Да да тоа беа квалификации, светското првенство во Шпанија ќе биде од 11 до 27 јануари 2013г. Од четирите градови ние се паднавме да играме во Севиља, во група Б со селекциите на: Чиле,Данска,Катар,Исланд и Русија. *Сметам дека без проблем ќе сме први во групата Група А: Франција Аргентина Германија Турција Бразил Црна Гора Група B: Србија Словенија Полска Јужна Кореја Белорусија Саудиска Арабија Група Д: Шпанија Хрватска Унгарија Алгерија Египет Австралија
Нашиве ракометарки ептен слабо се покажаа во изминативе натпревари против Франција и Шведска. Навистина очекував подобри резултати посебно во натпреварот со Шведска. Вечерва за против Данска немам многу надеж дека ќе ги победиме, ама ајде да се надеваме, но себак како што кажав ептен се слаби шансите за победа.
Од психолошка гледна точка, најопасното сценарио за нас... Се надевам ќе ме порекнат! Во право си, потфрлија. Реално гледано, не очекував победа во претходните два натпревари, но двата да ги губиме со +10 разлика? Крилата исто како во Македонија да сме ги оставиле.
E да тука си во право, ако сме први може после да ни се одбие од глава стекнатата самодоверба, тоа е меч со две острици А иначе понатака од првата групна фаза би оделе 4 или 5 репрезентации во групите? Како одат тоа правилата? Па после би се прегрупирале? Или би се сооочиле со некоја репрезентација од А групата? Едвај чекам да започне машкиот ракомет неможам жениве да ги гледам веќе
Чекајте, ако Франција победи и ние го победиме денешниов натпрервар, ќе имаме шанси за понатамошен пласман? Денеска со Данска или Шведска играме?
Значи за момент имав надеж дека нешто ќе направат, ама за момент Дај боже второ полувреме добро да се држат а не да неможат пак да дадат повеќе од 15 гола....
^И јас искрено се понадевав...не е се изгубено далеку од тоа. Може да се надокнади, но работата е да не се успаничат и дали ќе знаат и можат тоа да го сработат.
Мене ми се чини дека е се завршено, само да не испадне дека сме биле најлоши како што кажа коментаторов да не изгубиме со повеќе од 12 гола....
20МИН се многу ако се опаметат....ама ако вака во рака им даваме топки, и голманкава наша-Тања ако се понаша како Борче кога бранеше за мажите џабе ни е се
сега го слушам тренеров да сме биле поефикасни поборбени во напад! А да им речеше нешто за одбрана да средат абе господи поможи е и тренеров... а Тања ми брани како ради реда пошто мора да стои некој на голот а не борбено и за Македонија со срце, како сеедно да и е некако...
^Ете 10 разлика...значи пак ќе биде изгубено со +10 како и да е ова е последниот настап веќе нема шанси...
Ајде, на крајот добро излезе, само седум разлика, и дефинитивно најдобриот меч кој оваа македонска женска репрезентација го има одиграно. Добро се држеа, на моменти и водеа, но сепак тоа е Данска, а и самите бевме свесни дека со оваа млада и неискусна репрезентација + и во најтешката можна група, такви ни беа шансите. Сега се надевам дека ќе се квалификуваме на светското првенство. И со душа чекам да дојди Јануари и да ја гледам машката репрезентација. Сепак браво и честитки од мене за натпреваров
^така е рака на срце најдобар меч. Од друга страна пак треба да бидеме задоволни што по 4год. се пласиравме воопшто. И ајде со господ напред последната шанса ни е баражот.