Опсетната сум со ракомет (мислам на гледање не играње) и тоа само машки. Вчера пуштив жениве да ги гледам ама некако ми станаа досадни и не ги догледав! Вечерва е клучниот натпревар Вардар ПРО - Металург и не можам да го дочекам... ииии да... Еден живот, една љубов!!! <3 Вардар
Задоволство беше да се гледа вчерашниот натпревар на Металург против ПИК Сегед. Се надевам дека разликата од 10 гола е доволна за да влезат полесно во тамошниот реванш.
Јас со ракометот многу се разбираме... На часот по физичко еднаш вежбавме ракомет ова-она и сега професорот ме гледа како фрлам-подавам со ракометарската топка и ми вели: Мало-не фрлаш ѓуле,топка фрлаш! Ги мешам атлетиката со ракометот де!
Сегед не успеа да ја поништи разликата од 10 гола, па и покрај поразот од 23-19, Металург си обезбеди место во ЛШ и со тоа нашата мала Македонија ќе има двајца претставници и тоа во иста група!Е па што друго, освен секоја чест Среќно и на Металург и на Вардар!
Никој ли не гледаше ракомет денес? Браво и за двете наши екипи а посебно за Вардар Се надевам само дека ќе продолжи со ваква игра и далеку ќе стигне. Покажаа дека се стварно стабилни и искрено мислам дека се малку подобри од Металург. А да не знае некој женските кога почнуваат?
Гледав јас Барселона - Вардар. Искрено, не им требаше последното промашување се нервирам ептен за тоа. Инаку, цело време си подрипнував, добар натпревар беше. Браво за Вардар, беше еднакво на победа. Не е лесно да се игра против Барселона. Браво и за Металург, иако не гледав
Ау каква енергија имаше во сала, многу еуфорично, многу јако! Браво за Металург, иако мора да се признае дека можеа и малку подобро. Само малце се просељачивме со фрлање предмети на терен, и шамарот што го попи Хансен од оној аеродромецот, како ли се викаше не ми текнува. Јес дека Хансен си го заслужи, му должиме од лани кога на Македонија - Данска ни даде гол во последна секунда. Како и да е, немаше потреба да се понашаме сељачки, да ги свириме, фрламе по нив и покажуваме средни прсти, кога и онака ги победивме. Сега уште некоја казна да ни залепат. Само си мислам, кога ПСЖ со Металург поминаа вака, како ќе поминат со Вардар.., ќе треба на бајачка да ги носат после.
Време беше и женскиов ракомет да живни малце . Јас отсекогаш повеќе сум била фан на женските клупови и женската репрезентација и ептен ми е мило шо конечно еден тим наш игра добро, море одлично игра, покажа дека може да му се спротистави и на големиот Ларвик денеска. Браво, едноставно браво. Одамна се немам радувано вака. Ајде сега чекам Металург утре и Вардар во Недела.
металург вчера го победи динамо минск. атмосферата беше супер и навистина имаше помешани чуства и збунки. се гледаше дека натпреварот нема де биде лесен, навидум белорусите даваа лесни голови на почетокот однесувањето на станиќ беше срамно и навистина вознемирувачко. колку и да си лут не се однесува така со твој претпоставен пред илјадници луѓе во публика ( незнам дали го прикажаа на телевизија) од скандирање на неговото име се доведе во ситуација да го исвиркаат. се занесува? навистина има проблеми со организацијата? сака внимание? искрено ми беше драго што металург победи и без станиќ, ( секоја чест многу го почитувам но...) еден играч не ја прави екипата и тоа треба на сите да им биде јасно. секоја чест за новиот голман кој што додека бранеше публиката го викаше станиќ и овој доброволно се повлече но големиот станиќ не сакаше да чуе. се сконцентрира мијатовиќ и свати дека може и тој . браво за георгиевски и ојле дојле ( ова на галено оти мн е симпатичен не е навреда) и штета што ваква убава победа ја засени инцидентот со станиќ/
Станиќ упропасти и атмосфера и утакмица...колку и да имал причини за лутење и нервоза, тоа се расчистува пред или после натпревар. Конечно, можел пред натпревар да каже дека не му се сите овци на број па да играат вториот и третиот голман. Вака многу неспортски, од еден спортски идол на младиве генерации. Особено ако се земе во предвид колку деца и млади имаше на натпреварот. Особено моментот кога му се пушти на помошникот тренер. Катастрофа. Ако мисли дека негде ќе биде подобро платен, ценет, скандиран од публика и толериран за неговите испади, нека си оди слободно. Со сила убавина не бидува... За сите останати играчи секоја чест како издржаа психички во таква атмосфера да дојдат до победа.
Незнам дали некој прате ракомет ама јас сум превозбудена за вечер. Благодарение на комитите кои што имаат лоша репутација и се близу до дивјаци кога губат решивме одамна да не присуствуваме лично на натпреварот па затоа ќе се гледа од дома. Јас од срце ќе навивам за металург и се надевам да победи но пред се се надевам на прекрасна и фер утакмица неизвесна до самиот крај, тоа ќе биде уште поубаво и од победа. Уживајте.
Ќе биде интересно вечер, едвај чекам да почне. Јас и онака сум фан на ракометот, а кога се играат вакви натпревари уште повеќе Инаку, да прашам од колку часот точно почнуваат?
Сега се јавија моиве, едвај влегле, на влезовите било буквално војна. Ме фати страв, се надевам ќе помине натпреварот без инциденти. Сум за жестоко навивање, но против хулиганство.
Им вратија Металург на Вардар, второ полувреме не знаеа кај се наоѓаат. Битно и двата клуба си поделија бодови. Аман веќе од инцидентиве на Комити, еден од нив столче фрли на терен. Какви сељачишта се имаат зберено во таа група, не ни уживаат во спортот, одат со главна цел да измлатат некој на трибина. Нека свират клавир таквите, ич уво не ми чуе.