Вардаре,Вардаре, гордост македонска си!!! Да ти се множат титулите!!! БРАВОООО МОМЦИ! И мора ли во секоја тема да мешате политика? Воздржете се барем овде од ВМРО,СДСМ и останатите политички партии. А што се однесува до личноста со коментарот ретардирани,вакви,такви нека не гледа и нека не ни ја расипува темата и среќата. Имаме причина зошто да славиме! Ретардирани сивоњи?! Самата личност што ги нарекла така е можеби тоа, па лечи фрустрации на оние кои со напор стигнале до титула!
Честитки до ракометарите на успехот. Иако тие лично ќе си ги користат бенифициите од овој успех ( разни премии, бенефиции, поголеми плати, секс и девојки), а не тие ботови со мевови до земја што слават на плоштад Македонија, но сепак е некој вид културна промоција на Македонија. Без разлика што спортот го сметам за тривијална глупост.
Честито нека е! Да им се множат победи. Мислев дека тука не се зборува за политика се додека не отворив. Грешно мислев. Се додека спортот го мешате со политика како народ не сте заслужни да се гордеете со победата. Срамота.
Спортот е политика и огромен бизнис. Навивачите се само украси по салите коишто трошат тешко заработени пари на 12 луѓе што бркаат топка по терен. Think about it
Честитки, секоја чест на момците Не гледам ич често спорт, ама за вака големи настани во кои далеку стигаат наши баш ми е мило Како што пишал Бендер, луѓето конечно се собраа спонтано и со секакви политички и било какви ставови да се радуваат заедно, па дајте и тука да се држиме до тоа И да не му отвараме на Кечо работа
-Како знаевте дека ќе победите? -Не знаевме, верувавме. И јас навивав сама, ме слушаа комшии од викање, плескање со раце, рипање. Кога бевме во предност само еден гол се радував, кога тие напаѓаа срцето во петици ми одеше. Тензично до крај. И јас ви верував, заслуживме радост (без мешање политики) Јуначишта ја покоривте Европа
Реално да зборуваме Вардар стана историја и тоа не е мала работа. Треба да се даде голема благодарност до Хрватите во Вардар. Хрватска е непресушен извор на големи таленти.
Не гледам којзнае колку ракомет и искрено се информирам за повеќето работи поврзани со ракометот преку весници и вести. Но, РК „Вардар“ ја заслужи секоја почит и чест на која ние сите треба да бидеме горди, и според мене во моментов единствена позитивна работа во државава. Да играш без пари девет месеци и на крајот да стигнеш до финале на Лига на шампиони со таков пресврт против Барселона е навистина нешто. И искрено, дури и да не победат денес против „Веспрем“ навистина не смееме (ако имаме барем малку ронка свест и жал) да дозволиме во иднина да се распаднат. Има компании кои можат да го финансиираат клубот во државава и да направат да држи чекор со останатите светски клубови на ова поле кои се држени од страна на големи спонзори. Единствената позитивна работа станаа во оваа северна вукојебина каде се краде на големо, се тепа и има масовни иселувања. Вистински промовирачи на нешто добро од нашава банана-државава, макар што имаат доста играчи од странство. Можеш благодарение на нив да отидеш некаде и да споменеш ако ништо друго дека живееш во земја во која е позната по ракометот. Ако не направи некој нешто да остане како клуб - срам да им е и арам на сите наши „познати“ бизнисмени и институции!!!!