Постои љубов.Немој толку лесно да се разочаруваш ако едно машко не успеало да те направи среќна и заљубена. Мислам дека најголемата грешка е што луѓето многу брзаат.Сакаат во истиот момент кога ќе запознаат некој,одма да се фатат или муваат со истиот.Не знам зашто брзање. Според мене,треба време,најпрво да го запознаеш и да те запознае,и да има време двајцата да почнете да си се допаѓате.На почеток ништо не е совршено.Ама со тек на време се средува се. Ова е мое мислење и кажувам од мое искуство.
незнам според мене не постои еден сакав ама ме разочара од тогаш не сакав никој се до сега кога имам дечко веке година и нешто ама не е којзнае што не сум срекна нема љубов тука
Читам и неможам да се изначудам ако еден ве повредил немора да значи дека е крај на светот ке го сваите сето тоа одкога ке помине некој период дека се не се врти околу тој што го сакате и ве повредил.И јас сум била 1000000 пати повредена од човек кој сум го сакала или некоја личност што ми значела али до пред 2 години сватив дека не вреди за никој да се нервираш и солза да пролееш.А тоа ме научи една личност која ја запознав пред 2 години и се гледав со него до скоро едноставно ми го испра мозокот ме научи да мислам позитивно и да не гледам секогаш лошо на работите. Како од господ ми беше испратен можам да кажам
Нема љубов, а пробувате да направите бебе, како што читав низ темите ? Епа тогаш, сами си го барате. Сакате да пробате од сите колачиња, па после тешко - е тешко, брате. Не од љубов, ами од све по списак ќе бидете разочарани ако така размислувате.
Не сум се разочаруела од љубовта Се додека имам љубов во себе, нема да дозволам некој што бил на поминување во мојот живот, да ми го смени мислењето. Со некој ќе се сакаме, со друг ќе се мразиме, со трет нема да се тепаме, зашто ако сака такво нешто молим врата напоље...Се е тоа дел од животот.
. ....љубовта не разочарува никогаш...тоа се луѓето......секој на различен начин ја прима и дава љубовта...туак е разликата...тука е тоа што не боли и не прави несреќни......никој не може да знае дали е тоа правото или не однапред... . .совет.....никогаш не се откажувајте,кога најмалку се надевате ќе ви се случи нешто убаво... ..
Сум се разочарувала од постапките на луѓето а никогаш од љубовта..Движечка сила која те менува,ти дава сила се да направиш,ти буди емоции-пожртвуваност,сочувствување,наклонетост,грижење,среќа,спокој...неможе да биде нешто од кое би се разочарала.Луѓето се тие кои незнаат да уживаат во љубовта,да ја почитуваат,негуваат,да и го дадат местото кое го заслужува во нивниот живот и стануваат недостојни да ја имаат па тука настанува изневерување,навреди,физички и вербални пресметки,омраза...што дефинитивно не е љубов.
Девојко ти симнувам капа за пишаниот коментар 100% вистина и реалност.....значи има сеуште вистински личности на планетава кој ценат вистинска љубов, секоја чест
Ма не ме разочарала љубовта, ниту луѓето, јас сум се разочарала самата себеси бидејќи премногу сум очекувала од тие мали луѓе.
Читајќи ги на темава повеќето (млади) девојки што после едно повредување свечено изјавуваат дека не веруваат во љубов и не постои, дојдов до следниов заклучок - Love? Is that some kind of Pokemon or something? o.O Море пилиња едни повредени (не)искубани, ајде слушајте си ја песнава и не туку ми запаѓајте во депресии, глупости! http://www.youtube.com/watch?v=VVmbhYKDKfU
Фала Марјан007,и мене ми е мило што има уште еден истомисленик како мене.Секоја чест што и ти и даваш шанса на вистинската љубов.
ljubovta e zatvoren krug. Ako vo toj zatvoren krug se davas sebe si so 70% (emotivno) togas mozes da ocekuvas da dobies najmnogu 30% od drugata strana. Poradi toa optimalnata ubavina vo ljubovta e da se dava i prima 50 -50. Za zal toa tesko se postignuva no dobro e da se proba. Nekogas so samospoznavanjeto udiras kocnici vrz emociite so cel da ja dolovis realnosta na odnosot vo dadeniot moment.
Разочарана ?? Да... разочарана од тоа колку машките повеќе не се машки , не знаат да изјават љубов , не се храбри како порано итн ако е во оваа смисла да ... Во другата смисла ?? Пак да , разговараат , даваат надеж и ненадејно испаруваат и тоа ... :geek:
Не сум разочарана затоа што научив од никого да не очекувам премногу кога е во прашање љубовта и вака ми е супер.
Разочарана, па бев, ама не знам дали сум се уште. Разочаранa сум од луѓето и од тоа колку не можам да му верувам на никого. Ми изјавија љубов пред 4 дена, ама не знам дали да верувам во тоа или да сум постојан скептик како секогаш. Мислам дека ќе се држам до ова второто, бидејќи досега научив дека сите околу мене сакаат да бидат во моја близина поради некаква корист, почнувајќи од купот лажни пријатели, па се до последниот дечко. Тој кој ми изјави љубов изгледа премногу вистинско за да верувам во него, затоа и не знам што да мислам, што да очекувам и дали воопшто вреди да се надевам. Не би можела да издржам уште едно разочарување.
Не се разочарувам од љубовта како чувство,бидејќи не не разочарува таа,туку човекот со кој сме ја споделувале.Ретки се случаите каде од прва се погодил партнерот и завршиле со брак.Јас секогаш сум раскинувала поради причини кои не секогаш зависеле од мене.Партнерите били ок особи,нормално со некои маани кои јас сум можела да ги толерирам ,но едноставно не си било судено.За секого на светов има сродна душа,затоа не губете надеж и надевајте се на подобро утре
Неможеш да бидеш разочаран од љубовта туку разочаран од личноста која си ја љубел ... те откачил некој клошар и ајде сеа ке сечеме вени ,пих.... како не ... ке ти биде тешко некое време ама и тоа ке помине , гледај на позитивната страна секој крај означува нов почеток колку и да звучи клише така е . љубовта е насекаде околу нас ,нешто драгоцено и не вреди да престанеме да веруваме во нејзе само поради некој НЕчовек кој си поиграл со нас .