1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ракија од киви

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од teddygirl, 17 октомври 2011.

  1. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Имаме засадено дома во двор стебла киви, и годинава има доста плодови па освен компотот и џемот што ги прави мајками оваа година таткоми сака да проба да направи и ракија од киви. Сакав да прашам дали некој од вас знае како се прави, дали неговите правеле некогаш или пак пробал и ако имате пробано добра ли е по вкус? :)
     
  2. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Ракија може да се направи од се, мајка дет вели и чорапите да си ги ставиш со вода и шекер, ќе добиеш ракија. Тато прави од што му падне. Лани направи 250кила ракија. Правеше од кајсии, праски, од лимони е правел, од краставици и патлижани (се зезаа со колегите му, не му треба салата, све е внатре хаха), може и од киви да е правел, незнам. Од све е правел, јас не пијам ракија, ептен ми гори, али тато не седвит на маса без салата и 1 чашка (за дезинфекција както вели тој :D ).
    Ако татко ти е правел да сега ракија, значи знае како се прави. :tmi: [​IMG]ај наздравје
     
  3. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Па се прави исто како и оваа од грозје неам правено ама знам луге што правеле. Исто се лупи се гмечи тоа комината и после со широмер се проверува секој ден дали останале шеќери. Кога ке покаже мало ниво на шеќер или воопшто да нема шеќер значи ферментацијата завршила и може да се почне со варењето на ракијата. иста постапка како е кај грозјето само што мислам дека се добива многу помалку ракија бидејки кивите содржат помалку шекер што значи помалку алкохол ке се добие. Инаку вкусот е на ракија. Нема ништо од кивите не очекувај зелена ракија со вкус на киви. Бојата е малку поинаква од таа на лозовата меѓутоа не е истиот квалитет на вкусот. Сепак од грозјето се прави најубавата ракија.

    Иваноска браво за татко ти епен ја усовршил техниката ама каква е таа од кратсавици, може ли да прашаш сигурно дали има таква правено и пиши ми во лп? ПО некоја моја логига од краставици ракија е невозможно да се направи па дури и да е возможно приходите би биле ептен мали.
     
  4. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Тато познава еден човек, кој врти бизнис со овошје и зеленчуци. Е кога му се расипуват престоелите зеленчуци и овошија, тато му ги купува за ситни пари и прави ракија од нив :P Може од краставици, може и од домати. Од домати е малку кисела ракијата. Ракија може од се да се прави. Ставиш ли шекер и вода, можеш ракија и од трева да направиш. Од се бе, СЕ! :tmi: :D
     
  5. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    Ммммм.. ракија од чорапиии
    баш би сакала да пробам :?:
     
  6. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Хаха јас прв пат слушам за ракија од киви:D:D
     
  7. Triumf

    Triumf Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Машки
    Rakija se pravi od sve,mene najmnogu mi se bendisuva od cresni a ne vervam deka ke bidi losa i ovaa od kivi.
     
  8. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Никогаш немам видено/пробано ракија од киви, ама мислам дека би имала некој посебен шмек.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    6.015
    Пол:
    Женски
    Е, се сум слушнала, само ова не:rofl: