Прво рамо за плачење ми е дечко ми...секогаш тука за мене,секогаш ме слуша ме советува,се бори да бидам цврста и пред никој да не потклекнувам...тука е и мајка ми и сестра ми ,но со нив двете имаме секогаш спротивставени мислења,па затоа тие во некои ситуации ми се рамо за плачење..исто и мојата најдобра другарка...таа и кога не сум во право име храброст да ми го каже тоа во очи и често кога ми е тешко и да заплаче со мене...во друг немам доверба,ретко денес некој правилно да те советува,секој ќе ти го каже полошиот начин за да преживееш,секој ќе се сити на твојата несреќа затоа секому не се верува...тоа верувам сите сме го осетиле на своја кожа некогаш....
Јас премногу се затворам, најмногу што може да се отворам е на дечко ми, и тоа со граници. Многу ретко се жалам по другарки, нема шанса за тоа. Најчесто слушам, и тешам, или советувам. Сама на себе сум си рамо за плачење кога ке ми прекипи од се
Јас не се жалам многу, фала му на господ добро е, но кога ке има нешто разговарам со дечкоми. Зошто во денешно време ретко можеш да најдеш човек на кого можеш да се довериш
не знам, не ми е удобно пред други да плачам.. Обично се заклучувам во веце па таму липам и слично.. Утеха во храна после си барам . Најчесто слушање по весела музика ме расположува или излегување со другарки
Кога сум тажна јас ... никој не знае ... едноставно се затварам во себе не сакам да плачам пред некого ... тоа е многу лошо бидејќи се задржувам во себе , но тоа е
Ретко ми се случува да се жалам, да плачам пред други но колку и да се правам силна потребно ми е да имам некој до мене што ме разбира и да знам дека е секогаш тука за мене. Среќна сум што имам на кого да се доверам.
во принцип некако сум затворена личност кога станува збор за моите проблеми. Сакам да ислушам да дадам совет да помогнам на некого би го дала цело срце. Но моите проблеми работи кој ме нервираат па и порано кавгите со дечкото не ги знаел никој. Дали поради фактот што, да ги сакам луѓето но некако не им верувам секогаш сум си ги слушала моабетите од други и поука ми останало ете сама да се борам. Кога станувало збор за љубовни кавги кој пак за среќа покрај мене имам вистинска личност и работите сме ги решавале брзо имало само краткотрајно пуштање на солзи и нервирање во себе. Останатите домашни проблеми, финансиски, работни и се останати ги споделувам со мажулето и со никој друг. Тој ми е најголема подршка и најголемото рамо за плачење и само тој ме нема изневерено во поглед на довербата
За плачење не, ама за жалење, и за споделување на сите проблеми и дилеми, тука ми е дечко ми. А за буквално ПЛАЧЕЊЕ кога е потребно, тука ми е перницата.
единствено рамо за плачење ми е сестрамии.....неможам да си го замислам животот без неаа... добро е кога во животот знаеш дека секогаш ке имаш некој кој навистина се грижи за тебе....
рамо за плачење па најчесто тоа е дечко ми ме разбира и ме подржува во се заедно се справуваме со проблемите и сум му благодарна за тоа и секако сестра ми која е тука секогаш за мене инаку другарките и пријателките ги поштедувам од тие работи така некако да кажам бидејки некој од нив тоа го злоупотребуваат или си сфакаат здраво за готово и затоа пред нив не си ги споделувам моите лични проблеми.
ЈАс знам често да се залам ова она но пред никого не сакам да плачам не сакам да ме сметатза слаба личност но моето креветче си знае како ми е ,еден вид рамо за плачење ми е
Буквално истово... несакам да покажам слабост пред некој друг и потполно се пронаоѓав во еден дел од песната од pink - nobody knows Баш за ова Nobody knows but me That I sometimes cry If I could pretend that I'm asleep When my tears start to fall I peek out from behind these walls I think nobody knows
Не сум сигурна дали кога ми е тешко попрво сакам да ме расположат, или пак да ми помогнат да го решам проблемот. Не сум затворена на ова поле и лесно можам да си ја отворам душата и да кажам се што ми лежи на неа, кога станува збор за личност на која можам да сметам. Најчесто го гледам како рамо за плачење дечко ми. Чувствувам дека ме разбира и дека е доволно свесен да би ја разбрал ситуацијата во која се наоѓам, па кај него и ја барам ваквата поддршка.
Искрено пред се гледам сама на себе да си помогнам, е сега кога ќе видам дека нема излез, моето рамо за плачење е дечко ми.Можам да се изнаплачам и да му кажам се знаејки дека ке ме ислуша и ке ми даде совет
Другар ми од детство, кој пред 5 години се пресели во Белград =( И сеуште го тормозам за се и сешто. Едноставно знае да ме утеши во секоја ситуација и секогаш ми се наоѓа....Знам да му свртам во ниедно време, и веднаш да се прибере од кај и да е, да седне на скајп, и да ме сослуша до раните утрински часови. Се додека не ме насмее онака вртоглаво- да заборавам на секој проблем кој сум го имала. Едноставно го обожавам... Се гледаме колку што можеме често, но едноставно секогаш ми е малку, и најголема несреќа ми е што ми се пресели од маало Иако, сеуште се имаме еден со друг, и ништо не е сменето.. Човек кој постојано ги има вистинските одговори... Такво пријателство е бесценето, и најсреќен е оној кој го поседува!