Нема потреба ништо тој да нуди ниту тие.. кога ти се допаѓа некој го правиш најсовршен човек на свет,а кога не ти се допаѓа и да е најдобар мани 1000 и го ставаш во категорија исти како останатите. Сите сме такви, некој порано некој подоцна ќе си ја најде среќата со некого кој им е компатиблен и има хемија.
@Summerbaby не верувам дека љубовта е у чекање да го запознаеш совршениот за тебе, туку едноставно цела врска треба да е процес на долготрајна работа со акцент на себе. Не може јас да зборам за турски серии или за нокти а да очекувам од дм да ми раскажува за животот и универзумот... Ме разбираш?
Мешаш поими, долга врска е градење и створување иднина. Проблемот е да ти се погоди личноста со која би сакал да градиш понатаму. Има луѓе со кои и најглупиот филм би ти бил интересен ти носат некоја енергија, а и најинтересниот филм со некои особи да го гледаш ќе мрчиш. И тука нема врска,ни убавина, ни интелигенција .. ништо. Тука најголема врска има хемијата.И ние да излеземе со 100 машки ако не е тој што ни се свиѓа ке речеме леле досадни све исти .. така и тој.
Многу грешна перцепција. Да, кога си затрескан вака е. Ама не трае цел живот и евентуално ќе излезат на површина сите маани и работи што не ни одговараат. Е тука настапува најважното во една врска - разбирање, разговор и компромис. Се додека очекуваме дека ќе најдеме некој со кој едноставно ќе кликне и на првата мака и проблем ќе свртиме грб, тешко дека некогаш ќе имаме успешна врска која ќе остане до крајот.
Има разлика од градење врска, но мора и да кликне за да би почнале со некого. Ако некоја особа не ве привлекува не ви е убаво со нејзе сигурно не би ни биле. Времто со таа личност може и одбивност да предивика. А во долга врска се е градење а и овде нема мерило бидејќи луѓето се менуваат и колкави се тие промени на кои можат да се адаптираат.
Точно ама не можеш да си спиеш на тоа уво дека ако му се свиѓаш од старт ќе ти ги прифати сите недостатоци. Хемија може да има и кај луѓе што не се поднесуваат, така да не е се до хемијата. Тоа би успеало за една вечер.
Затоа бираш партнер што ќе ти ги овозможи двете работи. Нормално ќе има недоразбирања и мани но сепак се во склоп на работи што спортивноста може да ги толеира. Баш и коментаров погоре е и повеќе и за муабет, човекот неможел да се најде на муабет со многу што излегувал. И сосема во ред е тоа. Сум излегувала и јас со луѓе што имале многу што да понудат и многу виделе ама не кликал муабетот. Тоа не значи дека тие не се океј или пак јас, едноставно не сме си одговарале. Некогаш се случува веднаш некогаш треба повеќе време.
Јас те сфаќам многу добро и до некаде се согласувам. Ама пак стојам на тоа дека без соработка нема ништо. Имам другарка веќе 5 6 години има дечко, уште од средно. Можам да ги замислам и во брак дури. А на почетокот ич не си одговараа, ми бараше совет како да прекине првиот месец. Ова е преретко и друга крајност, ама реално е. Не можеш да го запознаеш партнерот толку долго на почетокот. Ама уште потажно ми е врска што на почетокот била бајка а потоа сфаќаат дека се небо и земја и не се ни трудат да се прилагодат еден на друг баш ради тоа мото: Ако ме сака ќе ме сака каква што сум.
Таму никогаш не се знае, а и луѓето се менуваат. Кои кон подобро кои кон полошо и ние самите после само 1 година од сега можеме да бидеме други личности. И да ретки се тие, но штом издржале сигурно малку имало за што да се фанат и да продолжат. Ако некој толку не ти се допаѓа резултира со одбивност.
@dim4e12 ако ти е за утеха, скоро на сите ни е цркната. Денес ако се трудиш и си на место посекако кај тебе е проблемот. Ретардиран е светот.
Твојата разочараност не ти дава за право за ги генерализираш жените како парољубци особено кога веќе пишуваш на женски форум .Едноставно не го знаеме ни твојот пристап и дали ти целиш само код одредена категорија.
Се согласувам со се освен со делот дека не му го знаеме пристапот. Му го знаеме, сега ни го прикажа. Чекор 1: Прашај за совет на женски форум, каде нели, има доста жени. Кажи им дека си фин и културен дечко. Чекор 2: Чекај да пишат совети. Чекор 3: Покажи елементарна култура која мора секоја нормална личност да ја има. Тоа е "јасен доказ" дека навистина си фин и културен дечко. Чекор 4: Чекај да ти се нафрлат жените на тебе, ко да те чекале со години да пристигнеш на форумов. Чекор 5: Плукај по женскиот род кога никоја не се фрлила веднаш по тебе во рок од неколку часа.
Ne streba da mi se nafrlat zeni,devojki na forumot,sakav samo mislenje.ama ova otide podaleku,ispadna deka jas go pogazuvam ponezniot pol.i jas imam majka,sestra,snaa znam da pocituvam. Posle ova nemora da mi odgovarate ako mislite deka pogazuvam zenski rod. Fala za site kom.
Уште наутро притисокот на 200 ми се качи од вакви коментари. Штом си сметал дека е интересно доволно за да го споделиш и овде значи дека и ти си од таа група. И да знаеш дека жена која добро се изградила посветува внимание на кариера и изглед сигурно ќе бара некој достоен за нејзе а не некоја особа која ако ја почасти пијачка ќе се понаша ко џек а таа како да е парољубец или некоја слична ситуација.