Во групата во Хрватска,Хрватска и Исланд се пласираа на Олимпијада откако денес ги победија Чиле и Јапонија. Во групата во Шпанија,Шпанија се пласираше,а вториот патник е неизвесен,Полска или Србија,во зависност од резултатите утре.
Браво за Металург! Задоволна сум од натпреварот и покрај промаршените пенали и изненадното губење на водство од 5 разлика! Ајде после и Вардар нека победат, па ќе биде интересно да ги гледаме двата македонски клубови еден против друг во финале
Па да изгубеја Металург со Татран стварно ќе изгубеја огромна шанса... Dajnis Kristopans растури... Кузнеј колку му е лесно со 215 цм да дај гол Ајде сеа Вардар да видиме шо ќе напрат. И така времето е грдо арно барем шо има шо да гледаме за занимација
Честитки за Вардар кој успеа да го порази хрватскиот првак Загреб со 30:29.Значи предобра игра на вардарци посебно во второто полувреме од натпреварот каде и го имаа првото водство.И баш ми е мило шо судиите не успеаа и овој пат да го споасат Загреб.Сега уште ни останува да го следиме македонското финале во регионалната СЕХА лига во 17 и 55 на МТВ.
Големи честитки за Вардар кој некако успеа да ја потисни несигурноста и лошата игра од првото и почетокот на второто полувреме и се врати за на крај да победи.Браво!!Мислам тоа и се очекуваше прекрасен меч во кој во поголемиот дел доминираше Металург(јас бев за нив) но на крајот изгледа се изгубија.Но сепак честитки за двата тима за постигнатите резултати оваа година во СЕХА лигата.
Искрено очекував дека Металург ќе победат. Ама си рекоја имаме многу предност, сигурно ќе победиме и се изгубија. Навивав за Металург, ама секоја чест за Вардар
Јас очекував дека Металург ке влезе во финалето и ке игра со Загреб, и дека Загреб ке победи. Ама мнооооогу се израдував кога Вардар го отпиша Загреб од финале и тоа на домашен терен, абе ВАРДАР си е шампион. Во секој случај горда сум на ракометарите што гледавме македонско финале
Јас гледав и заврши 29:23 за моите фаворити (копенхаген) кои се надевам дека ќе влезат во финале.Инаку знае ли некој како заврши мечот помеѓу Загреб-Кил?Загреб водеше а дали победи незнам
Денеска големото ракометно дерби Металург-Вардар Про Дерби натпреварот од 5.коло од Супер лигата во ракомет ќе се одигра попладнево во салата „Автокоманда“ во Скопје со почеток во 18 часот. Шампионот Металург го пречекува првакот од СЕХА лигата Вардар Про и со овој натпревар практично почнува директната борба за шампоионската титула во Македонија. Почетокот на натпреварот е во 18 часот, а ТВ пренос ќе има на МРТВ. Оваа сезона двата тима одиграа два натпревара во рамките на СЕХА лигата. Во Автокоманда дуелот заврши нерешено 18:18, додека во финалето на СЕХА лигата во Загреб, „црвено-црните“ славеа победа со 21:18. На чело на табелата е Вардар Про, пред Металург кој има и еден одложен натпревар дуелот со битолски Пелистер.
Заслужена победа на Металург бидејќи во второто полувреме изиграа маестрално, за разлика од Вардарци кои беа катастрофални. За тоа што Мојсовски се дереше на Начевски нема да коментирам, тоа само уште еднаш ни ја покажа вистинската слика во репрезентацијата. Ама на теренот човекот се покажа одлично. Секоја чест. Тоа е Наумче кој сакам да го гледам и во репрезентацијата и на натпреварите во дресот на Металург. Се гледа колку добро му дошле неколкуте дена во Хрватска. И ќе се сложам со тоа дека кога игра Наумче игра и Металург. За Станич секоја чест. Ќе ми биде многу криво ако замине за Кил или Гепинген. За Манасков ќе кажам дека не му требаше пируетата на крајот. Тоа не беше ни малку фер од негова страна. Секоја чест за украдените топки и за неговата брзина. Еден од најбрзите ракометари кој ги имала Македонија. Само треба многу да поработи на шутот. И да не ги потценува толку противниците, па макар тие да губат и со 10 разлика. Мислам дека Металург е поблизу да го освои шампионатот на Македонија.