Бев да ја гледам Бардар - фленсбург Уште ме боли душата за Вардар... Каква атмосфера и еуфорија беше тоа, е тоа не се случува стално. Тоа не може да се опише, тоа може само да се доживее. Вардар во срце Судија пе...р..срам да им е ни ја зедоа утакмицата во последните секунди.
ЖРК Вардар ...денес не беше нивен ден, да се натпреваруваа во коj повеке ке промаши ке победеа. Дури ни малата спортска срека што треба да се има не некеше кога одлучувачкиот гол на краjот не беше признат поради таjм оутот од Индира.....
eee конечно најдов тема што ми одговра ооо ракомет тренирав 2 год. и многу многу жалам што не продолжив, негде....
Јас сеуште тренирам ракомет гулман сум :geek: тренирав 1 година имавме пауза долго време и се запишав кај друг тренер
Само што заврши натпреварот помеѓу Металург и Вардар за шампионската титула кај мажите кој се играше во гулубарникот во Автокоманда. Го гледав натпреварот, иако навивам за Вардар, ова беше сосема заслужена победа од 9 гола разлика за Металург, им одржаа лекција на анемичниве вардарци. Не дека барам оправдување, ама може ли едно балканско дерби да се игра во кокошарник бре? Самсоненко изиграваше џентелмен и наместо под Кале играа во Борис Трајковски, а дозволи реваншот да се игра во ќумезот на Минчо? Што сала е тоа за натпревар од овој тип да се игра пред публика од само 1.500 гледачи, и дозволен влез на само 300 гостински навивачи (Комити)? Супер, така убаво и џентелменски им го начукаа, памет за друг пат. СРАМОТА за играта што ја покажа Вардар, ракомет играа или балет? За што се чуваа ѕвездите денес кога се решава титула, можеби за следниот натпревар со ракометниот клуб Свирпичино? Ако имаат барем малку достоинство, треба да си ги свиткаат опашките и да ги вратат парите бидејќи се што направија сезонава го згомњосаа на најважниот ден, па догодина нека играат во куп на ЕХФ наместо Лига на Шампиони.
Би можеле малку да ја заживееме темава. Пратите ли ЛШ за кој клуб навивате? Јас сум голем фан и не пропуштам уткамица и на Вардар и на Металург. Со срце и душа навивам за Металург но се радувам и на успесите и на Вардар. Имаме врвен ракомет и навистина е уживање да се следи секој игра. Ги гледавте ли последните две утакмици ? Кое е вашето мислење?
Јас сум за ВАРДАР. Ептен се покажаа уште на стартот. Како без проблем ги победија и Ловен и Чеховски медведи, од мерак. За Металург баш ми е криво што им почна лошо сезоната, сепак подобро е кога имаме два клуба во ЛШ.
Да металург почна лошо, многу кадровски промени, многу финансиски проблеми и нормално е дека сето тоа ќе вилијае, се надевам дека се ќе се среди иако годинава не очекувам многу, мислам дека е реално оваа година да се симнат очекувањата. Искрено ми е страв од Кил сега во сабота. Вардар се надевам ќе продолжат со исто темпо ме загрижува само што на некои натпревари почнуваат фуриозно а потоа ги снемува нигде и едвај ја задржуваат победата. Сигурно им треба уште работа а од нив бараме се повеќе и повеќе бидејќи имаме највисоки очекувања годинава. Исто и за ЖРК Вардар.
Вардар - Монпелје 34:34 Каква утакмица беше ова, прекрасна и двете екипи во форма. Нашите попуштија во второто полувреме па французите малку се израдуваа за на крај да ги наведнат главите кога заврши нерешено и тоа на нивен терен. Е па ова е Вардар, сега ако не се истакнат кога. Со оваа екипа што ја имаат на најдобри играчи од Европа тие треба да одат во фајнал 4, па и во финале. Сега во ноември ќе биде лудница во Јане Сандански.
Да супер беше многу интересна, ептен на ниво и неизвесна. Она што го споменав претходно е дека знаат да попуштат во одредени периоди и тоа е тоа што е загрижувачки но верувам дека ќе работат и на тоа. Се на се честитки и само напред. Што се однесува на утакмицата Металург Кил .... шта речи а не заплакати. Никогаш во Борис Трајковски не било потивко, тоа беше тотално разочарување. Сите други коментари се сувишни се надевам само дека ќе ја пребродат кризата и ќе се вратат на правиот пат.
Јас ќе одам на натпреварот во сабота Вардар - Веспрем. Купив карти преку интернет, па да ве прашам кога треба да бидам пред билетарата за да ги подигнам? Затоа што сега имам ваучери за карти. Мислам дека додека ги купував, некаде прочитав 2 саати пред настанот. Така треба?
Има во борис часови за ракомет за женски и која цена?Значи незнам зошто ама многу ми се вежба хехеи кој клуб е..Фала однапред
Најомилен спорт ми е ракометот. Едно 15 -20 имам гледано од трибина. А дома секој натпревар го гледам. Најубав спорт е!
хохо моја тема, тренирав 6-7 години одприлика , престанав зашто ни се распадна тимот на металург , а и доста ми беше , немам амбиции да продолжувам понатаму. Едноставно во нашава држава неможеш нигде да стигнеш без врски, а и друго треба да бираш меѓу школо и тренинг , неможе и двете реално. Како и да е сега си се тешам со тоа што играм за школо хаха
Македонија - Полска - значи каква утакмица, неверојатна баш ми е криво за нашите толку многу играат а не победија ниту со Франција ниту со Полска. Ќе им држиме среќа за Србија. Стварно се одлични.