Другите теми се општи околу носењето очила за вид, па затоа оваа нека биде конкретно за рамките. Велат "Гледајте појасно, но со стил". Од каде купувате рамки за очила за вид? Тие знаат доста да влијаат на самодовербата на еден човек... Во која оптика сте забележале најголем и најдобар избор? Пофалби/критики? Или можеби порачувате онлајн? Јас лично не би се осмелила на непробано да купам, често сакам работите да се сигурни и да се вклопуваат блиску до совршено. Низ интернет можат да се најдат разни совети и помош околу компатибилноста на видот на рамка и обликот на лице што е голем плус. Дали вложувате повеќе пари во еден пар рамки или пак сте тип на човек кој што сака да има неколку пара поевтини за да си ги менува во зависност од аутфитот? Во многу од темите каде се спомнува очила сретнав прашања околу изборот на рамките и затоа верувам ќе биде од корист темава, но исто така ќе биде посредено ако сите одговори околу тоа ги најдеме во една заедничка тема, наместо во секоја посебно
Диоптерски очила носам подолго време. Оквирот и стаклата ги купувам секогаш од продавниците на Геталдус и задоволна сум. Треба да се внимава при изборот и на естетиката и на функционалноста затоа што е видот во прашање. Имам еден пар со оглед на тоа што ги носам само за работа. Ако би имала потреба за постојано носење, би купила повеќе пара.
И јас носам диоптерски очила подолго време. Досега имам променето повеќе рамки и стакла и најзадоволна сум од оптика Блажевски. Последните два пара ми се од таму, има убав избор. Два- три пати имам купувано рамки и од пазар, но се покажале неквалитетни и се скршиле за брзо време.
@poenta како се движат цените на рамки во Геталдус?[/QUOTE] @ванилала Оквирите што ги носам ги купив пред две години. Тогаш ги земав 3.300 ден. Како се движат цените сега не знам. Но, имаат добар избор на брендови. Стаклата ги менував пред шест месеци.
Јас сум од Блажевски ептен задоволна. И да ти помогнам во изборот, да ти дадат совет што би можело да ти стои подобро, фини, културни, да ти е мерак да отидеш.
Освен Блажевски, во која друга оптика во Скопје можам да најдам поевтини рамки, а да бидат убави стилски?
Јас искрено моментално од Алиекспрес имам рамки, само стакла тука си ставив... Знам дека бараш за Скопје, ама ете на некој друг може ќе користо информацијава
@simonka93 ако сакаш прати ми линк од некој селер што си порачувала. Се мислев и јас некои од Алиекспрес да си порачам.
Моиве се од лани, и веќе не им се достапни тие производи Од овој селер се Check out this recommended store on AliExpress. Find great products at low prices! http://s.aliexpress.com/IFn2iaQb?fromSns=Copy to Clipboard
Не можам додека не ги пробам речиси никакви очила не ми стојат на фацата и затоа не ризикувам да земам очила од нет
Да да да,милион пати да.Имам три пара од брендот No Logo,италијански се,квалитетни.Првиот пар го имам уште од пред 3 години,ми имаат паѓано,немаат гребаница на нив.Имаш и секаква форма и боја,а преквалитетни се.Препорачувам
Девојки дали знаете каде има убави рамки за наочари со диоптер со понормални цени, бар до 2000-3000, мислам да не се од оние по 20.000.. Само не од пазариве зошто долго време нема нови модели ги знам на памет веќе.