1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рамо за плачење

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 8 септември 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Што кога ви е најтешко? Кога мислите дека светот се руши пред ваши очи?
    Во што наоѓате утеха, кому прво му се жалите?
    Барате рамо за плачење или сте личност која се затвора во себе?
    Која личност успева најдобро да ве разведри т.е кој/a е најчесто ваше рамо за плачење?

    П.С Темава може да послужи и како давање подршка, советување, разведрување, подавање рамо за плачење меѓу форумџиките. Кога ви е најтешко а нема кому да кажете, пишете тука.
     
    На lovely-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Во принцип сум затворена личност, што и да ми се сличи несакам да му се лигавам на никого... многу пати сум мислела дека животот ми се руши пред очи но се затварам сама, во својата соба или во вц, само така имам малце мир каде што можам да се исплачам на раат, тогаш плачам цел ден и се сожалувам, ама брзо ми поминува тоа и тогаш станувам ги бришам солзите и си велам дека никогаш повеќе нема да плачам за тој што не вреди ни една солза и собирам сила... а дури после тоа го раскажувам мојот проблем на сестра ми и најдобрите другарки кои секогаш знаат да ме утешат и да ми поделат некој совет... што и да се случи неможе да биде толку страшно за да ми го сруши цел свет, животот продолжува...
    Моментално ми се враќаат некои спомени и се чувствувам некако беспомошно, несакам на никого да го кажам тоа, можеби ќе го споделам со вас но подоцна... кога ќе ги најдам вистинските зборови... :*
     
  3. verolinka

    verolinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    6
    Доста затворена особа сум и никогаш не сакам некому да покажам дека ми е тешко.Секогаш се си чував во себе...Но имав еден многу бош период мислев дека ако не се исплачам некому дека ќе полудам.....
    Жртва беше една другарка.
    Сепак мислам дека некогаше потребно да се искажеш некому за да ти олесни на душичката!
     
  4. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Тој ми е нешто повеќе од љубовник , дечко , личност со која го делам животот , татко..Во најтешките моменти тој ми е рамо за плачење , не кријам ништо од него :worried:
     
  5. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Кога ми е најтешко ја нурнувам главата во кадифеното мече и седнувам во аголот и плачам. И се жалам на големата црвена тетратка, се испразнувам пишувајќи , а утеха наоѓам во музиката. Често сум сакала нешто да напишам и по форумов, многу пати и сум напишала, па подоцна сум се покајала бидејќи не сакам да ме откријат. Немам рамо за плачење, за жал за мене важи фразата Never tell your problems to anyone...20% don't care and the other 80% are glad you have them.
     
    На Daddy.girl и patika19 им се допаѓа ова.
  6. WildAngel

    WildAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    108
    :y:

    Таква личност сум која не ги кажувам моите проблеми на другите.Затворена сум.Се си чувам за себе. Луѓе што често се жалат за се и сешто, ме нервираат. Па сега, секој има проблеми! На никој не му е совршено!Кога имам момент на нервоза, најчесто цртам и слушам музика.Така најдобро се релаксирам,и во себе си велам - Don`t worry, be happy! :)
     
  7. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    не плачам :!:
    барем не пред другите луѓе....се си чувам во себе, знам дека е многу лошо тоа, ама наоѓам други начини како да го исфрлам бесот или тагата....пуштам гласна музика и играм додека не се преморам, или пак зборам со кој ќе најдам на било која тема само не на таа која ме боли :|
    ако ми треба утеха и поддршка барам во најблиските, обично во мама и дада....но неможе Се да им кажам на нив, понекогаш тука се 2-3 другарки на кои можам да им раскажам најчесто некој љубовен проблем....не се потпирам многу на нив но понекогаш ми годи кога ќе продискутирам со некој кој знам дека нема да ме разнесе наоколу :)
    еден период кога ми беше тешко го открив форумов па овде можев да си пишам што ми лежи на душа и за момент да се испразнам ;)
    дневник не водам од проста причина што немам приватност во сопствената куќа, неможам да му ја мислам дали таа тетратка ќе падне во туѓи раце.....но знам со ноќи да не спијам и да размислувам, да вриштам во себе и да заспијам со некоја солза дури пред зори :x
     
  8. slatkoto-malenko

    slatkoto-malenko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    Не покажувам никому кога ми е тешко едноставно таква личност сум не сакам никому да додевам со моите проблеми едноставно само можам да донесам решение одлука се затварам во соба пуштам и пуштам музика.
     
  9. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Затворена личност сум. Не кажувам и не признавам речиси никогаш дека нешто не е во ред. Можеби затоа што немам целосна доверба во никогу а и несакам никогу да замарам со моите проблеми денес секој си има свои така да не верувам дека некој би се загрижил посебно за мене.
     
  10. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    кому ќе се истажам најмногу зависи од проблемот! Понекогаш знам сама да си се мачам и да си живеам со проблемот не споделувајќи го со никој, но најчесто зборувам со мојата цимерка! Ме познава добро и знам дека не ми мисли лошо! Знам и дека нема да ми се ,,расчуе,, проблемчетот наоколу па затоа спокојно и се истажувам нејзе! Сепак знам дека кога проблемот е споделен со некој (доверлив човек) тогаш истиот е пола решен, подобро решение ќе смислат две глави отколку една...но... одлуките околу решавањето на проблемот во принцип сама ги носам, сама одлучувам како ќе постапам и најчесто не барам совет од други туку само си се истажувам да ми олесни на душичката! :wasntme:
    За среќа досега не сум имала некој проблем кој подолго време ме мачел...барем досега :!:
     
  11. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Кога ми е тешко знам да се исплачам, за да ми дојде полесно. Некогаш толку многу плачам што мислам дека очите ми пресушиле и веќе нема солзи во нив. Знам во такви тешки моменти да напишам некоја песна, или да ја изразам тагата на некој друг начин, ама да се жалам пред други - не.
    Обично често сум јас рамо за плачење на другарките, веројатно затоа што знам да ги ислушам, да им дадам некој совет. Што би рекла една моја другарка: Човек многу лесно тебе може да ти се отвори, дури и да не те познава. Последен пат, кога другарка ми раскина со дечко и, ме викна да дојдам иако веќе беше поминало полноќ, а јас сабајлето имав предавања. Не ми беше тешко да отидам и да ја утешам, затоа што јас сум таква - се соживувам со другите. Сум поминала и јас низ тешки моменти, па знам како им е на оние кои страдаат.

    Во принцип сум затворена личност, ама па не чини и толку да собираш во себе, затоа што се си има своја граница.
     
    На anab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.597
    Не сум затворена личност, лесно ги искажувам проблемите. Нормално, не секому. Не дека барам совет или поддршка, можеби само разбирање. Баш рамо за плачење.
    Не плачам пред сите и не плачам во јавност. Или барем се трудам.

    Рамо за плачење ми беше најдобриот другар, воедно и бивш дечко, со кој не се пронајдовме на таа бранова должина. Но, за секој проблем и секоја убава вест прво му ѕвонев на него. Повеќе за проблеми, за волја на вистината. Секогаш наоѓаше убави, утешителни зборови или решение, дури и кога не го барав.
    Но, како и во сите приказни, го прокоцкав тоа внимание и таа добрина, и сега повеќе не зборуваме. :(
    Сега рамо за плачење ми е другарка ми , поретко мајка ми.

    И јас сум нечие рамо за плачење. За оние кои што го заслужиле тоа. Факт е дека сам против светот, не се може. И јас сум за тоа дека ако сам не си помогнеш, никој друг нема да го боли, ама некогаш е потребен некој до тебе, макар и да те сослуша само.
     
    На doktorka-an му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Кога сум тажна,како денеска...
    Не барам утеха во никој...со никој не сум толку поврзаназа да му се доверам до толку или пак да ми биде рамо за плачење.
    Тогаш сум нај осамена, единствено друштво ми прави паломата .
    Затворена сум,и никој не дознава дека сум тажна . :doh:
     
  14. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    Бев затворена и повлечена во своите проблеми, на никој не му се доверував за некои подлабоки проблеми, се додека не се појави дечко ми во мојот живот и откако веќе почнав да чувствувам дека можам да се доверам до в крај. На ниедна другарка, ни на најблиската не сум и се отворила целосно, додека на дечко ми секој детал што ќе ми го расипе расположението му го кажувам (добро сеа..не баш секој, не го замарам со ептен банални работи) Мислам дека никој подобро од него не би ме сфатил. Со мене бил и во моментите кога цел свет ми се рушеше пред очите, кога од стрварноста замина една за мене многу важна личност ..... и во се друго!
     
  15. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Не сакам да покажувам слабост пред другите. А всушност и немам на кого да му се отворам, со душа и со срце. Т.е имам неколку личности, ама пак имам сомнеж дека некогаш ќе можат да го злоупотребат тоа што сум им го кажала. Не сакам да покажувам слабост, и мојата слаба точка. Силна сум, се затворам во себе. Понекогаш белата хартија ми е најдобар пријател. Сама ги надминувам сите проблеми. Можам...Ама признавам, понекогаш ми треба некој кој што ќе ми биде рамо за плачење.
     
    На anab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    344
    кога сум тажна ,разочарана или изнервирана од нешто или некој,најпрво се затварам во себе и тажам а при појавата на мала искра на совет од пријателка веднаш се опуштам и се олеснувам на неа,знам да се искажам и да барам рамо за плачење..... ;)
     
  17. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    кога сум изнервирана или разочарана од нешто имам две другарки кои ми се рамо за плачење,зависи за што се работи ,но сепак секогаш оставам нешто во себе.никогаш не сакам а и понекогаш неможам да се искажам до крај. :tmi:
     
  18. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    Зависи за што. Најчесто другарките кои ќе ме расположат ќе кажат неколку убави мисли и ќе ме гушнат. Не сакам многу да им се лигавам зошто имам и доста проблеми па не треба постојано на мене да мислат и да ме тешат.
     
  19. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Девојки,вие сите затворени... :?:
    Јас па не можам ништо да чувам во себе. Добро,скоро ништо.
    Затоа ја имам сестра ми и само уште две три најдобри,не другарки,туку сестри,со кои израснав...Нив може се да им кажам,и пак ќе речам,скоро се...Пред нив можам и да заплачам ако ми дошло до плачење...
    Но вака,ептен рамо за плачење,немам.
    Но ако не покажуваме никакви чувства,ни на умрен плачеме,ни на жив се смееме,што тоа ќе биде од нас....? :?:
     
  20. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Да, на секого му треба рамо за плачење ама во некои моменти, не секогаш. Не сум ниту отворена, ниту затворена личност, го кажувам само она што треба, а кога ми е тешко, имам некој што ќе ми пружи разбирање и поддршка. Не сакам да се лигавам и да плачам во јавност, најчесто тоа го правам дома, сама. А често пати сум била рамо за плачење, но само на личности кои го заслужуваат тоа, не на секого.