Значи по дифолт незналицве и препишувачиве од прв до последен на добри позиции оти се многу паметни а тие добрите студенти испаднаа сите глупи бубалици на кои не им фаќа кликерот. Оти не станува збор за еден или двајца, зборувам на ниво на генерација. Да е само по некој пример ок, се сложувам. Плус тоа мојот факултет не е со бубање, технички е и работите мора со разбирање да се научат. И да сакаш нема што да бубаш, едно со едно не е исто, мора јака логика да вклучиши длабоко да навлезеш во проблематиката за нештата да ти станат јасни.
Се надевам дека сите ќе најдете работа каква мислите дека заслужувате. А кај нас врски врски и само врски.И знаење треба да, ама како ќе го покажете?
Не го оспорувам јас твоето, има доста случаеви кај нас такви само затоа што кај нас вработувањето мора да е преку врски. Не верувам во се што ќе слушнам кога се зборува на тема вработување и такви работи. Ние сме си таков народ што сакаме да најдеме работа која ќе биде клати врата, земај плата. Овие работи јас ги земам малце со резерва. Ако биле добри студени не значи дека се и добри работници, едноставно не сакаат да работаат ( џабе јас и ти што ги знаеме како добри студенти). Се си има своја позадина, а со тоа дека кај нас е со врски потполно се сложувам.
Никако не ни помислувајте да се разочарате, на почеток не е лоша идеа по школувањето да одите на пракса или обука па макар и за без пари, работодавците тоа го ценат, пуштајте апликации онаму и каде што немаат моментално потреба за работа, иако звучи чудно и неприфатливо- бирајте го и друштвото, пријатели кои се на добри позиции кои ќе ве препорачаат и ќе кажат убав збор за вас, сепак тие имаат контакти со многу повеќе луѓе од оние кои не работат. Порано или подоцна на секој ќе му излезе шансата
Сите разочарувања на крај се за да излезе нешто подобро. Не треба човек да има страв, ниту да се обесхрабрува. Едно ќе се затвори-друго ќе се отвори. На крај сите врата шо ќе ви затворат ќе ве бараат, ама бидете паметни и газете пред себе.