Значи тоа што можат судиите да ти го направат неможе ни господ.Па како може така бе? Тој што е метро од настанот да суди топка за Металург, а тој што е на другиот гол да суди пенал????? Само тоа е и така ќе биде.Од ко знам јас кај шо играл македонски клуб(без разлика машки или женски) или па ракометната репрезентација на Македонија судиите секогаш биле и ќе бидат против нас....Туку ајде сега ни останува да се надеваме на победа на Македонската женска репрезентација во реванжот со Франција(и се надевам судиите нема да бидат против нас).
Да се надеваме дека жените ќе не израдуваат Ех,кога ќе се спомне женскиот ракомет не си човек ако не се сетиш на Кометал (како јас сега),беа тоа времиња кои останаа да ја градат новата македонска историја,беше тоа една прекрасна вечер во 2002 кога милиони срца славеа за Македонија,беа прекрасни а како и не би биле,имиња како Кастратовиќ,Нацева,Будимир,Озел... Искрено се надевам дека женскиот ракомет пак ќе си го фати ритамот како некогаш искрено не можеме да се спредуваме со нација како што се Норвешка моментално но барем можат пак да не израдуваат и да не направат горди
Вчера немаја многу среќа Металург... А и сепак Загреб е еден многу јак тим. Не го гледав до крај натпреварот, колку заврши ако можи некој да ми кажи?
Леле значи французинкиве не растурија.Немам коментар .Ај прво полувреме и така и така некако теравме и се ''приближивме'' на 19:12.Ама второ полувреме глупости.Ние дадовме едвај 8 голчиња, а франција дури 21, со што стасавме до конечен резултат 40:20.Ајде повеќе среќа со Литванија и Турција(која мораме да ја победиме )
Aха... значи убаво ми кажуваа мажите не се радувај на резултатот во Скопје. А јас па уште ќе се кладев дека нашиве ќе одат на европско. На сите познати интернет страни за кладилници било ставено дека Македонија со гаранција тепа дома добра гол разлика, а губи над 10 разлика во Франција. Па да си уплатат. И испадна чиста вистина... Само едно ми рекоа, ЕХФ мафија е. И изгледа во право биле. Добро е што не даваа пренос кога веќе се знаел резултатот. Не ме интересира како сме победиле дома, како сме изгубиле таму. Некои однапред го знаеле резултатот... ебате ваквиот спорт.
а сега ќе имаме ли друг натпревар за да се пласираат на Европско или толку таа заврши и нема Европско
Има шанси. Во група од 4 екипи сме. 2 одат понатаму. 1.Франција 6 2.Tурција 4 3.Mакедонија 4 4.Литванија 2 Ние изгубивме од Турција и Франција таму, а ја тепавме Литванија и Франција тука. Останува да играме со Литванија таму на 30.05.2012. Инаку победивме тука 34-25. А и да ја победиме тука Турција 03.06.2012, таму изгубивме 36-28. Има калкулации не ќе е лесно. Играат Турција-Франција и се надевам Франција ќе победи, така ни се зголемуваат шансите. Многу зависи и од нас и од другите натпревари. Како и да е реално не се очекуваше ние денес да победиме, ова беше еден од оние натпревари каде се знаеше нашиот пораз, ама ова е огромен пораз. подетално еве ви http://www.eurohandball.com/ech/women/2 ... fication+2
Загреб игра со Кил во четвртфиналето. Ни судии ни никој не може да им помогне. Нека им е наздравје бричењето.
За натпреварот Загреб -Металург да кажам само дека и јас мислам дека беше решен во таа 50 и некоја минута со непостоечкото исклучување.Можеби и без тоа ќе не победеа,но може ние ќе изедначевме,во секој случај ќе имаше многу неизвесна завршница.Судиите ставија точка на победата на Загреб.Неправди најмногу мразам,но свесна сум дека секогаш ќе има неправда во судењето кога ќе играме со реномирани екипи и репрезентации.Но не може цела вина да се префрли на судиите,првото полувреме со исклучок на последните минути Металург одиграа многу лошо.Воглавно се играше лош ракомет и тука во Скопје и таму.А со таква игра,толку грешки,без квалитетни крила и добар пикер не може да се стигне далеку во лигата на шампионите. Да,денеска беше ждрепката за четвртфиналето.Пиих,баш сакав Загреб да го добие Атлетико па Лазаров да се испука на нив од својот арсенал,ама и Кил ќе им врати,и тоа добро. DEN AG Kobenhavn vs. ESP FC Barcelona Intersport ESP Reale Ademar Leon vs. GER Füchse Berlin CRO Croatia Osiguranje Zagreb vs. GER THW Kiel SLO RK Cimos Koper vs. ESP BM Atletico Madrid Туку,што бидна со Станич,останува во Металург или не ? Нигде не видов официјално соопштение а како што знам договоеот му важи до 1 Април.
Разбрав дека пријателскиот натрпевар Романија-Македонија ќе има пренос на сител во 18:00, а ако случајно нема ако знаете да пратите линк за online
Станич во новиот спот на Кристина Арнаудова. Ај што е sвер голман,па знае и да глуми. http://www.youtube.com/watch?v=4Tz4R1Wh1rw
И не што е ѕвер голман, туку уште повеќе е за поздрав што после све што си сторил себе си во 2007, пак е назад, исправен на нозе и плус уште подобар овој пат. Како што се вика - сите паѓаат, важно е дали и како ќе станеш! Иначе голем фан сум на ракометов воопшто - особено на Металург, уште пред Лино да го води.
Резултати и од другите квалификациони групи за Олимпијада кои се играат во Шпанија(по мене најтешка група) и Хрватска(лесна група,ах како не се паднавме овде на место на Исланд ). Team Pld Spain 2 Poland 2 Algeria 0 Serbia 0 6 April 2012 Poland 28 − 27 Algeria Spain 30 – 27 Serbia Croatia 2 Iceland 2 Chile 0 Japan 0 6 April 2012 Croatia 36 − 22 Japan Iceland 25 − 17 Chile