1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ракомет

Дискусија во 'Спорт' започната од angel4e121, 25 февруари 2011.

  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Металург-Хамбург повеќе ја гледам утакмицава ради Хамбург што ми е еден од омилените тимови општо во ракометов, а за Металург онака, и да навивам за нив - навивам ради Дарко Станиќ, немам фаворит од нашиве...сакам да победат, дека наши, ама па Хамбург е светска сила :!:
    Тешка утакмица како и да е, се држат нашиве јако! Браво :clap:
     
  2. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Нашите како наши доста шанси прокоцкаа, ама пак добро е, има време до крај. Навивам за Металург и им посакувам многу успех. Посебен онака најзгоден и според мене еден од најјаќите ми е Жарко Марковиќ, омилен ми е :inlove:
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Нека оди и Наумче со нив. Мислам легенда е, тоа е факт, пребогато искуство и многупати клучен играч...
    Но почнувајќи од европското првенство наваму, човекот се „отепа“ од правење технички грешки! :(
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    ^ Ќути многу грешки, многу пробивање, живчано човече е, доста низок неможе да се пробие покрај покрупните и повисоките во одбраната и прави многу пробивања и грешки, се труди не викам не, но треба малку да си ги смири страстите, малкуцка :)

    Инаку лошата игра во второ полувреме, посебно првите 9 минути каде не постигнавме гол е причината за поразот. Но сепак Хамбург е сила, но бевме рамноправна екипа, како што Хамбург правеа грешки во првото ние правевме во второто. Се на се јас сум задоволна и очекувам одлична ждрепка во вторник.

    Атмосферата во Борис беше одлична, раце ме болат, а гласов ми е крш :) Ретко се гледа комплетно полн Борис Трајковски посебно за тимски игри, не репрезентативни. За мерак, многу ми беше мило и им бевме огромна подршка на ракометарите.
    Затоа идеме и на следен натпревар обавезно :)
    Цело време си ја пејам :lol:

    http://www.youtube.com/watch?v=YmsTT5_k2mk&noredirect=1
     
    На Peppermint, Hipica, Amelia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Леле мене ми отекоа рацете, црвени жар ми беа после натпреварот :D
    Само многу се изнервирав кога голем дел од публиката стана да си оди неколку минути пред крајот. Па добро бе, знам дека беше веќе јасно дека ќе изгубиме, ама па само кога победуваме ли треба да ги бодриме? Срамота!
    Манасков пријатно ме изненади, се оддаде детето :clap:
     
    На Peppermint и rossonerka им се допаѓа ова.
  6. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да се придружам на оние што денес ги болат рацете од бодрење
    (дланките ми се со испукани капилари, цели модри).

    И на следниот натпревар, задолжително присуство!
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Вчера цел ден гледав ракомет... Прво THW Kiel so Копенхаген баш интересен натпревар. Ама искрено сакав Kiel да победат |( Ама добро и нерешен резултат е задоволителен :D А Металург мислам дека предобро изиграја, само шо среќата беше малку повеќе на нивна страна, ама добро не изгубија барем со многу гол разлика. Жарко Марковиќ ме фасцинира :inlove:
    Ви блазесвам шо бевте на натпреварот :( Јас не можам да се закренам од Битола да идам, никој неќеше да ме донеси... :swear: :(
     
  8. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
    http://brkajrabota.mk/sport/rakomet/139 ... obi-zagreb


    Металург го доби Загреб

    Металург го доби тимот на Кроација Осигурање од Загреб на ждрепката одржана денес во Копенхаген како следен противник во нокаут фазата од лигата на шампионите.


    Може да се каже дека Металург доби посакуван противник со оглед на тоа што стратегот на Скопјани, Лино Червар одлично го познава тимот на Загреб бидејќи и самиот е некогашен тренер на овој клуб. За Загреб играше и нашиот славен ракометар, Кире Лазаров.

    Во редовите на Загреб во моментов играат одлични играчи и хрватски репрезентативци, меѓу коишто е и Ивано Балиќ, иконата на хрватскиот ракомет. Уште една предност за Металург е тоа што овие два тима веќе играат во регионалната лига и одлично се познаваат, па со помош на одличната скопска публика, сите заедно се надеваме на добар пласман.

    Првиот натпревар Металург го игра во Скопје, меѓу 14 и 18 март, а реваншот во загреб ќе се игра меѓу 21 и 25 март.
     
  9. Addicted

    Addicted Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој дали ќе има пренос на вечерашниов натпревар?
     
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Вечер од 18 часот на мтв1 пренос РК МЕТАЛУРГ - РК БОСНА.

    Инаку во Тобако 3 редица се чекаше, картите како алва одат за натпреварот со Загреб.
    Мислам дека до утре ќе нема според она што денес го видов и по зборовите на продавачот колку брзо се продаваат.

    Еве ви цени
    Б1, Б6, Б7, Б8, Б9, Б10 и Б15 се по цена од 100 денари
    Б2, Б3, Б4, Б5, Б11, Б12 и Б14 се по цена од 200 денари
    М7, М8, М9 и М16 се по цена од 250 денари
    М1, М2, М3, М4, М12, М13, М14 и М15 се по цена од 400 денари
    [​IMG]
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Глупости испадна ова со картиве. Во 13 часот беа останати само оние од 100 и 400 денари. Бидејќи од 400 не доаѓаат во предвид, се мислевме и ај земавме на Б10 затоа што и тие ќе ги снемаше. Којзнае дали нешто ќе видиме од теренот. И тоа ние сме петорица, а седиштата ни се раштркани.

    Требало да ограничат на 5-6 карти од купувач. Поединци купувале по 20-30, ако не и повеќе. Ќе ќарат препродавачите.
     
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Манасков срце убаво, тоа не е гол, тоа е ГОЛИШТЕ на годината!
    Фасцинирана!!!
    Ова да беше пред 9 илјади во Борис Трајковски салата делириум ќе имаше :rock:

    http://www.kurir.mk/sport/rakomet/63577 ... n-Manaskov
     
    На simon4etooo, Hipica, ani22 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    A кога ќе биди натпреварот со Загреб ? :?: Не сум информирана... :(
     
  14. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Во недела во 15:30ч Загреб: Металург во сеха лига.
    А во Лш е после следната недела на 18 март.
     
  15. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Фала срцка. Ќе го пропуштев да не ми кажеше ти :D Ехх каква желба имам барем еднаш да присуствувам на натпревар во Скопје кога Металург игра со некоја попозната екипа :?:
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  16. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Ај вака да прашам во врска со картите...Карти нема ни за 18март??? :$ :$
     
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Карти за 18ти март, натпреварот со Загреб имаше пуштено во продажба на 7ми март во 12 часот, а веќе во 15 часот немаше карти. За помалку од 3 часа се продадени билетите.
    Иако знаеме од 8 илјади билети голем дел се за спонзорите, сепак тие да не се нема да постои Металург, Минчо вложува околу 2 милиони годишно во клубот, па си има 1/8 гратиси минимум. Порано вложуваше Трифунчо и тоа е единствениот блескав период на македонскиот ракомет, дури и шампиони бевме, откако престана да се вложува што се случи? Не само што Кометал падна ниско, туку престана и да постои.
    Се знае, за клупско натпреварување да постои треба пари и спонзори многу, репрезентација секогаш си има ваква ли била таква ли била, дал е 10-та во светот ил 105-та |(
    За среќа во моментов најмногу се вложува во Металург, ако на Кометал во 2002ра година кога беше европски шампион се продаваа 500 карти останатите беа по спонзори, неможев тогаш никако да дојдам до карта, дури се одеше со резервации а јас не го знаев, а сеа имаше доста во продажба.
    Иако продажбата нималку не беше регуларна, но од кај човек да знае.
    КОга играа со Хамбург продажбата супер беше, си одиш во Тобако си купуваш ни проблеми ни ништо.
    Но сега огромен интерес и нормално се појавија претпродавачите па си купуваа по 70-100 карти, а Металург не помисли на таа опција па не даде забрана за ограничен број на купени карти. Затоа за 2 саати ги снема.
    Но за памет за следен екстра дуел, МОРА да има ограничување.
    Иако на пазар3 (веќе има продажба) и пред сала тој ден ќе има продажба на карти 100%, но цените ќе се доста повисоки. Како што слушнав тие од 100 денари се даваат по цена од 400 денари отприлика.

    Јас сум среќник и верен навивач, си купив дента уште во 13 часот карти :wasntme:
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Денес во 15.30 на МТВ1 ќе има директен пренос од Загреб-Металург натпреварот од балканската регионална лига.

    Играме со Загреб 3 пати во 3 недели. Загреб си има топ планови, низ цел Балкан се збори за неферската политика на Загреб, си ги кројат плановите за лигата по свој терк, дел од раководството на лигата е хрватско па ако Загреб побара одложување на натпревар секогаш е дозволено, а ако побара друга екипа се размислува и често одбива.
    Но Червар направи тактика, денес ги одмара речиси сите добри ракометари од Станич, Маркович, Козлина, Наумче Мојсовси, Јоновски кои не отпатуваа за Хрватска.
    И затоа идната недела кога ќе ни дојдат тука во Борис Трајковски, ние со комплетно одморени играчи мора да ги победи.
    Многу ми се екипа со дигнати акции сакам на големо да ги спуштиме на земја.

    Е сеа овие што не отпатуваа за Хрватска, не знам како се договарал Червар и како да одмараат, ама овој викенд од 2 излегувања, на 2те се погодував со ракометариве на Металург, така да фин одмор имаа си пиење, денсање и пуштање на женски. Станич дури и женцка наша си фатил :D
     
    На miljkovic и esperanca им се допаѓа ова.
  19. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Во овие 10мин добра игра покажуваат Металург иако ете поголем дел од клучните играчи не допатувале во Вараждин :)

    Она што го спомна Расонерка, баш заприметив дека и на Хравтската клупа трењерот ги одмара неговите играчи, изгледа двајцата тренети имаат иста таактика и да многу смирено делуваат :) :)
     
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    ^ го одмараше Копљар само.

    Вардар ПРО им понудиле на Загреб оваа недела да го одиграат заостанатиот натпревар бидејки Загреб се слободни до недела. НО овие одбиле.
    А не ја прифатија понудата на Металург да се одложи денешниот меч бидејки ова беше 3ти натпревар во лигата за Металург во 4 дена.
    Ах бре.
    Али упрпаа еден период хрвативе кога засиливме во второ полувреме на 10 минути до крај.
    Ајде ве чекаме во Скопје, со тоа што ќе имаме плус 4рица првотимци :)

    Убава сторија на Металург за денешниот натпревар
    http://www.rkmetalurg.mk/storija/1860


    А да им ја честитаме победата на Вардар Про, први на табела. Е не :wasntme:
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.