Ова рамо за плачење некако како израз не ми е баш по мерка. Мило ми е ако се најдам на некого за да му дадам корисен совет, да утешам и слчно но на најблизок. Многу ми е чудно кога некој не така близок, да речам мој познаник дури и непознат за мене, да ми се жали и да ми ги прераскажува своите проблеми. Никогаш не ми било пријатно да слушам туѓи проблеми. И јас исто така не сакам некој да ми изигрува рамо за плачење, знам дека некогаш е полесно кога болката ќе се сподели со друг, но знам дека мене тоа ми смета, можеби и на другата страна му смета тоа, па не драматизирам многу
Самата сум си рамо за плачење. Не сакам луѓето да ме сожалуваат и не сакам да му кукам и да му се лигавам на некого. Секако дека имам потреба тој бес, таа тага и болка некако да ги извлечам од себе, но тоа го правам на поинаков начин. На пример преку сликање и пишување. Тоа е мојата терапија. А ако ми треба некој совет, тука секогаш е мајка ми да ми излезе во пресрет. Но, во принцип ретко плачам пред друг и тешко ги искажувам емоциите.
Порано се затворав во себе најмногу не сакав другите да ги замарам со мои проблеми. Сега со дечко ми сум многу отворена, он е тука за се, кога и да ми е потребен.
Јас сум едно такво суштество кое понекогаш се мразам самата себе си баш поради таква карактеристика на карактерот, која ќе проголта 100 пати едно те исто или што и да е па 101 пат ќе каже. Моето рамо за плачење е мм. Не сум плачка по природа. Се јадам во себе и го разгледувам проблемот од сите перспективи па на крај кога ќе прелее претпоставувам си земам перница и плачам е после можам да си кажам што ми лега на душата. Али затоа имам страшен ПМС Ја калам тагата, болката преку нешто и ако тој метод не помогне е тогаш вриштам по дома Инаку сум добар слушател
Тука сум за секого. Секој може да се искаже, а јас искрено ќе кажам што мислам, и ќе се потрудам тој човек да се чувствува подобро. А дали ми е баш гајле? Искрено, не. Си ја вршам работата. Знам дека додека има потреба да се кука кај некого, ќе се исплачи, а после ќе заборави дека постојам. Сум го видела ова многу пати. А јас да се кукам кај некого-нема шанси. Патам во самотија. Само еднаш во мојот живот сум имала потреба да се искажам некаде. Се искажав кај неа бидејќи патеше од истото, а нејзините другарки беа во врска и си беа среќни. Само ја караа у стил-заборави го, тој е ваков, тој е таков. И кажав за да и го одвлечам вниманието. После и давав апдејт за се и сешто. Исто и таа. Сега каде е? Си го живее животот. И давам јас апдејт-таа си вели-неам време, морам да бегам. Е ај сеа...
Мене од ова рамо за плачење ми доага сега да рикнам да плачам,незнам зосто но едноставно како на челото да ми стои ПСИХОЛОГ па сите ми се отвараат,каде и да отидам лугето само за проблеми и маки ми расправаат.Со дечко ми кога разговарам само ми кука ми се плаче,разбирам дека мојот совет ве смирува ама дојде време да нема на кој јас да се поплачам оти сите се зафатени со нивните проблеми,само татко ми да е здрав само тој има време да ме слуса и оти знам како е некој нонстоп да се зали барем имам осет и не се отварам до толку да замарам.Сум помислувала ај сигурно им треба некој на кој ќе му веруваат некој сто знае да исслуса (нели тоа сум јас) но чудно е сто и кога запознаам нови луге тие веднас се отвораат и ми ги казуваат проблемите..уфф да не е оваа фемина ќе нема кај да плачам
јас сум секогаш тука за пријателките. а лично јас кога имам проблем со дечко ми сум си отворена, но ако е со него проблемче некое,тогаш со мама и со најдобрата другарка секогаш си правам муабет - колку да ме сослуша да ми олесни душичката.
Имам едно многу цврсто рамо за плачење, па и во буквална смисла-на другарка ми. Не постои работа што не би и ја кажала и секогаш кога имам проблем неа и се обраќам и никогаш не сум зажалила.Секогаш ми помагала и ме тешела.Секако и јас неа. Со дечко ми иако сме долго не можам да речам дека ми е рамо за плачење за секаква ситуација, сепак нему не му откривам се.Он ми е тука за одредени ситуации, а другарка ми е универзална
Немам рамо за плачење...немам толку добра другарка/другар Едноставно му се исповедам на Word и после го бришам текстот (колку глупава и да звучи - ми помага да го исфрлам бесот)
другарка со која прва ќе правам муабет после маката, на мајка ми ама најчесто сама си се исплачувам убаво и си спијам после тоа и така..
Не би рекла рамо туку перница за плачење или вака да се изразам, рамо за плачење ми е перницата, многу пати се случува пред да заспијам да се исплчам ако ми дојде така и тоа резултира со мокра перница.
Мајка ми. Вечната ми поддршка, потпора, рамо за плачење. Запознаена е со сите мои проблеми, од оние најмалите и не толку значајните, до поголемите и оние кои ми го распараат срцево. Секогаш била тука. Секогаш е тука. Знам што можам да очекувам од неа.. Истото важи и за мене кога таа е во прашање. Мислам дека нема тајни помеѓу нас, така сме навикнати и така функционираме. Се познаваме предобро, имаме развиено однос каков што многумина посакуваат. Премногу сум благодарна и среќна поради тоа.. Потоа, доаѓаат неколку другарки. И тие се добри слушатели, делиме взаемна среќа кога си помагаме. Тука се за мене, тука сум за нив.. Безусловно. Другите, можам да ги сослушам, не ми е проблем, но не се исповедам на секого. Не сакам да изнесувам информации за мојот живот насекаде. 90% не ги интересира, 10% се среќни што не сум мирна.. Нејќам да ме сожалуваат, нити пак да се ситат на мојата болка и неспокоен период. Затоа останувам само во својот круг.. проверено, најдобро решение.
Најчесто се затворам во себе. Кога ми е најтешко, само ако во моментот одредена личност е до мене ќе се отворам ама не целосно, ако не ќе преспијам и наредниот ден сум како нова. Имам доста рамиња за плачење ама некако не можам целосно да се отворам. Чуствувам како никој да не ме разбира, јас самата најдобро си се разбирам. Само ќе си речам ’ќе помине‘ и продолжувам понатаму.
Премногу затворена личност сум и емотивна без самодоверба-ЈАС неможам да ги поишам чуствата имам многу бест фриендс ама сепак на никого не му кажувам за моите чуства... ако имам потреба за пплачење тука е мојата мачка ке седнам со неа во соба и ке се исплачам врз неа.Комо мму е гајле на овој СВЕТ за твоите проблеми мораш сама да продолжиш!
Се затворам во себе. Многу повлечена личност сум. Немам некоја толку добра другарка на која би можела целосно да и се отворам а и глупо ми е, срам ми е да разговарам со било кого, па и дури со семејството.
И јас сум затворена. Не сум глумица, незнам да глумам, ама како што ми викаат дека сум многу ведра и позитивна, а како јас внатре се чуствувам- заслужувам оскар! Сама си собирам во себе и кога читам нешто тажно, или песна или слики, си седам и си плачам... Некои работи никому ги немам кажано, секако никого не го интересираат. Најблиските не ме прашале КАКО СУМ, ама од срце, а не од куртоазија, па не да плачам некому... Сама на себе, најблиска, за жал...
Единсвено рамо за плачење е другар ми, на него можам се да му кажам, зошто знам дека тој ќе го задржи во себе, а нема да го раструби насекаде