Рамо за плачење ми е најдобрата ми другарица, која во последно време фаќа кривини... Осеќам како да се сити на моите проблеми, а не како вистински да сака да ме ислуша и да ми помогне. Јас сум рамо за плачење на повеќемина другарки, кои имаат голема доверба во мене, и секогаш сум тука да им помогнам.
Рамо за плачење ми е мајка ми со неа можам да ги решам сите проблеми сите неостварени работи , мамо среќна сум што те имам Исто така и дечко ми и тој ми помага многу и можам да се потпрам на него , и тој ми е рамо за плачење
Освен дечко ми немам никој друг за жал. Никого не чувствувам за толку близок,затоа што: -или ќе ми направат да се чувствувам уште полошо -или ќе климаат со главата како им е жал,за утредента да сватам како си ја нахраниле душата на мојата мака и истото да го слушнам уште од сто други -или ќе ме потапкаат по рамо во добро познатиот стил `ајдеее се ќе биде во ред`,и веднаш ти сменува друга тема (во превод,аман немој досадна си,неможам да те слушам,што ми е гајле за тебе)
Ме обвинуваат дека сум премногу затворена. Сум, но и другарките ми признале дека да ги имале тие мои проблеми што сум ги доверила, тие никогаш не би ги довериле. Сепак, не им е доволно да ме разберат и повторно сум обвинета дека сум тивка, затворена, оддалечена. Пред една недела на две другарки им ја открив мојата најголема тајна за себе, што ја носам во себе уште од 6-7год. и сега си мислам дека тие имаат мислење за мене дека лажам, дека барам само внимание. Немам рамо за плачење. Тие ми грешат, а јас ги барам. Мека сум, и не се откажувам од ништо лесно, да не зборувам за откажување од личности кои искрено ги сакам! Не сум горда, секогаш попуштам и си мислам дека затоа ми е вака... Затоа сите ме газат. Затоа им е најлесно во мене да ја најдат грешката... мене да ме обвинат за се.. Веќе не знам што да правам.. Никого немам во животов.
Само,и само моите родители!Немам друго рамо за плачење и нејќам да имам затоа што денес секој би бил среќен ако му кажеш дека имаш проблеми или дека нешто те мачи.А некогаш ми паѓа тешко што немам друг освен нив за да се искажам целосно,али животното искуство ме научило дека најдобро е така сигурна сум.Ретко се има искрен и верен другар денес.Жално али многу вистинито.Секој гледа само да ти наштети ако може а не да ти помогне.
Сестра ми, а често пати се потпирам на моите рамења..Човекот си е сам себе најдобро дрво за потпирање! иако понекогаш и така не бива ..
Мајка ми... само да ме погледне и знае одма дека нешто не е во ред со мене и секогаш знае што да ми каже и како да ми помогне. Она ми е мајка, најдобра другарка, психолог.. рамо за плачење во секој момент. Покрај неа, на оваа листа ми е и дечко ми, секогаш ми е поддршка и некогаш да не сум му во негова кожа кога треба да ми биде рамо за плачење
Имам неколку луѓе на кои можам да им се отворам за се За некои работи тука се родителите,а за другите проблемчиња најчесто се обраќам на 3 -те најблиски другарки
Немам рамо за плачење, има некои нешта кои ги кажувам на другарките, некои нешта на мајка ми или на сестра ми, некои на дечко ми, но повеќето си ги чувам за себе. Кога ми е најтешко тогаш никој не знае за тоа.
Не знам зошто но кога ми се плаче, плачам сама, не на нечие рамо. Повеќе и немам солзи за да плачам но сепак сакам на рамото на форумов да си се потпрам.... Ете ми тежи, ми тежи една голема празнина, болка, можеби гнев или тага, не знам како ја наречам таа мачнина. Пред извесно време ја изгубив најблиската личност во животов што ја имав, мојот репер за се, рамото на кое плачев, раката која ја држев и кога паѓав и кога се издигнував во животов, личноста што ми беше се, мојот херој, татко ми. Мислев дека пресушив, но еве, повторно капат на тастатурава. Знам дека животот е само една патека по која сите чекориме и од која сите еден ден ќе си заминеме. Јасно ми е дека смртта е подеднаква со животот. Не се затворив во себе, не дозволив болката да ме втурне во депресија, не ни можев да си го дозволам тоа. Покрај мене останаа сестра ми (трудна) и мајка ми потполно изгубена. Морав да бидам силна за нив. Ми рекоа “Сега ти си столбот на ова семејство”. Знаете која тежина ја имаат тие зборови? Јас? Како ? Можам ли? Имам ли сила ? Не. Но немав избор, морав да стојам цврсто за нив, за мајка ми, сестра ми и вкукот. Плачев сама настрана, пред нив без цврста и ведра, постојано им ги дрдорев оние глупави фрази од кои и мене ми се лоши “Се ќе биде во ред”, “Времето лечи се”, “Така требало да биде”, “Од судбината не се бега” и бла бла бла глупости. Ми се повраќа од тие празни муабети. Од тогаш поминаа седум месеци. Сестра ми се породи, има синче. Мајка ми си продолжи да оди на работа, конечно дојде при себе. А јас? Каде и како сум јас после седум месеци поминати во премолчување, во голтање кнедли, не покажување емоции само за да они не се дополнително растревожуваат? Загубата и седумте месеци потоа од мене направија камен. Ги изгубив сите стравови, ги изгубив сите емоции. Повеќе ништо не чуствувам, ништо не допира до мене. Понекогаш се чуствувам како робот којмеханички функционира. Имам активен социјален живот, не се затварам во себе, но сепак ништо од тоа не ме исполнува. Единствено чуствувам мир кога сум горе, на небо, кога летам со параглајдерот, само тогаш сум смирена и исполнета. Но тоа не можам да го правам постојано. Не знам како да ја вратам старата јас Се надевам дека нема многу од вас кои го доживеале истото, но сепак сакам да чујам некој совет од вас. Со никого е разговарам за ова, за тоа како се чуствувам, не сакам да ги отеретувам луѓето околу мене, а сепак чуствувам потреба за разговор на оваа тема, чуствувам дека ми треба помош за да се вратам во старата кожа, не го можам тоа сама.