На апсолутно секој настап на Gregory Lemarchal ми навираат солзи во очите, дури и глупаво ми паѓа што се уште се однесувам така, после толку време. http://www.youtube.com/watch?v=WSo27wErt5Y
Некогаш да а некогаш не. Има ситуации во кои останувам ладнокрвна, дури им е чудно на оние околу мене. А знам и да се расплачам како мало дете. Пред се зависи од тоа што се случило, и колку тоа ме погодило.
Мене ете природата ми одредила да бидам многу емотивна и лесно можам да се расплачам. Понекогаш рамнодушноста очајно ми е потребна. Едноставно да не се грижам и да не дозволам нечии зборови и постапки да допрат до мене. Ама немам таков штит, и нa некои работи не можам да останам рамнодушна.
не можам да бидам рамнодушна и да сакам јас сум личност која не преќутува неправда,иако тоа што се мешам кај што не ми е место не е во ред,ама не сакам никој да си игра со некого... знам многу добро да глумам дека сум рамнодушна,додека од внатре вријам но кога тогаш тоа излегува на виделина.
Па неможам да кажам дека сум многу емотивна но и не сум без чувства..некоја средина.Многу работи неможат да допрат до мене што од една страна е добро но од друга оставам погрешен впечаток,дојдов до ситуација кога луѓето што ме створиле значи моите родители мислат дека сум многу силна личност која индиферентно им пристапува на проблемите што всушност не е така.Има луѓе кои само така изгледаат еве јас сум пример и тоа е лошо зошто таквите се изложени да потежок живот еве да не филозофирам,мене во кавга поради мојата рамнодушна на изглед природа ми имат кажано тешки зборови да ме погодат и тоа од тешки потешки само и само да ме повреди а ја нели гордо се спротиставувам и давам впечаток дека не ме боли ако од внатре ме уништува... Но еве во друг случај навистина сум индиферентна кога станува збор за разделби,нив не ги доживувам толку трагично како некои поемотивни луѓе мене брзо ми мине.. секој си има свој карактер ...се надевам не сум офф
Не сум рамнодушна, преееемногу сум емотивна.Дури и во животот имам многу пропатено до што сум голем емотивец.Се си ставам на срце
Со оглед на тоа што сум близнаци во хороскоп, имам две страни Крајно емотивна, и крајно рамнодушна. Зависи од ситуацијата и од личноста. Голем инат сум, и кога некој ќе ми згреши знам да бидам рамнодушна, но кога ќе ги употреби вистинските зборови, омекнувам веднаш Претежно сум емотивна, иако вешто го кријам тоа. Навикната сум да не покажувам слабости во јавност, па затоа само јас си знам како се чувствувам, додека другите мислат дека сум ладнокрвна.
Секоја чест јас додека го слушав си мислев како може човекот да има толку дарба за пеење и се чувствував смирено
Па да рамнодушна сум, дури и премногу, воопшто не реагирам кога нешто ќе се случи.. порано бев емотивна, се нервирав за се, во старото одделение бев многу зафркавана од децата и ми влиаеше на самодовербата, но сега се зацврстив и веќе за ништо не ми е гајле
Некогаш сум многу емотивна, а друг пат ужасно рамнодушна. Одам од крајност во крајност, во зависност од расположението. И не, не е ПМС, туку таков карактер сум.
Рамнодушна сум, иако понекогаш сум премногу емотивна - типично ракче од хороскоп. А и добро глумам рамнодушност понекогаш.