sto se potrudi malku da ni olesnis . Ako gi procitas nanazad komentarite ke vidis deka nekoj nemal popametna rabota
Па девојки, кога сите сме исти наместо вашиот дечко или потенцијален кандидат за тоа, наместо вашиот симпатија викнете го 70 годишниот комшија со "бастумче" па тој нека ви го разниша светот под нозе, та тој та оној нели сите исти дискриминација нема ...
Абе кој се мајтапи, нека се мајтапи. Што е тоа важно?! И јас сум сингл и јас искрено сакав и мене ме сакале ама сега ете сум сама. Не затоа што нема со кого да бидам, туку затоа што не ми треба нова врска во моментов. Не сум разочарана затоа што веројатно не бил вистинскиот, тој беше тотална спротивност на мене, неамбициозен, немаше никаква желба да направи нешто за себе, да се осамостои и да почне живот надвор од домот на мамичка и татичко.. А беше 28 годишен маж. Од друга страна пак, јас секогаш сум си го заработувала лебот иако не сум имала стандардна работа и нормално работно време и така сум ги замразила тие што чекаат на готово. Тука и други коцкички се поклопија и се стави крај.. Ете кратко резиме за мене.. Ама тоа не ме прави разочарана од љубовта.
Да ја искористи мислев во тој смисол да дозволи да уживаме во љубовта. Јас се трудам да бидам срекна но ете некои моменти пак пагам даун и пак сум во депресија и пак се гуубам и пак тонам и се гушам во солзи. Не е лесно кога некој ке помине низ таков период, и се обидувам да го поминам сето тоа но некогаш не ми успева, но не се предавам. Не знам дали повторно ке сакам пак, а и не верувам со таа сила затоа што веке сум уморна од се. Знам дека ништо не ми фали, ама... Што ако се појави некој достоен за мојата љубов а јас од болка го туркам? и од страв?
Колку смешна тема, разочарани од љубовта на 15-20 години. Иако немам 45, морам да прашам...што толку ве разочара во љубовта? Зарем заборавил/а да ви пише порака? Зошто нема вистинска љубов? Затоа што сте биле повредени еднаш или два пати во животот? Зошто толку депресивно размислување? Па зарем имате по 80 години и готово, нема љубов, то е то, се видовте, се искусивте така? Секој бил повредуван во животот, дури и ако не изгледа така од надвор, само наместо да се жали, некој превзема нешто во врска со тоа. И немој да ме сватите погрешно, не хејтам никого, само не ми се јасни овие размислувања кај млади луѓе, молам некој ако сака да ми разјасни.
најмногу љубовта не поВредила кога сме биле со некој сме го сакале многу сме имале заеднички планови во иднина и наеднаж дознаваш дека те варал или дека не сака да биде со тебе, сум имала 5 врски и имам 26 немам 15 , најлошо нешто во животот е невозвратената љубов и да не бидеш исполнет .
Епа продолжуваш понатаму да бараш де, не е крај на светот. Нема да умреме утре. Ехеее, кое женско ќе рече дека немала планови за иднина, голема е веројатноста дека лаже. Сите си фантазираме.
Да де, тоа сакам да кажам, зошто после тоа мислиш дека нема љубов? Сепак имаш 26 ете, не 66. Знам како е да те изневеруваат, знам како е да го прават тоа пред твои очи, знам многу работи што подобро би било да не ги знам, па што? Не се сите луѓе исти
а што ако не можиш да преболиш и да преминеш преку тоа и не знаеш како да продолжиш ??? Кој не ја осетил таа болка не знае , после толку разочарувања едноставно не можи некој да верува дека наредниот ке биде подобар .
Аман бе, не си единствената што раскинала солидна врска. Што мислиш, дека ние сме од Марс паднати, па дека овие што се во брак се омажиле со првиот?! Демек ние немаме чувства, не сме почувствувале болка од раскинување, не сме се разочарале... не бе, ние сме роботи без чувства. Ќе преболиш, ако не денес, утре. Ако не утре за 2-3 месеци. Колку помалку мислиш на него, колку повеќе си наоѓаш занимација секој ден, толку побрзо ќе преболиш и ќе најдеш поквалитетен примерок.
Верувам дека скоро секоја девојка од над 20 години има доживеано големо разочарување од љубовта од љубениот. Колку и да е тешко неможеш вечно да патиш и да тагуваш по некој кој што ја изневерил твојата љубов и твојата доверба...како што кажа и членката погоре еве може да биде и подолг период но се поминува и се заборава. Точно е тоа дека неможеш да веруваш и мислиш дека сите се исти но баш кога најмалку се надеваш ќе го пронајдеш оној за кој што сонуваш оној кој ќе ги постигне твоите очекувања,оној кој ќе ти потврди дека сите мажи не се исти ,е дури тогаш и ти ќе го промениш твоето мислење кога ќе почуствуваш на сопствена кожа. Времето лекува се и знај дека кога најмлаку очекуваш се случува онаа за кое што сонуваш
Разочарувањето и тагата се составен дел на љубовта. Сите љубовни врски водат кон разочарување, на еден или друг начин, порано или подоцна. Тоа е реалноста.
Не дека јас сум некоја што треба да дели совети кога и самата сум во иста ситуација ама ќе ти кажам како по мое би требало да направиш , ја пробувам се за да преболам ама плачка сум голема и под сплет околности немам ни друштво за искачање и ништо не бива од моето преболување ама нејсе небитно . Миличка Анаконда прво ќе си пуштиш срцепалателни песнички и ќе се исплачиш, ќе си пишеш во темата испукај се и што би му кажале се што имаш да му кажеш, го бришеш од фб, бришеше негов број за да не праќаш пијани пораки и да не го бараш кога алкохолот ќе ти удри во глава, ќе бидеш неколку дена во депресија ама ќе помине после тоа ќе си бидеш насмеана. Потоа ќе си купиш чипс, пивце за живце, ќе си земиш од твојата омилена чоколада или бонбониера, ќе си купиш прекрасен фустан и штикли, ќе заминеш на фризер за да направиш некоја убава промена кај себе, ако имаш а сигурно имаш другарки ќе излезеш со нив преку викенд во некој, клуб и ќе се забавуваш лудо. Кога ќе го видиш бившиот ич да не му придаваш на значење, ќе си се смешкаш , главата горе насмевка на лице и ќе видиш дека ке се промени нему ќе му биде тешко кога ќе почнат други момци да ти се додворуваат (но тоа не значи одма да се впушташ во врска, следен пат внимателно на кастинг за избор на дечко ) и тој што те повредил ќе свести што изгубил со плачки мила никој ни го фаќаш ни го враќаш
Ми ги повредија чувствата дел од мислењава, од секогаш сум мислел дека сум поразличен од другите и дека во некои работи сум подобар, а овде ме сврстија во кошот "сите се идиоти", а баш мислев дека јас сум највеќе идиот, очигледно не се согласуваат сите на темава со тоа јас со го мислев, ќе мора да се потрудам поише за да ме признаат како најистакнат идиот пс. интересни сте, ова озбилно го мислам, не сум ироничен, баш ме насмеавте хаха