Значи Данциве тотално ме разочараа Што ли само им се случи? ццц Мислам дека ова им беше најслаб меч последниве 5 години на вакви големи натпреварувања. Секој чест за Шпанија! И повеќе од заслужено ја добија утакмицава. (не сакам да пишам пехарот затоа што ова беше прва утакмица која им ја гледав, па не знам). Браво и за Данците! Со оглед каква игра покажаат Светсково мислам дека заслужено и они се најдоа на пиедесталот.
Ги сакам Шпанија. И одсекогаш сум за нив, бидејки многу ретко се случува да ме разочараат... I <3 Espania Се знаеше за победата, и ја добив кладбата што е најбитно...
Да бе да бевме толку добри ќе ја тепавме Данска тогаш кога имавме шанса. Абре си ја сакам државава исто и сите вие и нормално дека ќе навиваме и ќе ја бодриме Македонија до крај ,али па некогаш сте вие толку нерални и пристрани тоа чудо. Данска се фантасични во ракомет им нема равен според мене. Али заморот го прави своето, имаа доста јаки препреки до финале Данците и веројатно снемаа концентрација. Мене па ми се многу сипатични, дури и тренерот, умерени, многу брзи и прецизни. Си ги имам искажано симпатиите кон Расмус Лауге, ах, ептен ми е симпатичен и мил. Ми се допаѓа нивната игра, уиграност и континуитет кој го покажаа последниве години наназад. Сeпак сребрен медал не е мала работа. Сосема заслужено. Спојлер Според мене најсекси играч на првенствово
Им нема равен? Како тоа... ако ја сакаш Данска и ја поддржуваш не значи дека се најдобри и дека им НЕМА равен. Ете им има. Да им немаше ке беа први... ама вака па многу монотоно стана, сегде шпанија да тепа мора да се смени нешто, не е интересно веке
Сврци, секој си има свој фаворит без разлика дали тој победил или не. Јас не гледам само на база на пследната утакмицава, гледам и наназад последните 2-3 години, Данциве имаат најдобра игра, што покажаа и резултатите на последното Европско па и пред тоа. Дали им се посреќни на Шпанциве ќе покаже време. Моето мислење е дека Данска има најдобра игра, покрај лошото финале, не беше нивен ден. Диверзитет на мислења, ставови и вкусови, мислам нема потреба дополнително да пишувам. Инаку се согласувам со Сноу, ужасна организација, што од кај нас, така и таму. Среќа што воошто стигнавме да го играме натреварот со Германија.
Од денес повторно треската наречена „Лига на шампиони“ Металург од 16:30 игра со Горење на гости. Да им посакаме среќа
Во недела играат против Силкеборг во салата „Борис Трајковски“, последна утакмица од групната фаза од Лига на шампиони.
ок фала многу, но да не знаеш што играа вчера? Една другарка ми рече дека вчера гледала некоја утакмица
Во средата играа утакмица од СЕХА лигата тука во Автокоманда, мислам беше против Слога Добој од Бања Лука. Знам само дека ги скршија
Браво Металург за 2рото место во групата Денес и да изгубат, пак одат понатаму. Веројатно шанса ќе се даде на втората постава
Прекрасен натпревар!! мераци за гледање и првото и второто полувреме (посебно второто ) Како ги скрши Станич најголем мерак ми беше тоа!! Сега кој и да се падне ќе биде тешко но со оваква одбрана, оваков Мојсо и Станич имаат големи шанси
Се чека денес да се види кој ќе биде следниот противник на Металург. Инаку, имаат лоша вест. На натпреварот против Силкеборг, Дејан Манасков незгодно падна, и објавија дека ги има скинато лигаментите поради што ќе мора да паузира 6 месеци. Ова не е лошо само за Металург, туку и за целата репрезентација, која од април (мислам дека првата недела) треба да продолжи со квалификациите за Европското. Да се надеваме дека покрај Алушовски, ќе се најде уште некој кој ќе биде достојна замена.
Mислам дека Алушевски одлично ќе се снајди на терен, како во старите добри времиња. Во последно време, тој беше некако многу запоставен, бидејќи и во 2те полувремиња го заменуваше Манасков. Сепак мислам дека иако е стар, го има искуството како долгогодишен играч и дека нема воопшто да имаат проблеми со левото крило.
Odlicna igra denes na Metalurg protiv Dinamo,me iznenadija prijatno i toa na gostinski teren.Junak na mecot-Mojso sepak se cuvstvuvase otsustvoto na Manaskov,negovite kontri i polukontri.Se nadevame na uste edna pobeda na revansot i vlez vo cetvrtfinale!