1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ракописот од Акра (Пауло Куељо)

Дискусија во 'Книги' започната од sparklegirl, 11 јули 2013.

  1. sparklegirl

    sparklegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    29
    „Ракописот од Акра“ (Il manoscritto ritrovato ad Accra) е најновиот роман на веќе легендарниот бразилски писател Пауло Коелјо. Возбудлив, со одговори на суштинските животни прашања, со препознатливиот стил на Коелјо, овој роман не пренесува во далечната 1099 година на 14 јули, кога градот Акра го исчекува освојувањето на крстоносците што ги опколиле неговите порти.

    Таму зад градските бедеми, мажи и жени на сите возрасти се собираат да ги слушнат зборовите на мистериозниот човек познат само како Коптот. Тој ги повикува жителите на градот за да им одговори на стравот со вистина, надеж и утеха.

    Започнуваат со прашања за поразот и борбата, па следуваат размисли за доблеста на лојалноста и на самотијата, и на крајот се поставуваат прашањата за убавината, љубовта, мудроста и за тоа што носи иднината. „Што е успех?“ прашува Коптот. „Тоа значи секоја ноќ да си легнуваш со мир на душата“. Векови подоцна, ракописот на Коптот што ги содржи неговите извонредни сознанија за храброста, самотијата, лојалноста и загубата е откопан во една пештера во Каиро.
     

    Прикачени фајлови: