Се чуствувам точно како тебе! Јас сум на прагот да наполнам 18год. а љубов почуствував во тинејџерските денове...колку поголема станувам толку повеке се убедувам дека љубовта се губи од светот...насекаде околу мене е лубомора лицемерство...момчина ти кажуваат дека си прекрасна дека со тебе сакаат да го проживеат животот ги гледаш се мислиш и забележуваш како те гледаат како фигура со која сакаат авантура ништо друго...не свакаат дека не си играчка со која се игра туку човечко суштество која има душа...во животот сум имала 3 врски од кои последната беше пред 1ипол год. и направи да изгубам и самодоверба и да не верувам на никого...колку и да успеваш во живтот нема да вреди толку колку што треба да вреди додека нема некој до тебе кој ќе те држи цврто за рака и ќе те храбри велејки ти дека и да паднеш не е страшно...сепак има некој до тебе кој те прави посреќна од било кој...кога ќе го доживеам тоа?
ГРЛС шо е ова разочарувања не знам што. мимс викаш имаш 18 години 3 врски од порано и разочарана си.На тие години ретко кој има таква сериозна врска. Не можеш да очекуваш од некој на 18 години да ти биде верен, да излегува само со тебе да не мисли на секс (дури и себично е тоа). И јас како вас мислев дека љубовта не постои и со тие што биле добри машки секогаш заради некоја трета причина се разделувавме. Страв ми беше дури да се заљубам пак, ми требаше многу време да се заљубам во сегашниот и пак се плашам да не сум многу блиска со него, да не дојде ден да патам за него. Ех да можам да го вратам времето кога имав 15, 16, 17, 18. Најубави години се. Сега имам скоро 22 а веке има еден куп работи што се неприсојни за мене а за некоја 16 годишна девојка не се (носење ултракраток минич, гол стомак, лудо играње во дискотеки, најубави роденденски забави, можноста да ти се допаѓаат еден куп машки и да флертуваш со нив). А многу од овие работи сум ги пропуштила замарајки се за будала машки кои се штета на општеството. Уживајте си во најубавиот период од животот, не велам дека не е убаво да ти се случи вистинска љубов, ама таква како таа од филмовите нема. На сите што сме во врска имало моменти и кога ни е досадно, кога сме се карале, кога не сме се поднесувале и покрај љубовта.
Знаеш вистинската срека е во пријателите , ако ги имаш нив ке бидеш срекна цел живот Сигурен сум дека во твоите наредни минимум 20 godini живот ке најдеш некој што ке те почитува и сака
Имате право но во последната 1ипол год. до мене не допира никој...никој неможе да ме привлече како што тој ме привлекуваше а можеби е до тоа што веќе не се лажам како шо успеваа да ме излажат на 16год. Од никој неможам да го слушнам тоа што ми треба...и кога ке почнам да се надевам за некое момче, точно кога ќе дојде моментот кога верувам дека е за мене и дека треба да дадам шанса да пробам со него се случува нешто што ми ги срушува надежите и нема ништо од новата прекрасна врска...најмногу од се боли тоа - се надеваш леташ мислиш конечно се ќе се среди а потоа се треснуваш од земја и така еднаш, два пати, три пати...за пријателите до скоро неможев да се жалам и убаво е што ги имам но како што реков и во горниот текст насекаде има лицемерство и љубомора што ја чуствувам на моја глава...навистина се надевам дека ќе сум среќна и ќе го пронајдам човекот на мојот живот а во врска со пријателите секогаш ќе има некој што ќе љубомори и некој што ќе свати дека треба да е покрај тебе а и убаво е да те има тој во неговиот живот
18 год. 3 сериозни врски??? Епа нормално дека ќе бидеш разочарана од љубовта, тое е време кога треба да уживаш и да се забавуваш не да се замараш со товарот кој го носи една врска. Време кога треба да леташ и да не ти биде гајле за ништо да не се замараш, да се забавуваш со друштво ти си дремела со некој тип кој после тоа те шутнал, епа на 18 год. и реално нема што друго да очекуваш. Забавувај се, дотерај се, другарките под рака и правец во диско, што ќе седиш дома и ќе се разочаруваш, што ќе ти е дечко, промувај се наоколу, напуни се со самодоверба и доста ти е, ќе дојде тип кој ќе те интересира посериозно и ти него, има време за врски бре, каде летате и брзате не ми е јасно...
Врските не траеа толку долго колку што изгледаше и не беше толку сериозно колку што требаше да биде...првите 2 траеа од прилика 3ипол-4месеци а последната 5 месеци
браво за кажаното,денес и онаа што ја мислиш светица не е баш таква,,,ма нема вистинска љубов се е само илузија,се е само бајка во која живееш се додека не и дојде крајот...
епа извини вака ама баш за тие што мислиш дека се кренати или дрољи или било како нз како да се изразам,ќе испадне дека се баш тие светици....и вие некогаш трчате по погрешни,као што ние го прајме тоа и после немало девојчиња.....имало сигурно што ве свиѓало некое мирно девојче али вие сте трчале по шемите,и ко ќе ве заебе некоја таква,нема девојчиња сите се вакви такви онакви.......хааа беее....
Да. И тогаш а и сеуште мислам дека љубовта е патетична. Спојлер Кога ќе ми се врати вербата во љубовта, повторно ќе ви пишам.
ако јас не сум се разочарала во љубовта незнам која го сторила место мене(зошто ми е никот срцекршачка ) добро, имам и некое срце скршено мала шега после толку разочарувања, најдов еден примерок-за совршен не е , бидејки не постои-некој што има посебно место во моето срце и јас во неговото п.с. за оние со изгубена надеж во љубовта-не се разочарувајте, љубовта доага кога најмалку ја очекувате
Првиот пат кога се заљубив беше во погрешна личност... немавме ама баш ич ништо заедничко, никако не функсиониравме заедно, така да... Вториот пат беше во човек кој убаво го проценив, и сигурна бев дека овој пат нема да грешам, но... не се покажа таков каков што изгледаше... И јас сепак верувам во љубовта! Само што веќе не ја барам, чекам самата да дојде. Погрешните избори не се причина за разочарување од љубовта.
Во право си! И јас сум во истата ситуација....доволно се разочарав од љубовта, но тоа не значи дека не постои! И сега си ја пеам Некогаш и негде !.... Не ја барам, не сум очајна да си фатам дечко, ма да копнеам по љубов и сакам да си ги задоволам потребите, ќе си чекам....нема друго чаре!
Вака, јас не мислам дека љубовта не постои, ама па изгубив надеж дека некогаш ќе бидам во врска со некој што ќе го сакам или ќе ме сака. Уште од 15 години кога прв пат излегов со еден дечко па се до сега верувале или не, не сум имала ниту една озбилна врска. Секогаш пред да бидне работата и да премине во некаква врска не ја бивало. Или јас лично ќе изгубев интерес зашто брзо ќе ми досадеше или ќе испаднеше некаков проблем од страна на машкото или ќе беше во врска или ќе беше верен или не знам што веќе. Едноставно немам среќа во љубовта, никогаш ниедна врска не ми станала сериозна. Или мене ме сфаќале несериозно или јас нив па завршувале и пред да почнат. Никогаш не сум се заљубила искрено.Мојата најдолга "врска" траеше 3 месеци. Затоа после одлучив ќе влегувам само во отворени врски и нема да се надевам дека ќе прерасне во нешто поголемо. И така си продолжив, ми беше убаво не се жалам, барем не излегов никогаш повредена оти не му го дадов срцето на никого. Ама сега се прашувам каде по ѓаволите ми отидоа 8 години од животот, каде ги потрошив ? Безвезе... Што е најлошо уште сум на тој ум, не сакам да се врзувам, убаво ми е сама, не се замарам со никого, на никој не мора да се правдам за ништо, излегувам кога јас сакам и ми одговара со некого, кога не ми одговара не излегувам и раат си сум секогаш. Ама па од друга страна тоа е залудно губење време. Што да правам, не знам како да се смени ова. Не знам дали некогаш ќе најдам некој со кого ќе се поклопам. Едно време дури секогаш ќе се залепев за нешто што ми беше недостижно, забрането само да се измачувам себеси зашто не можев да го добијам. Да, некои жички не ми се во ред во главата. Заради ваквите забранети работи кои јас ги сакав или мислев дека ги сакам тотално се упропастив ама среќа и тоа го надминав па сега не вложувам се што имам само за да остварам некоја желба која би требало да е забранета. Како и да е, се надевам сонцето еден ден и мене ќе ме огрее, сакам да се заљубам ама да биде искрено и да трае.
Не сум разочарана од љубовта. Како може некој да биде разочаран од такво возвишено чувство? Разочарана сум од самата себеси. Разочарана затоа што се‘ уште се убедувам дека сум за љубов створена, кога некое чудно чувство одвнатре, кое упорно го игнорирам, ми вели дека не сум од тие луѓе.
Значи јас сум дефинитивно нај разочарана од сите вас...Имав врска 5 години,раскинав...Сега 6 годишна врска и го загубив и него пред 1 месец... Па животот така ми замина.само се прашувам што е проблемот зошто???
Секогаш во животот има нешто што се љуби. Не треба да не разочарува љубовта. Секогаш постои некој на кого сме му потребни и кој искрено сака да биде со нас поради нас самите а не поради нешто друго. Навистина нештата се изменија и добија поинаква димензија. На луѓето им стана приоритет се освен љубовта. кога се изгубија вредностите како посветеност, пожртвуваност, доверба најбитно тука се изгуби и љубовта. Но не смееме да гледаме дека се отишло во тој правец но мораме сите подеднакво да се сложиме дека во времето на лажни идеали за соврешеност какви се сега, искреноста се третира како инвалидност!
Љубов... Не знам веќе дали да верувам... Имаше девојка со која беше 3 години... Ја немаше изневерувано со ниедна освен со мене... Еднаш плачевме двајцата зошто не можевме заедно да бидеме... Лани и раскина поради мене, дојде веднаш кај мене, со солзи ме гледаше, ми кажа дека ме сака, дека јас сум таа, дека не сакал веќе да ме повредува, ау бау... И еве сега се тргна од мене, се оддалечи без причина... Не се мачеше ниту да разговара со мене и покрај моите 5,6 неуспешни обиди... Се што добив како објаснување беше Јас само ќе те кочев и можеби повеќе ќе те повредував, се надевам еден ден самата ќе сфатиш зошто се испадна вака..... Можеше да ми каже... И не можам да го заборавам. Најубавите моменти во животов ги имав со него. Со него бев таа што сакам да сум. Среќна...
Чувството е навистина неверојатно, незаборавно и возвишено, како што велиш, разочарувањето е во тоа што таа личност за која го чувствуваш, не го чуствува истото, па и полошо, лаже дека е така...
Јас сум премногу разочарана моментално. Тоа од што најмногу се плашев,тоа ми се случи. Можеби сето ова ми е една добра лекција да сватам дека никому не треба да му веруваш целосно. Не знам дали некогаш ќе заборавам и ќе можам да верувам во други луѓе.