Значи јас сум едно хиперактивно, живчано девојче кое неможе да седи мирно, или тресе со нозете, или гризе нокти, или кине парталчиња и прави ѓубре или си го корне лицето. Бидејќи денес ми е прв ден од циклус, завчера забележав на кожата помеѓу усната и брадата тврдо топче што боли на допир, како некој од оние опасните рогови кога треба да излезе. Збеснав и веднаш работата ја фатив во мои раце. Прво почнав да стискам агресивно, по што си ја оштетив сета кожа во тој реон, ја искинав буквално и направив раничка како дупче. Вечерта кој и да ме видеше мислеше дека ми е дупка од пирс Да до толку беше страшно. Но камо да останеше на тоа,. Денес за да бидат работите уште по секси, измислив нова техника за да се справам со тоа чудо (моја е копирајтед, може и да се вика по мене, но најпрвин да се патентира) купив медицинска игла од аптека која по случајност ми ја дадоа заедно запакувана со шприц. Дојдов пред огледало, и у стилу `велике козметичарке` почнав да го боцкам местото за да дојдам до гнојот. И никако да го трефнам, двеста пати се избоцкав и во него и околу, бидејќи во меѓувреме местото потече од стискање и мене ми личеше на голема бубуЉица полна со гној. Нејќе ни да чуе нешто да излезе, плус местото од вчера оштетено се лупи се перута, ме боли да стискам, И одма ПЛАН Б: вакум техника со шприцот! Така јас си замислив значи дека полесно ке го вшмука гнојот од местото, почетокот на шприцот на -сега веќе раната- и со пумпата влечи- и мислев тоа е тоа....занает! Леле луѓе, неможам да ви опишам сега ТОА на што личи : МОДРИЦА околу него огромна, како некој боксер да ме нокаутирал. Неможам да излезам од дома, обврски да завршам. Ај вчера некако успеав да ја прикријам со зелен коректор, јес да и така сите мислеа дупка од пирс ама ова денес е, незнам!?! Неможам ни да се обесам, -на глава ми е пак сите ќе ми го видат! (јоке) Него жени кажујте чаре, креми, чаеви, магии, бајачки...било што!!!!
Рана на лицето- ПОМООШ! леле не ти требала нова тема за тоа... и јас сум живчан човек ама ти си претрала бе ... остави го местото да се смири малце хидрогенче стави му и после павловичева крема ставај му ... кај ти текнале сите тие работи ццц памет за друг пат немој сега да го воспалиш некој ден ке си шеташ таква сама си крива,... ајде позз до тебе
Рана на лицето- ПОМООШ! хаха а мислев дека јас претерав кога ставив оцет и ми се направи дупка.. Стави хидроциклин маст и нека стои така цело време. После за модрицата можеш да ставиш некоја од тие мастите за модрици ( имаат Тромбон у името) и најбитно НЕ ПРОБУВАЈ НИШТО ДРУГО НАСИЛНО =)!! Мора да отстои само да си зарасне. И памет за друг пат
Рана на лицето- ПОМООШ! мачкај се со некоја маст можеш со вазелин,невен,кантарион ....и др пат немој да го стискаш тоа само од себе ќе си помине
Рана на лицето- ПОМООШ! фала ви многу девојки...но јас мислам дека секој ден е полошо и се ми е таму раката, само си корнам од раната, а и богами големка територија завземала. Ќе се обидам со фластер или ханзапласт, и така од дома не ислегувам
Рана на лицето- ПОМООШ! Alice душо не е за смеа, ама начинот на кој си го напишала проблемот, ќе треснев од столче Ме изнасмеа да не пукниш, многу си креативно харизматична Вака сега, сериозно, мачкај го со облоги од чај од камилица и некоја маст од невен или декотал маст. За малку подоцна откако ќе зарасне, би ти ја препорачала кремата против лузни Контрактубекс. Но, тоа подоцна. Сега за сега мораш да го санираш и да не го чачкаш ни под разно, и никако фластер или нешто што ќе ја покрива раната, зашто кожата мора да дише и полесно и побрзо ќе заздрави без такво маскирање. Поздрав и не се нервирај, тоа е најважно.
Рана на лицето- ПОМООШ! Земи алвен,гел за попуштени вени,супер средува модрици,а за раната не ти останува ништо друго освен да чекаш сама да зарасне,ама мачкај ја со хидроциклин пред спиење.
Рана на лицето- ПОМООШ! Значи не сум била само јас толку `креативна`, сум имала и друштво (целиот грб ми беше црвен од рани, пошо 24/7 `копав` по бубуљиците) Инаку, се надевам ти поминало до сега
хахахахахаха леле девојко па ти не си нормална добра операција си извела сама на себе лоооооол свака ти част страна на шала сега сигурно ке имаш огромна лузна на тоа место што си оперирала сега мачкај со контратубекс откако ке ти заздрави зашто додека е тазе лузната отстрани ја... зашто после тешко поззз
Хеј сега ми е лицето чисто, немам проблем со акни но лузнички гледам дека останале. Посебно на ова место лузната е `очигледна` да без зелен коректор не се прикрива... Некое друго чаре за лечење лузни знаете? И да, колку чини контратубексот?
Јас кога бев во пубертет нон стоп ги копав. Имав мозолчиња и не можев да ги поднесам, иако сите ме опоменуваа дека ќе ми останат лузни. Али ја си терав по мое, а и интересно ми беше. Сега од десната страна имам мали лузни, дупченца. Памтам кога ми се деси тоа, ми излегоја повеќе мозолчиња едно до друго и ги стискав. После пак излегоја па пак ги стискав и така повеќе дена по ред и на крај се откажав и сами ми поминаа али лузна ми остана на тоа место. Сакав да ве прашам дали стварно би ми помогнала таа маст контратубекс, и колку чини?
може да се мачкаш со алое, а контратубексот го прашав во аптека пред некоја недела и ми рекоа 480 мислам
Што е тоа кантарион? Исто и јас си разививам креативности по дома, како Алис, не до толку, али ке ја стигнам кога тогај Мислам да го мачкам лицето со вазелин би помогнало тоа?
Алис, се скапав од смеење додека ти го читав текстов.. начинот на кој што си го пишувала брао Инаку како бубулката? помина ли? како е сега лицето?
Помина да...ама си имам траен спомен Инаку благодарение на diane-то сега ми е лицето џам, но предходно цистите од јајниците ми се рефлектираа на лицето и првиот месец од терапијата имав ужасни болки кога цистите пукаа, но мазохистички уживав во нив бидејќи знаев дека така исчезнуваат, а со нив заедно и акните Сега треба да почнам со контратубексот, но пред некој ден една жена која ни дојде на гости ме предомисли, ми рече дека кремата од Невен на RSI била поефикасна од контратубексот, и буквално ме присили да ја нарачам... мислам ми рече `ќе ти ја нарачам` без да ме праша е сеа има ли некој искуство со тоа чудо, и навистина ли е поефикасно од контратубексот за отстранување на лузни?
ЈАс, Јас , јас!!! Едно време тетка ми беше зачленета во тоа РСИ, и првото нешто што го донесе кај мене дома , беше Невенот! Жолта маст, прилично мрсна... ама чуда прави искрено! Ја ставав на се и сешто, на рани,изгореници, лузни, мозолчиња, гребаници...и се поминува! Слична е како оние домашнине, бабски масти , ама оваа е дури подобра. Супер што ти го нарачала искрено, ако не за ова , за други работи ќе ти се најде. Послушај ме
Која е таа фирма РСИ? Е кремата мора од таму само да се нарача, не може некаде да се купи? Колку кошта?
Ако е една жолта маст шо убаво мириса..тоа е! Ја таа не ја користам за акни,али стварно помага за изгореници,лузни,модрици,ранички..али не ја ставам ја за лице..
Имам и јас такви чудесии и тоа од двете страни покрај долната усна . Пред две години ми се создадоа едни зелени чиришта и тоа од обично стегање на безначајно микроскопска црнка. Ми се направи големо пола сантим и нон - стоп беше лоудед ,под напон ,ми беше страв да се насмеам да не му шприцнам на некој в сурат Стегај ,стегај , не се достегуваат , од кај се најде толку гној во мене ,од кај се закатани? И си зедов маст Гарамицин , се шлакав на секои 5 минути , па ми поминаа за два три дена. Оттогаш повеќе не загноив Една дупка лево , една насреде од пирсот и една десно. Сето дупено сум!