И зошто ти се парите кога нема со кого да ги поделиш и да се радуваш на нив? Или зошто ти е успешна кариера кога дома ќе се вратиш немаш никој покрај тебе? Нема на кого да му кажеш како ти поминал денот, што си правел, како си правел.... И не можам да ги разберам луѓето што мислат дека се се врти околу парите
Za nekoja sigurno si idiot i toa najgolem,a mozebi i jas za nekoj sum idiotka,iako site skoro za sebe imame poinakvo mislenje od toa sto mislat drugite za nas ...
Имаше една заебанција, викаше, не е исто да си тажен во фичо и тажен во ферари точно е дека не е се во парите, во некои ситуации и ништо не е во парите, меѓутоа ако ништо друго коа си со пари, нема да бидеш осамен во тешките моменти
Е па да, мислам дека сум идиот за една девојка, али добро, обично си идиот за оние на кои им значиш нешто, од коа ќе престанеш да им значиш, престануваш и да им бидеш идиот, така да и не е така лошо да си идиот
Да не се лажеме празнината во срцето не се потполнува со успех, пари и луксуз ниту тоа ќе те направи среќен...лично од искуство кажувам се мавав и јас по гради со ова ама годините си минат и се потешко се наоѓа човек со душа и срце што ќе те сака и почитува и баш поради тоа што си секој ќе гледа како да те искористи без разлика пријател, дечко, роднини и слично или во најлош случај се јавуваат фрустрации кај луѓето па се однесуваат спрема тебе како со ѓубре чисто од завист и гледаат психички да го допреш дното. Е сега по мене во статус сингл уживаат личности кои си имаат повеќе момци/девојки на лагер па не го нашле вистинскиот или едноставно уживаат во менување на партнери оти така им е кеиф, колку повеќе толку подобро или не сакаат обврски , врзување и слично ама затоа не има и вакви кои сакаме нормални врски ништо повеќе ништо помалку е после кукаме по форуми оти сме такви ко што сме ама па Боже мој може ќе се случи чудо па и ние разочараниве да се израдуваме пошто животот е тркало не знаеш што носи .
Па ако не испадни идиот некој во врската крајот нема да биди интересен нели? Обично секој крај на врската завршува со некоја драма,еден повредва друг е повреден,со чесни преретки случаеви...Патем да,подобро да сум во фичо тажна покрај некој што го сакам и ќе ми дај целосна подршка, отколку во ферари покрај дволична личност,или пријатели само за корист...
Хахаха, ако си со некој што ќе го сакаш. тогаш нема да си тажна, нели ипак темава е разочарани од љубовта, не збориме за други видови тагувања иначе, може и да повредиш, а да не излезеш идиот, како на пример еднострана љубов, невозвратена, не се родила или "загинала" негде по пат итн
хаха ме изнасмеа за мене бившиот е идиот за него јас сум идиотката ко ќе видиш се стркалало тенџерчето си го нашло капачето ама пуст инает, годост и машко его не попушта и после пропаднала врската, љубовта ни е крива , не веруваме во ништо а ако нас криви треба да ни бидат идиотите што не растажуваат(да ми простиш на израз Sawyer не мислев лично на тебе). На крај да заклучиме во пракса се потврдува народната клин со клин се избива значи ние што сме разочарани од љубовта и некои личности и да биди поголема глупост на нас тоа што не повредило тоа и ни е лекот
Е па има вистина и во тоа, во суштина мислам тоа дека е така зошто ти го оттргнува фокусот од тоа што те боли, а ако си осамен/а тогаш постојано мислиш на таквите работи итн
Ако љубовта е вистинска неможи да загини никаде,знам дека е темата за разочарувањето од љубовта но немора да значи дека ако некој те разочара ти ќе престаниш да го сакаш,има мн работи за кои можи да се дискутира на темата разочарувањето е широк поим. Во една врска има подеми и падови убави и неубави моменти,некогаш ние самите не можиме да се трпиме и имаме лоши периоди и сме тажни а бараме од партнерот наш да не трпи и да ни даде безусловна подршка доколку тој за мене е тука за таквите моменти тоа ќе го ценам без разлика каде сум тоа ми беше поентата.А за да бидат 2јца заедно потребно е многу повеќе од љубов,овде се дискутира за луѓе кои биле заедно а од некои причини се разделиле и тоа е широк поим бидејќи разделбите секој ги доживува и преживува на различен начин исто така...
Без тие разочарувања во љубовта нема да го цените она вистинското кога ќе ви дојде на врата. Верувајте, ќе го препознаете. Ама дотогаш, не седете дома да ја чекате љубовта. Едноставно, живејте го животот и не се оптоварувајте дека мора да имате некој по секоја цена. Ама немојте ни да ги одбивате сите шанси, некоја од нив зграпчете. Сигурно една од нив ќе биде она што го барате.
Јас пак мислам дека се во животот е минливо, само родителската љубов е вечна, така да мислам дека колку и да сакаш некој, во брак љубовта после некое време ќе го изгуби интензитетот, разликата е што негде побрзо го губи, негде поспоро, е тука доаѓа до израз нивното сложување како карактери или нивното несложување, зошто лесно е некој да го толерираш додека го сакаш
Не реков се дека се парите, впрочем и го спомнав тоа дека некогаш не се и ништо, ако мислеше на тоа дека јас мислам дека се се, а тоа што пишав нема да си сам ми беше зафрканција од типот дека бар коа ќе си повреден и сам, ќе имаш некаква утеха
Normalno deka intenzitetot na ljubovta ne e tolku jak kako na pocetokot,ima mn.faktori sto pridonesuvat kon toa, no sepak mislam deka ima ljuge koi ednostavno se rodeni eden za drug,za dobra vrska megu partnerite sedam pozadi toa deka treba da ima i uzasna fizicka privlecnost,koja navistina nemozi taka lesno da zgasni...
И се додека ве има вас што мислите дека сите се исти, ќе бидете разочарувани и најверојатно сингл. Сфатете го ова како сакате. Не се однесува само на тебе. туку на сите што мислат како тебе.
Со време. Можеш зашто мораш. Друг избор немаш, тоа е она што следи по автоматизам или природен пат. Мој совет — престани да зборуваш за тоа. Така побрзо ќе престанеш да мислиш на тоа и ќе го забрзаш процесот на преболување.
Јасс сум многу разочарана.. Идевме многу долго време, све му дадов и срце и душа и тело за на крај да си отиде на ваков начин Откако раскинавме, се здружил со наркомани, се смирил со бившата, мене ми се јави ме исповреѓа, си се изнајадол трици за мене и така натака и така натака.. А ЈАС глупа сеуште неможам да го заборавам и уште секоја вечер го мислам и плачам за него.. Стварно незнам како ќе сакам пак после него и како ќе го заборавам воопшто, има ли лек за ова?