Страшно напната утакмица, цели две полувремиња во грч бев, ебате ракометот. Едвај се протнавме низ иглени уши, повеќе памет и среќа во наредната фаза. Борко беше очаен денес, скоро ниту една топка не ја прочита каде ќе оди, како изгубен во просторот. Манасков иако беше најефикасен и не извади на крајот, сепак мора, ама МОРА да поработи на престапот, му се случува по неколку пати на секоја утакмица, а тоа се клучни поени од кои зависи крајниот резултат. Стоилов е одличен, добро прифаќа топки, скоро секогаш реализира, доста често преземал одговорност кога требало. Миркуловски исто, борбен, брз, ефикасен. Инаку од цела репезентација најзлато ми е Гоце Георгиевски, толку ненаметлив, елегантен, прецизен. Со леснотија шутира и ќе даде гол од најневозможна ситуација и најзатворен агол. Мислам дека со текот на годините ќе стане еден од најклучните играчи во нападот.
Ова се случува еднаш во сто години: Хрватска во полуфинале на ЕП! http://sportmedia.mk/rakomet/ova-se-sluchuva-ednash-vo-sto-godini-hrvatska-vo-polufinale-na-ep
59 добри мин последната ја уништија..требаше со иста мера како што доби Псж за влезот на Нарцис пенал и 2 мин...и стартот од Карабатич беше очигледно со намера...
Браво за нашите ракометари. Храбро, со срце, до крај. Штом ја победивме Барса не се сомневам дека утре ќе победиме. Заслужува радост оваа нација. Ете речете пак за ништо не не бива. Ракометарите рамо до рамо со најдобрите. И ако случајно не победиме ова е голем успех за нас
Ајде ајдее ајдеее Вардарееее!!!! Браво дечки, секоја чест! Вие сте нашата гордост! П.с собирот ќе биде на аеродром или на плоштад?!