1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ракомет

Дискусија во 'Спорт' започната од angel4e121, 25 февруари 2011.

  1. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Meталург-Загреб и не беше толку лош резултат,со оглед на тоа што игравме со некоја си втора или трета постава,па можевме и на победеа али ај доста е. ;)

    Металург го прегази Извиѓач :party:
    Аа 15 голови разлика 31-16..ма нема потреба од коментари.

    Ќе си го добие Загреб во недела.Ама луѓенца па картите распородадени во рок од три часа :o Ништо,ќе навиваме пред Тв. :party:
    И се надевам на фер судење,не како она против Хамбург!
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Недела ќе гледаме возбудлив натпревар... Нема да биди лесно против Загреб, ама нашите не се за потценување. Со Загреб играа добро, иако со 2ра постава, така да се надеваме на солиден резултат во недела. Во 17 часот сите пред телевизор да го бодриме нашиот тим :angel: :clap:
     
  3. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Ајде момци одиме на победа. Цела Македонија е со вас.
    Ви посакувам многу среќа.
    Само напред!

    http://www.youtube.com/watch?v=ZF6h8PbV ... re=related

    Една љубов имаме
    Во срцево ја чуваме,
    Како тебе никој друг,
    Само еден Металург,
    Ооооо, Ооооо, Ооооо, Ооооо.
     
    На Smilly и Amelia им се допаѓа ова.
  4. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Мислам дека судиите веќе претеруваат. :@
     
  5. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    1.559
    бравооо за Металург :clap: :clap: :clap: :clap: :clap: :clap: :clap:
    ајде одиме на победа во Загреб :clap:
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Со денешнава игра победа во Загреб речиси невозможно.
    Но тоа не значи дека треба да се откажеме, туку напротив треба да ги исправиме грешките, да се одморат играчите а со нова тактика зашто да не и победа. :P
    Јасно беше Загреб беа одморени, нашиве повредени, уморни, без сила.
    Уф добро е и што победивме.
    Одбраната ни беше во ред, задоволна премногу. Сирот Миркуловски го сокршија.
    Али затоа нападот ни беше лош. Господ здравје да му дава на мојот омилен Марковиќ (иначе мој симпатија и мој иден швалер, ако сака да се разведе може и иден маж :lol: ) беше одличен, Мојсовски во последните 10 минути се разигра, ама другиве лошо. Ние не дадовме гол од крило. Ниеден! Го немаше манасков, оној морковчето тапа беше, а и го немаше Алушевски. А пикер? Кај беше Ванчо? Јас сум навикната нашата репрезентација и Металург да ги гледам со пикер. А сега мислам дека Ванчо беше дал уморен дал повреден не знам, но играше дал 5 минути, па ни толку. А од пикер се дава добри голови, секогаш даваме, но сеа ниеден.
    А грешки, аууу еден куп. Колку само топки земавме и им ги продадовме во неуспешни контри? Колку само неуспешни контри имавме. Грешки еден куп.
    И за крај да ни се позлати Дарко Станиќ. :inlove: И Диви здиве на кратко и не израдува, ама Станиќ беше фантастичен.
    Мислам дека и главниот пресврт во мечот беше кога збудале начисто и кога дојде до нападот наш за да ги бодри, па во истиот тој момент одбрани од пола терен. ЅВЕРОТИЊА!!!! :rock:

    Ајде доста пишувам, само нека се одморат дечките и за една седмица, нови сили, нови тактики и нови победи.
    Јас верувам во нив 8)
     
    На pafpaf, Amelia и Smilly им се допаѓа ова.
  7. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Незнам .. аман од овие германциве..Па и грк да стават да суди нема да биде како овие германците :wasntme:
    Ехф-мафија!!
    Има пробивање од страна на играч на Загреб,а тие судат седмерец за Загреб? :fubar:
    Да не зборувам за тоа колку недосудени седмерци за нас..
    Па да игравме во гости :o секој втор наш напад би го суделе како пробивање,ма не би виделе ни едно пеналче.
    Многу технички грешки од наша страна кои Загреб и те како ги газни..
    Секоја чест за публиката,и за Станич. Ма каква пеколна атмосвера кога во второто полувреме Металург постигна 2предност :party:
    Ах,и големото знаменце се вееше :inlove: ,штета што овие од Шител не дозволија да уживаме во глетката!

    Битно МЕТАЛУРГ победи,и тоа повторно против судии!! :party: :party:
    А да,не губи Червар во загребска арена ;) !
    Барем реми ќе добиеме..

    Металург е шампион,але але але але. :l:
     
    На rossonerka и esperanca им се допаѓа ова.
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Едноооо гоооолемо браво за МЕТАЛУРГ, ама ова судииве(пусти германци,уффф), и после некој ќе каже судија не е виновен, море и тек како знае и може да те осакати.
     
  9. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
    Честитики на ракометарите на Металург на победата. :)

    Но,како и повеќето и јас се сложувам дека денес играа многу послабо од вообичаеното.Премногу грешки,изгубени топки. :| Да играа добро како во останатите натпревари победата ќе беше многу поголема. :!: Штета.
    На висина на задачата беше само Маркович :clap: останатите под просекот.
    Станич е виртуоз,секоја чест како ја бодреше екипата :clap: блесна на неколку моменти но и тој не беше во најдобра форма вечерва,тоа се гледа и по статистиката,имаше само 8 одбрани а противничкиот голман 10.Станич во некои од претходните натпревари имаше и по 13 и повеќе одбрани. :!:
    Сепак нападот е тој кој најмногу грешеше,очајни бевме во напад. :|

    Честитики за победата,победивме реномиран клуб, и среќно во Загреб,иако шансите ни се минимални.

    п.с. Се надевам челниците на клубот ќе ги направат сите можни напори да го задржат Станич и за следната сезона. :!:
     
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    ^ Станич за 12 дена треба да си оди од Металург.
    Има потпишано за германски тим уште на почетокот на сезоната, потпиша неколку месечен договор со Металург и од април оди во Германија. НО Станич даде интервју пред една недела и кажа дека се преговара многу за него и дека Минчо дава многу пари да го задржи. Па тој не знае дал од 1ви ќе си оди од тука или ќе остане. Се е до парите нормално. Ќе видиме, али тој е миленик на оваа публика и се надевам ќе остане. Дај боже.

    А да искоментирам за судиите морам.
    Вака судиите беа наклонети кон Хрватите не викам не. НО за победата одвај која ја добивме со доста лоша игра најмногу криви сме ние.
    Да бидеме реални и самокритични.
    Не ни е секогаш друг главен кривица.
    Јас сметам дека најдобар мотив е самокритичноста. А тука треба да се види грешките и да се поправат.
    Судиите беа лоши, но не беа најлоши.
    И нас ни беа досудени седмерци доста и не реализиравме 2. Додека најлошото беше што ние имавме 2 исклучувања евентуално 3, а тие 3 пати повеќе од нас. И ние не искористивме во ниедно од тие исклучувања, ние не ги казнувавме нивните грешки. Тие ќе изгубеа топка и ние одма ја губевме таа.
    Немаа контри хрватите што беше добро. А ние имавме неколку повеќето не ги реализиравме, грешевме.
    Така да убаво кажа тренерот на Загреб, ова беше прилично неквалитетен меч, но со добра одбрана.
    Повеќе нема што да се каже.

    Инаку во сала атмосферата феноменална. Јас имам црвени раце и половина изгубен глас. Додека ушните тапанчиња во лоша состојба се :D
     
  11. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    1.559
    Само Господ да даде Станич да ни остане :( . Ништо без него :)
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    http://www.kurir.mk/sport/rakomet/64835 ... nat-Dasaev

    Читајте едно одлично интервју на Борко Ристовски.
    Нешто што беше јасно и очигледно. Лино е голем стручњак нема тука дискусија, но дека има сопствена политика и само кон неа цели очигледно е. Избрка неколку македонци од Металург, се испокара со многумина, Кире Лазаров имаше најголема желба да се врати во Македонија и да игра тука но Лино не дозволи и рече или јас или Кире одберете. И остана Лино. Истиот тој кој сеа и Наумче не го пушта да игра иако е капитен.
    Иако на последниот тајмаут на Металург Наумче кажа како ќе се игра а не Лино, што е за изненадување, само му рече на Лино нема да играме така туку ќе идеме вака.
    А и Станиќ се има испокарано со Лино, може тоа и да се одрази на преговорите за да остане Станиќ во Металург.
    Сепак колку имаме корист од одлични стручњаци толку имаме и негативности.
    Се донесуваат странски натпреварувачи, а македончињата се испраќаат во многу полоши клубови. Се донесуваат играчи кои само се странци без посебен квалитет, наместо 5то пласираните во Европа, македонците, кои го кркаат во случајов.
     
  13. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
    Секоја чест што Борко јавно кажува што и како мисли,но читајки го интервјуто може да се осети неговата огорченост и самопреценување.
    И јас имам слушано дека Лино е тежок карактер,дека и покрај олимпиското и светското злато е набркан од Хрватската репрезентација,и таму имал проблеми во комуникацијата со играчите,т.е. немал авторитет врз нив.
    До некаде е во право Борко за запоставувањето на нашите играчи,но од друга страна па Металург има 9 наши репрезентативци.Ако сакал Лино да ги запостави би направил интернационален тим,а не мнозината да се Македонци.На крај краева тој работи за плата и од него се бараат добри резултати и веројатно има слобода околу одбирањето на играчите.Не верувам дека намерно ги запоставува нашите репрезентативци. :^)

    Но дискутирањето околу Станич од страна на Борко е тотално непотребно. :!: Станич е моментно најдобриот ракометен голман во светот.Секоја чест за Борко и Ангелов кои се одлични голмани,но Станич е моментно далеку пред нив. :!: Нема потреба од препотентни и фрустрирачки коментари од страна на Борко.
    Подобро би му било да се концентрира на престојните квалификации. |(
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Девојки денеска од 20:00 часот на МТВ играат Македонија-Франција(жени) квалификации за на европското првенство догодина.Иако женската ракометна репрезентација на Македонија не е како порано јас сепак ги подржувам.Напреееееееееед!
     
    На SimonLimon и esperanca им се допаѓа ова.
  15. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Честитки на македонските репрезентативки за победата.
    Многу добри беа. Малку ја уплескаа, но сепак успеаа да се поправат.
    Се надевам дека ќе успеат да се квалификуваат, па и тие да почнат да ни приредуваат радости. :)

    И мислам дека на Елена Ѓеорѓиевска не и е местото во репрезентацијата.
    Девојката си нема блага веза од ракомет.
    Во пакет со Филип Лазаров, треба да си се откажат од ракометот.
     
    На Vikica.cuci му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Франција падна во Кале, отворен патот кон ЕП!
    Падна големата Франција,падна :party:
    Браво за нашите ракометарки. Со оваа победа шансите да се пласираме на ЕП се огромни!
    - Како во старите добри времиња!!

    [​IMG]
    Македонските ракометарки направија големо изненадување и го совладаа светскиот вицешампион Франција со 30:27 во квалификациите за ЕП кое во декември ќе се одржи во Холандија.
    Како во старите времиња, љубителите на ракометот до последното место ја исполнија салата „Кале“ и им помогнаа на нашите ракометарки да дојдат до големиот триумф.

    Нашите ракометарки предводени од Николиќ, Драгана Пецевска и феноменалната Тања Андреева на голот ја имаа предноста во текот нa целиот меч и заслужено стигнаа до победата.

    Николиќ со 9 погодоци, од кои шест од седум метри беше најефикасна во нашиот тим, осум постигна Драгана Пецевска, а Мирјета Бајрамовска пет пати ја тресеше француската мрежа.

    На патот до Европското првенство, од голема помош за нашата репрезентација е и вчерашната победа на Литванија против Турција со 35:31.

    Се гледаме на ЕП ^_^ :dance: !
     
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Ви кажав дека го мразам Зареб? Да ви кажав уште пред неколку недели.
    И сега си ја намести најпрво СЕХА лигата, први на табела и немало да има фајнл фор. Значи ја освоија лигата со изиграни натпревари по датуми кога нив им одговара.
    А сега си отидоа во осминафинале со помош на циганските шпански судии. Е ова ги преминува границите.
    Ова е реномиран тим?
    Па да, неможе да победи еден маалски скопски тим сам, па мора да плаче и да бара помош од судиите.
    Копиљаци.
    Да даде господ да изгубите во осминафинале.
    Судиите да ги фати стомачен вирус.
    А Загреб да банкротира.
    Е така, тоа им посакувам.
    А Балич, почнувам да го изедначувам со сељакон Роналдо во фудбал...
     
    На Amelia, Smilly, miljkovic и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Судиите го победија Металург!
    На големиот Загреб му требаше помош и од судиите. Срамота!

    Ќе го коментирам натпреварот кога ќе се смират страстите.
     
    На Amelia, BlackSwan5, esperanca и 2 други им се допаѓа ова.
  19. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Колку голема улога играат судиите на натпреварите, каде играат мекедонската репрезентација или македонските клубови, тоа е невидено. :x
    Уште кога коментаторот кажа дека тоа се истите судии од натпреварот со Словенија, однапред знаев што го чека Металург.
    Не ми е јасно како педерот што беше на метар од "фаулот" не виде удар по глава и покажа напад за Металург, оној од центарот видел дека имало удар за 2мин, па одозгора досуди и пенал.
    Јесте да нашите во првото полувреме беа катастрофа, ама во второто полувреме кога се поправиjа и играа одлично, во клучните и решавачките моменти на сцена стапиа шпанските педери и упропастиа се. :@
    Па и времето намерно не го запираат и го оставаат да си тече.

    А овие газјациве се радуваат како да станале европски шампион. Се радуваат затоа што победиле со помош на судиите. Срамота е клуб со волкаво историско реноме, да падне толку ниско и да победува и да се радува на победи на судиите.
    Истото го прават и во сеха лигата. Загреб си го немести и фајнл-форот од сеха лигата да се игра таму. Кога сакаат си откажуваат натпревари. Сега и ја прекинаа лигата, кога дојдоа на прво место.
    Да даде господ да изгубат во осминфиналето и тоа од судиите, па да пукнат од мака.
     
    На rossonerka, Amelia и Smilly им се допаѓа ова.
  20. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    1.559
    вие судииве е*ани копилиња ти го решија резултатот, ја претераааа, навистина се изгубивме првото полувреме, но при крајот се вративме 6 разлика смаливме на 2 , во второ полувреме дури и изедначивме, можевме да победеме, или можеше да биде нерешено, па дури и тие и да победат со гоол разлика,но тоа е проклети судии. Загреб клуб со долга традиција, еден од најдобрите во Европа извојува победа со поголема разлика благодарение на судиите, да не беа судиите незнам што ќе беше со Загреб
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.