Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рана од мозолче

Дискусија во 'Лице' започната од HeidiDiWalt, 5 септември 2010.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Чилидонија е кремче, маст за повеќе намени - акни, лузни, флеки од акни, повреди, исеченици, изгореници и слично. На природна база е и ја има само во билни аптеки, а погодна е за кожата на целото тело.
    Мене ми исчезнаа повеќе од половина флеки и лузни од акните по рамениците и грбот, лицето ми е во супер-стање и секако - давам палче за оваа маст! (инаку почнав да ја користам по препорака на дерматолог) :up:
     
  2. Greenny

    Greenny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    39
    А колку време беше потрбно за да ти исчезнат флеките?Јас имам многу флеки на лицето од акни :(
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    На моиве им требаше околу 3-4 недели. Уште ги имам, ама не се толку бројни и нафрлени како што беа, а не можете да замислите колку беа грозни - начичкани едно до друго, ниту кожата не ми се познаваше.
    Веќе ми се познава мојата кожа на грбот и скоро 1/3 од акните, т.е флеките се исчистени.
    Може некоја ќе си рече малку е, ама сепак и не е баш малку, бидејќи скоро 3 години се мачам со флекиве и ниту Контатубексот не ми помогна толку колку што ми помогна кремчево, башка на природна база е и нема штета, а погодно е и за лице, за 2-3 дена ги суши и ги снемува. :)
     
  4. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    отприлика колку пари е, да идам да ја земам деновиве ;)
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Да напоменам, ја има само во билни аптеки и чини 700-800 денари, ама вреди за парите, навистина. :)
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Greenny

    Greenny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    39
    Јас бев пред некој ден на дерматолог за флеките кои ги имам на лицето и ми рече дека за да се изгубат потребно е време и тоа 2-3 години и дека не може никоја крема да ми помогне за да ми се изгубат ;( ...можеби затоа и ти Mishela си чекала како што кажа 3 години и ништо не ти помогнало и кога си почнала да го користиш тој крем ти поминале а тоа било всушност поради времето кое е потребно за да се изгубат флеките :(
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Не знам, можно е не викам не, ама сепак мислам дека е од лекарствата кои почнав да ги примам, претходно имав и повеќенеделна терапија со таблети антибиотици :)
     
  8. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Абе како поминува време тие избледуваат , неможе преку ноќ да ѓи снема. Колкаво е кутивчето со таа маст?
     
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Пред неколку години, кога бев во пубертет имав многу мозолчиња, најмногу на образите и на носот и постојано ги чепкав. Значи постојано. |( И имав рани нормално, кои за неколку дена ми поминуваа. Затоа сега си имам неколку лузни кои многу ми пречат. :@
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Не би се согласила воопшто! Минуваа години, а акните само ми се умножуваа, откако почнав со терапиите се покажаа резултати за околу 2 недели, никoj нема спомнато дека му ги снемало акните преку ноќ. :)
    Мало е кутивчето, околу 50мл.
     
  11. Maeeeee

    Maeeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    104
    Лелекажувајте нешто ЕПТЕН ефикасно за моево лице....Порано имав супер лице но послдниве неколку години ми стана мрсно и со акни посебно на челото и под усните(брадата) знам ке речете од пубертет е ама не можам повеќе дај кажувајте нешто девојки...Инаку ме изанасмеа ,,Живчаното девојче,, изгледа не сум била само јас таква...И ај ве молам кажувајте некој спас за мрсно леце со акни (инаку во пубертет сум).... :lol:
     
  12. angel987

    angel987 Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    хахахха навистина се пронајдов во текстов...во иднина немојј толку агресивно према акните зашто само ти поголем проблем кј си направиш.купи крема "sona"(adapalen) .ако е малку поскапа страшно е ефективна на акни и се надевам дека многу ќе ти помогне ;)
     
  13. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Пробај и со кремата Здраве.Кај мене барем има ефект,за 1-2 дена се повлекува мозолчето :)
     
  14. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    И мене ми се правеа тие рани, НО почнав да го мијам лицето со еуцерин, после го чистам со лосион и ставам еуцерин крема. Сега за сега неам проблеми.
    Секогаш ми излагаа пред добивање и дали пмс или не знам што и јас се КОПАВ по лице, и од кога квалитетно ќе се изнакопав ми беше жал, ама веќе касно беше. 2 пати стигнав и до масциофасцијална хирургија заради тоа што бев мн спретна во рацете :@ па се стискав и си направив проблем. Тамо ми ја препорачаа црната маст (ја има во сите аптеки) демек го влечела гнојот, што е и сосема точно. Имам само еден мал незабележителен белег (повеќето мислат дека ми е дупче кога се смеам- а мене уствари ми е лузна дупка од копање). Исто и за зараснување на раната тогаш ми кажа да го мачкам местото со бетадин и на дупчето са ставам хидроциклин.