Не го гледав мечот снема струја Вистина е дека имало мала збрка на крајот? Може некој да ми каже што се случи и ако има видео??
Da,navistina imase mala zbrka,sreka sto ne dojde do pogolemo.Imeno,se oglasi sirenata za time out,a nikoj nemase pobarano i toa koga nasite momci bea krenale vo napad.Odma site na zapisnickata masa,se raspravaa so delegatot,pogotovo nasite(demek tie pobarale time out).Aleksandar Petrovski dobi zolt karton,a cinam imase i isklucuvanje za nekoj od nasite igraci.
^^^^Алушевски не е во репрезентација, незнам дали читавте за ова пред Светското. Гоце Ојлески од Вардар ПРО е замена за него, ама на Светското не играше ич.
Не зборуваме за репрезентацијата За пола саат игра Металург!! Не очекува уште една победа!! Но пак ќе биде тешко со судиите
Го гледате ли натпреварот? Добро се држат момците сега за сега. Се надевам дека ќе успеат да победат затоа што навистина заслужија да ода понатаму! Страшна атмосфера има во салата, посакувам да бев таму. Ајде Металург!
Гледав!! И изгледав едно прекасно второ полувреме!! Атмосверата во салата Камо да бев таму!! Да, го заслужија влезот меѓу осумте најдобри и јас мислам што и да направат понатаму нема да биде малку и овој пласман!!
едно големо браво за Металург одлични беа,блескаа.сега сме меѓу најдобрите 8 многу ми е мило се радувам одиме понатаму,без разлика каков ќе биде исходот и ова е одличен резултат иако мислам дека далеку ќе дотуркаат момциве секоја чест
Тежок натпревар беше. Белорусиве одеа на се' или ништо. Но, секоја чест за нашиве од прв до последен, не само за денешниов натпревар туку и за сите претходни. Понатаму, со Господ напред. Јас ја посакувам Барселона зошто мислам дека со германски тим имаме најмали шанси. И така, во главава уште ми пулсира, дланките ми се со попукани капилари, за грлово да не зборам. Се надевам ќе се рехабилитирам до среда за во Автокоманда кога играат во СЕХА. Таму се топорам во втори ред, да пружам рака ќе го фатам симпатијата мој . Уште да добијам некоја топка во глава...
Cestitki za Metalurg,odlicni bea vcera,znaev deka nema da ne razocarat.E sega koj i da ni bide protivnik,ke bide tesko oti site se vrvni ekipi so renome.Vo ovaa faza nema pomalce tezok protivnik...
Мислам дека Киелце ни беше најдобра можна алтернатива.. Не можам ни да замислам да го добиеја Атлетико или не дај боже Барселона
Јас па мислам дека со Киелце имаме најголеми шанси за победа, и искрено се надевав дека ќе ги добиеме и ете ме израдуваа. И многу ми е мило што конечно после Кометал некоја екипа од Македонија без разлика дали е машка или женска се наоѓа во најдобрите 8. Браво
луѓе денес игра македонија со шпанија за квалификации така? тоа во борис трајковски е ? јас дури сега разбрав дека е во скопје и карти испродадени или слободен влез па кој влезе влезе??? дајте инфо сакам да идам вечер
Картите беа пуштени во продажба минатата недела и уште од викендов се целосно распродадени. Утакмицата почнува во 17:45. Сигурно ќе има пренос на прва.
Каде можам да купам карти за натпреварот Металург и Киелце и колку пари е карта и во која сала ќе се игра фала многу.
Некој некакви информации да не има за од кога и каде ќе има карти за полуфиналето и финалето од СЕХА лигата?
Знае некој колку се цените за Металург - Зомимак овде во Струмица? Денеска е, но јас не сум доволно информирана
Ќе одам вечер на натпреварот, па ќе ви пишам дали победиле.. Инаку нели имаше посебна тема за Металург?
Се извинувам што пишувам мислење едно под друго. Вчера секако - победија Металург! Против Зомимак Струмица. Металург 33-20 Зомимак Струмица Јас си навивав за Металур, а сите други во салата беа за Зомимак, кога ќе дадеа Меаталург гол, само јас плескав во цела сала , па што, гајле ми е. Ги испосликав, ама многу се матни сликите, а видеата што ги снимав ги нема, ко во земја да пропаднале , како и да е. Супер ми е што победија, а тоа и се очекуваше, кои се Зомимак против големиот Металург!? Еве ви и линкче за повеќе информации: http://www.rkmetalurg.mk/metalurg-ja-mina-pretposlednata-prechka/