1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разочарување кога се соочуваш со реалноста за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од AURUA, 11 ноември 2017.

  1. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Па вака. Вонредно се запишав на вишата медицинска со оглед дека постојано има потреба од кадар. Колку толку не сме многу и се знаеме сите. 80%веќе работат со средно и сакаат за плус на плата да се со диплома како виш кадар. Јас по моето средно исто сум работела на приватно на повеќе работни места дури и по струка во здравство и видов какви се подметнувања,нервози,прекувремено останување,работење празници-недели има а тоа не ти се доплаќа и решив да се доедуцирам како виш кадар со можност за повеќе избор на поплатена работа. Муабетот од тие 20%што не работиме и учиме од почетоков на ноември скоро сите потпишаа волонтерски договори со државни клиники и почнати се. Тие се баш оние што и на тие ретки предавања вонредно не се ни појавуваа и полагаат онака ради-реда. Е сега како понатаму кога доаѓа разочарување кога се соочуваш со реалноста дека ти учиш,се мачиш,се трудиш а си без било какви врски(познанства,политички, да уплаќаш за вработување итн) а некој друг преку ноќ започнува волонтерски па за 3месеци и со траен договор а поима нема од пракса?
     
  2. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Разочарување при барање работа... Добредојдовте во реалноста!
    Ова најмногу им се случува на брзо дипломираните студенти кои со ентузијазам го очекуваат своето работно место од соништата а при потрагата увидуваат дека во 90% од случаите и за работно место за кое е доволно 4то одд. ќе треба да бркаат врски.
    Подобро навикнете се на ситуацијата дека поважно ќе биде некогу да познавате отколку нешто да познавате. Бидејќи нели секоја работа се учи ако сте опкружени со луѓе кои сакаат да ве прифатат. Ако колегите се обидуваат на старт да ве "изедат" ви честитам ако го издржите притисокот и се изборите за своето место. Бидете спремни дека понекогаш колку "ве бива" ќе одлучуваат луѓе кои прочитале една книга во животот и немој да ви паѓа тешко подобро станете со време рамнодушни поради себе. Ако гледате дека не ја бива со вашата струка барајте алтернативи со време бидејќи времето и новите генерации немилосрдно ќе ве згазат.
    Сепак се надевам дека со тек на време ќе ви се посреќи и ќе го добиете заслуженото овде или подалеку. ;)
     
    На PaLaVa, GirlLove, Justicija и 4 други им се допаѓа ова.
  3. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Па како му доаѓа некако за подалеку ми се плановите со оглед на нашата реалност а и некои други животни проблеми кои си ги имам со години наназад.
     
    На Mnik, PaLaVa и Feminka192 им се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    38.808
    Пол:
    Женски
    A ти средно медицинско имаш завршено?
    Денес во државните болници со средно примаат. Лани кога имаше конкурс за вработување во државна не можев да аплицирам со факултетот, исто и јас завршив на вишата мед. во Штип. Бараа со средно, а јас немав соодветно средно, завршив фармацевтски техничар.
    И сега пак ќе има конкурс, само нез дали е со средно или факс, ама мислам дека пак ќе е со средно. Фалат акушерки, ама не примат акушерки по струка туку мед.сестри и ги обучуваат за акушерки. Живи глупости. За џабе учевме ние, прва генерација бевме акушерки. Никоја не е вработена како таква и со факс. А и да имав соодветно средно немав врски. Ептен ми е криво што џабе пари, нерви и време потрошив. Тоа е нашата држава.
     
    На Olgica.bu и AURUA им се допаѓа ова.
  5. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Не те примаат нит за волонтер ако некој не гарантира за тебе. Врски,јасно? Што и да имам џабе ми е. Знаеш на колку интервјуа ме прашале па имаш едно,дали планираш пак иако тоа е дискриминација. Чисто да ми посочат дека сум жена во репродуктивен период и ако останам бремена сум им џабе губено време со мене. И мислев со виша нешто ќе ми излезе,ама ете пишав волонтерски потпишаа тие со врски што се и на вонредново.;(
     
    На Olgica.bu и forumce им се допаѓа ова.
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Не бидете смешни. По болници и по клиники ќе си работат деца на доктори, се знае како одат тие работи.
    Тоа е вистината, нема од што да се разочарувате кога знаете дека така оди тоа, посебно за тие од познато семејство.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.250
    Допаѓања:
    31.181
    Пол:
    Женски
    За жал тоа е суровата реалност насекаде низ државава и за било кое работно место. Врски имало и ќе има, независно дали станува збор за државен или приватен сектор. Македонче пред да тргне да заврши дури и најбанална работа, прво мисли на кого да се јави и кого го познава таму и таму а камоли пак кога се работи за добра позиција. За жал поради такви незаслужни лебарки кои го наместиле задникот на добро работно место само затоа што имале среќа да најдат јака врска, најдобри кадри ќе си седат дома, ќе волонтираат за џабе или во најдобар случај ќе земат некое платиче со висина на социјална помош. :devil:
     
    На Lily92, PaLaVa, Olgica.bu и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.316
    Допаѓања:
    95.167
    Бркај си врски:toivo:.
    Уште учиш, си се разочарала...што да кажат оние што се со години дипломирани и имаат доста познавања, сертификати и сл па седат дома?!

    Јас за пракса бркав врски и тоа во болницата локална не ме примија (а јасно им беше ставено до знаење дека НИШТО не барам освен потпис!) , одев во соседниот град (врски преку директорот), плаќав пат од џеб, не земав симболична надокнадна која треба да следува, се на сила само документ да земам. Да не почнам да раскажувам огорчените средовечни тетки колку не 'обучуваа'... ИЧ! Им се темнеше од нас, занаетот ќе им го земеме!

    ТоВа е. Тејк ит ор лив ит.
     
    На eliesaab и Justicija им се допаѓа ова.
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    19.465
    Пол:
    Женски
    Конечно вистинска тема за македончето (y). Па коа ке дознаете како некои теткици неписмени се вработиле и ке држат предавање како со упорност и без врски се вработиле во државни институции (facepalm)

    Што да ви кажам.... Пасошот у рука и бегајте од овде ! Таму нема врски за да се вработиш , но секогаш ке бидеш граганин од втор ред( не дека овде сме од прв ред , туку ај).
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Кривицата кај родителите ќе ја посочам. Учи сине за да биде човек од тебе, каде бре со такви семе синапово срања во ваква држава? Постари се, ја имаат осетено реалноста и повеќе отколку што треба па зошто не ги подготвуваат своите деца за она што следи? Како тоа им посочуваат примери на познати и успешни лица од својата околина како адвокати успешни, доктори ценети и слично а знаат добро дека фамилијата на тие луѓе си има корени пуштено во тие професии одамна? Или пак новопечени богаташи кои си купуваат дипломи и функции? Не дека нема луѓе кои сами со своја упорност и знаење успеале, ама ретки се, исклучок е, не е правило. Посебно женско дете, или омажи се во поугледна фамилија за да ти обезбедат пристојна работа со врски, или дудлај Боже прости ми. Во скромни кругови како твоите ако се дружиш, пиши пропало. Па затоа и гордост е за повеќето кога некоја ќе се омажи во една таква куќа -готово, тоа е тоа, успеа во животот.
    Простотилок и лажни вредности.
    Ако гледам дека во едно такво општество живеам, прво јас ќе си ги соберам парталите и ќе се заминам, а ако јас не можам, ќе направам се' да мое дете замине што подалеку. А да му подгревам надежи само колку да се каже дека надеж треба да има а не песимистички да гледа на работите -тоа сигурно не. Од старт сум главен кривец во тој случај.
     
    На kikikikirika, Olgica.bu, Dust и 5 други им се допаѓа ова.
  11. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    @AURUA ова што го опишуваш, па мислам дека е класика искуство во нашава земја, па и на Балканов.....
    Јас слична ситуација имам доживеано пред повеќе години, во друга бранша......
    Мене ми помогна следново:
    1 - Одбив да се споредувам со другите. Сфатив дека имаме различни вредности и цели во животот, и иако делуваше дека полесно си поминуваа од мене во моментот, ми помогна тоа што сфатив дека долгорочно немаме слична визија за животот. Јас сакав да постигнам нешто, да се докажам и да уживам во работата, а тие сакаа само да си го стават газот на сигурно и да работат само за плата, а не и со задоволство и со желба за постигнувања. Така да, се откажав од споредувања, немавме сличности, па така и не ми требаше да го имам тоа што тие го добиваа со врски и сл.......Си го чекав ( и дочекав) моето, моите 5 минути...И да ти кажам, моите 5 минути се сега многу бољи од нивните ;)
    Имај на ум: секогаш и секаде, се бараат способни луѓе. Случајно знам за една нова болница во Мк, кај што мака мачат да најдат сестри што знаат што е газа, и што треба да се прави во конкретни ситуации, што си ја знаат работата.
    2- Имам формула за решавање проблематични ситуации во животот. Формулата ми гласи вака:
    - Ако проценам дека можам да ја сменам ситуацијата што ми е проблем, тогаш правам се за да ја сменам.
    - Ако не можам да ја сменам ситуацијата, се менувам себеси, т.е. се поставувам различно и приоѓам од различна перспектива
    - Ако не можам или не сакам ни едното ни другото, тогаш ја напуштам ситуацијата што ми е проблем, и не се јадосувам заради тоа, т.е. ок сум да ги оставам работите позади себе.

    Формулава ми функционира и на работа, и дома и во кафана и во продавница, секаде. :)
     
    Последна измена: 15 ноември 2017
    На kikikikirika и toogood им се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.664
    Допаѓања:
    322.560
    Пол:
    Женски
    ако не се лажам вишата школа во моментот не ја признаваат.Бар така мене лани ми кажаа кога јас се запишав.Јас да сум на твое место не би ни губела време со неа.Ако сака некој да те вработи(здравство) ке го направат тоа и без вишата.Со мене се запишаа скоро сите колешки од сите можни одд(инфективно,анестезија,дестко),имав колешки од 8 ми септември,од Систина,буквално од цела Македонија.Гунгула беше.Мислиш сите тие ке добијат покачување,унапредување?Шанси нема.Од сите ние што бевме запишани само една колешка доби место на главна сестра во болницата и толку.Останатите се отпишаа.А зошто?Затоа што никој не беше будала да дава по 50 евра за книга на професор за да добие потпис.

    барај си работа.Дали по струка или онака друго не е ни битно толку.Познавајки ти ја ситуацијата од друга тема за тебе е сега битно колку толку финансиски да застанеш на нозе и да бидеш независна.
     
  13. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.325
    @EarthFire tocka dva ti e fascinantna. (y)

    Jas si ja primenuvam, isprobana varijanta i uspeva.
    Ne udaram so glava vo :headbang: provereno deka vo realnosta ne ide toa taka.
    Ne sum nekoja koja tek taka se razocaruva. Imam emocii kako i ostanatite no ne dozvoluvam da go vrtam toa vo glava odnovo i odnovo. Toa sto ne go biduva ne go biduva, krevam race i baram novo resenie pa ako treba i se otkazuvam.

    Dosega ne sum videla air od mnogu upornost. :(
     
  14. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.768
    Пол:
    Женски
    Бриџит помина времето на врски.
    Секаде се бира стручност за вработување по приватните фирми.
    За администрација не зборам, ама и таму веќе нема да биде како што било. Тоа инаку овде во Македонија, вие таму кај што живеете и работите ти ни објасни.:D

    Кој ако не родителот му даде надеж на своето дете? Па се знае прво и основно мора да учи, да стекне искуство, потоа да го усоврши и примени.
    Секој добар родител би му дал надеж, понекогаш и лажна. Колку луѓе на реални високи позиции има кои потекнуваат од обични и работнички семејства? Или они немаат право за сон, за желба за напредок, да продолжат таму каде што некој застанал.
    Еве мене ме интересира ти што му велиш на своето дете? Како го насочуваш ако не му велиш учи сине за да биде човек од тебе.
     
    Последна измена: 15 ноември 2017
    На buba4e89, crimson, Kitty23 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Kathrynn

    Kathrynn Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам со членката над мене. За вработување во приватна фирма не ти требаат врски, се бара стручност и постигнат успех. И не се базирајте многу на муабети што ќе слушнете - "во таа и таа фирма нема шанси да влезеш без врски." И јас завршив тежок факултет, се демотивирав од луѓето околу мене што зборуваа, тешко ќе било за вработување таму ти кај што имаш желба. Еве дипломирав, ми се оствари желбата, ќе работам таму каде што најмногу сакав да работам, и не, немав ни "в" од врски.
    За на државно е веќе друго, тука без врски, односно партиска книшка немаш шанси и тоа го знаеме сите, па нема што да се разочарува некој. И на приватно некаде може да се провлече некој кој има член од фамилијат вработен во таа фирма па ќе си го вработи и своето дете. Тоа го има секаде во светот, не само кај нас. Ако сте амбициозни, стручни, вредни и упорни ќе си го најдете вашето место. И секако дека поддршката од родителите е многу битна. Убаво кажа членката погоре, кој ако не родителите би му дале надеж на своето детe? :)
    [Ќе искоментирам уште за медицинска сестра пошто членката што ја отвори темата кажа дека тоа и е професија: според мене ништо полоша не е ни работата во приватниве клиники како што се Систина, Филип 2, дури и поголеми плати земаат од на државно а условите за работа се подобри. Пополнете онлајн апликација на нивните страни и очекувајте да ве викнат на интервју. Дајте се' од себе, не се демотивирајте и не се базирајте на муабети дека со врски вработувале. За другиве клиники немам точна информација како стојат со плати ама и таму не би требало да е лошо. Како и да е барем за медицински сестри има секогаш работа. Не мора во државна болница да се вработите,таму не се условите баш добри, се знае дека здравството ни е во очајна состојба./SPOILER]
     
    На Kitty23, *Amethyst*, friendy и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Темава ми е слаба точка.
    Толкав напор вложен,средно, дипломска, мастер...
    Просто ми оди е вака :headbang:!
    Непреспани ноќи, легни во 5 сабајле - стани во 7 за полагање.
    Треси се како будала на секој испит, а резултати кога се објавуваа.. е тоа беа мали срвеци удари. Си положил, ајдеее идеме напред. Завршуваш, малку беа пари давање и учење, па ајде +2, дупли трошоци,нервози...
    Идеш на интервјуа со надежд дека таму ти е местото, а местото веќе резервирано да ти било.
    Наоѓаш на крај некоја работа, се нафаќаш. Пробај де!
    Сфаќаш дека тој што е над тебе и тие околу тебе, те водат како марионета. Те деградираат, експлатираат до максимум, а немаат три чисти. Стигнале до таму кај што се од такви како тебе, а ти си најмалце ценет. И на крај пак не чиниш. :fubar:
    Излегуваш и останува само да си речеш- ќе биде подобро! :nod:
    И така, талкаш по интервјуа додека не се погоди... :bug:
    Јбг нема врски, нема книшка. :bow:
     
    Последна измена: 2 јануари 2018
    На buba4e89, My name, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  17. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.027
    Допаѓања:
    4.530
    Пол:
    Женски
    Ова кој го нема осетено на своја кожа ништо не знае. Си се мачел по гнасните студентски, си живеел со бубашвабите, твоите дома од устата делеле да те школуваат, напиздени професорици на секое ќоше само затоа што Господ не те створил таква да знаеш да им лижеш газ па си научил за 10 ти става 9, а може и ете , ја мрзело да прегледува па од ракав ти ставила 6ка, а тебе секоја оценка ти е битна за стипендија и таман си кажеш *Конечно дипломирав, заврши тортурата* кога БУМ шлаканица од срањето наречено живот.

    Ти примале некоја на 45 години што завршила вонредно туризам во Гевгелија , земјоделски факултет во Струмица или технички во Кичево, што цел факултет не им вреди ко еден твој испит , а ти со твојата диплома можеш ракета да си ја правиш и да си ја леташ.

    Дури и да си необразуван, само со средно школо заслужуваш пристојно платена работа која ке ти овозможи нормален живот ама не ... кај нас ке те шуткаат од врата на врата и ке ти велат утре утре.
    ----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

    Не знам каков совет би дала за оние што се без образование или со лошо образование за кое поседува некој диплома ама реално поима нема , но знам дека за добрите студенти од УКИМ , и некои факултети во Битола и Штип каде што излегува добар кадар секогаш ке има работа. Не очајувајте дечки, не им се молете по партии и фирми , охрабрете се да работите сами , денес интернетот нуди толку многу можности.

    -Ако си завршила педагошки, природни науки или јазици - одма без срам понуди се да даваш часови на ученици. На почетокот ке си работиш на црно и нема да земаш многу пари но потоа обавезно ке ви стигне понуда од приватно школо за јазици или игротека . Плус ке си во тек со работата, па кога ке излезе конкурс а ти веке си БРЕНД од добар наставник побрзо ке те примат.

    - За правен и политички --- пишувај колумни , плукај по партии, ангажирај се во секакви општествени движења , кога тогаш некоја партија само за да те закути ке ти понуди нешто или нема да те одбие на конкурс. Плус какви пари се перат по невладиниве, ехеее, најди си само соодветна невладина и како ке ти кажат така. Шарениве револуционери попаметни да не се случајно? Можел Васиљон со јадење г*мна да се пикне во влада, зошто да не и вие?

    - за економски - оди во некое сметководство ако треба првата година работи и за џабе. Сега курсевите за сметководители ги стегнаа не може секој да стане лесно сметководител, процесот е долг, ама гарантирам дека ако некој си ја знае добро работата и ја има економијата и правото во малиот прст за 4 години ке успее да стигне до добра заработка. Не се обесхрабрувајте што има еден куп сметководители, пренатрупани се со работа , грешки прават и за нигде се, вие бидете поразлични од нив.

    - Земјоделски- тешко звучи, но ако немаш пари за сопствена земјоделска аптека, се нудиш на фирмите што продаваат семиња и препарати и продаваш нивни за процент. Плус одејки по фирми ке видиш каде се бара агроном. Важно е и да имаш свое земјоделско производство, дека многу поубедливо звучи кога ке кажеш дека и ти си го пробал семето на твоја нива. За земјоделски има еден куп работи што може да се работат.

    - Технички науки, електро и машински - тука не верувам некој да е невработен но ако има такви, пробајте нешто да работите сами, и слободно постирајте сегде да знаат лугето дека постоите во таа бранша како мајстор/технолог/електричар/архитект . Ако треба на почеток работете и без пари.

    -уметности исто - Вие барем сте креативци. Часови по гитара, специјализирани поклони од уметници, свое модно студио за дизајнери. За вас на почеток и не мора мног рекламирање, затоа што делата зборат за вас.

    И НАЈВАЖНО :::::: НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ , НЕ СЕ СРАМЕТЕ; НАЈГОЛЕМ РИЗИК Е ДА НЕ ПРЕВЗЕМЕШ РИЗИК
     
    На ani23 и eliesaab им се допаѓа ова.
  18. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.250
    Допаѓања:
    31.181
    Пол:
    Женски
    За државните институции општо познато е дека се влегува со врски иако јас имам мое многу позитивно лично искуство кое го поби тоа тврдење. Но што им е проблемот на газдиве по приватниве фирми? Се посигурна сум дека кој од кој се поотидени со паметот. Пред некој ден бевме на една собиранка со колегите од факултет па падна на муабет вработување, работни позиции, примања... Секој си кажа за себе како му е а на тема паднаа дури и оние кои не присуствуваа во моментот. За волја на вистината, најслабите студенти кои едвај дипломираа а некои од нив ни до тоа уште не стигнаа се на одлични работни позиции по приватни фирми, пред оние многу подобрите кои во рекорден рок и магистрираа и покажаа највисок успех. Имаше и еден апсурден пример каде една која уште нема ни дипломирано и е преслаб студент е раководител во сектор каде има вработен кој во мементов ги привршува докторските студии со просек над девет ипол и на кој таа му команда и дава мислење за него. И после немало врски по приватните фирми. Жити глупите газди! Од сопствен џеб ги плаќаат најголемите паразити наместо да ги одберат тие кои имаат најмногу квалификации. За греота и срамота, не бидува од нас ништо!
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    68.620
    Пол:
    Женски
    Школото не е мерило за тоа кој колку ќе биде успешен во работата. На кој колку му фаќа кликерот. Кој колку вложува во работата и колку сака да научи, тоа е успехот. Знам личности кои завршиле со просек 9 ама во пракса не ги бива. Секој може да седне и да набуба материјалот ама кога ќе дојде работата, тогаш се гледа неговата креативност, имагинација и неговата способност да се снајде во секакви ситуации.
     
    На Belgin1 и crimson им се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    14.321
    Пол:
    Женски
    i nas profesorkite na fakultet ni vikaa edno e teorija a drugo e praksa pazete sto pravite