Металург 32- 19 Ст.Петерсбург Металург е меѓу најдобрите 16 екипи во Европа . Преубав натпревар, многу ми беше криво што не сум таму... каква атмосфера само имаше на трибините ама тоа е во наредна прилика. Инаку многу ги засакав сите играчи на Металург, а едно големо браво за голманот Станиќ за денешниот натпревар
Одличен натпревар. Браво Сите беа предобри. За вас не знам, ама Жарко Маркович ми е преубав. Се заљубив во дечково.
Браво, само едно големо браво. Додека стагнира женскиот ракомет за голема штета, машкиве се борат јуначки, а и ја имаат подршката наша. Секоја им чест на момциве. Се надевам дека во следната фаза ќе играат во Борис Трајковски, поголема е салата и поголема подршка ќе имаат. Срам да ми е никогаш не сум отишла Металург да ги бодрам , но во следнава фаза ќе се потрудам да отидам
Сите натпревари досега во ЛШ ги играа во Борис Трајковски и таму ќе продолжат, а натпреварите од регионалната СЕХА лига се играат во салата во Автокоманда.
колку голема грешка направив што се отпишав.. ќе ме гледавте на тв после некоу години хаха инаку прекасно е да се почне да се тренира на 16год?
Денес започнува продажбата на картите за натпреварот на Металур со Хамбург што ќе се одржи на 26 февруари...Јас веќе имам карта, па се гледаме со сите феминки што ќе дојдат да го бодрат нашиот шампион
најубав е да и јас ќе се заљубам знаете ли кога ќе е следниот натпревар на металург наредната ли сабота ? а на 26 сме домаќин камоли да можев да одам ќе бев најсреќна
^^Нареден натпревар Металург игра во СЕХА лига со Металопластика во вторник во 20:00ч ќе има пренос на Собраниски канал, а во ЛШ играат во недела со Висла Плок од Полска во 17:30 најверојатно ќе има пренос на Сител3.
заборавив да се пофалам тренирав ракомет скоро цела година за жал не продолжив од пуста мрза ехх да си тренирав сеа ќе си бев во близина на Металург многу го сакам ракометот како спорт и ми е најубав спорт што постои, тогаш кога тренирав идоли ми беа Кастратович, Будимир, Малахова, Радулович
Натпреварот на Металург против Металопластика во СЕХА лигата е презакажан за во четврток во 20 часот. А дали ќе има тв пренос уште не се знае.
Ќе има ли пренос во среда што ќе игра Металург во рамките на СЕХА? Ќе биде во салата на Автокоманда на домашен терен а средствата од билетите ќе бида наменети за хуманитарни цели
РАКОМЕТ една од моите најголеми љубови Почнав да тренирам на 11 год бев 5 одделение и не да се фалам ама толку многу ме биваше уфффф Колку само со љубов со енергија со среќа тренирав играв ама за жал клубот каде што бев престана да функционира и неславно завршив на 16 год Колку ноќи неспани пред натпревар (помеѓу училиштата во нашиот град) колку желби неостварени во врска со тој спорт Од се срце го сакав спортот сакав да тренирам но за жал во мојот град нема ракометен клуб и премногу таленти не се докажавме а толку многу можевме Ако имам 26 год и вишок килограми ако во нашиот град се отвори клуб јас ке бидам прва што ќе се запише да тренира иако сум мајка иако вработена иако со премногу обврски би сакала ама стварно би сакала од срце би сакала да тренирам ракомет Јас мислам дека сета моја љубов што ја имам према овој спорт ќе ја насочам на моите деца ако од мене не било успешна ракометарка (нормално не по моја вина )моите деца да успеат во тој или евентуално во некој друг спорт.
За жал нема да можам, а колку би сакала, но има мала надеж дека можеби ќе успеам да одам, но картите веќе се распродадени, ти Хипице ќе одиш ли ?
Редовно ги следам сите можни ракометни натпревари. Се заљубив во ракометот уште од 7мо оддление и ден денес ми е спорт број 1. Од нашите тимови мислам дека најдобри се Металург и имаат многу добри играчи... Утре дефинитивно натпреварот со Хамбург не смее да се пропушти А од странските тимови навивам за THW Kiel од Германија
THW Kiel-AG København Леле бе на овие од AG København,салата им е направена како диско.Па и по секој погодок,или пропуштена топка на противникот, одма се пуштаат некои си диско ефекти Разбирам јас за песните,ама овие ефектите.. Интересен меч..11-11,полувреме. Јас од овие си навивам за THW Kiel