1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ранетиот орел (Ranjeni orao) [Сител]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од nena2010, 4 јануари 2011.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.273
    Допаѓања:
    101.171
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Топло ја препорачувам серијава. Гледам ќе ја даваат на сител. Јас ја гледав на РТС и верувајте дека е вистинско освежување после оваа тортура од турски и индиски серии.

    Пријатно гледање :hug:
    “Ранетиот орел”- нежна , љубовна приказна полна со топлина, работена според истоимениот роман од популарната писателка на љубовната класика - Mир Jам.

    Дејствoто во оваа мегапопуларна серија се одвива во периодот помеѓу двете светски војни, во почетокот и во средината на 30- те години од минатиот век.

    Во првата епизода ги запознаваме главните јунаци Ангелка и Ненад, кои во дворот од својата куќа безгрижно ги минуваат деновите од своето детство. Ги затекнуваме во детска игра која ја прекинува трогателната вест за погинувањето на таткото на Анѓелка.

    Шокот го запира идиличното секојдневие, а веќе во следниот миг дејствието се префрлува 20 - тина години во иднината кога Анѓелка е веќе голема и мажена девојка.

    Овој брак за несреќа на Анѓелка завршува уште при првата брачна ноќ кога нејзиниот избраник ќе ја открие тајната дека Анѓелка пред него веќе била со некого. Тоа за конзервативните сфаќања на тогашниот свет и околина било страшно понижувачко па Анѓелка веднаш се разведува и го менува местото на живеење со цел да пронајде средина во која ќе заборави на минатото и ќе може нормално да живее.

    Но судбината си поигрува со неа и во тој нов град, Анѓелка се среќава со човекот кој некогаш ја обесчестил и “...и и го оскрнавел телото”, како што таа самата кажува.

    Гојко, човекот кој ја излажал дека е вљубен во неа, а потоа со лажно писмо од неговата божемна сестра , ја известил дека е починат живее во новиот град на Aнѓелка и е сегашен сопруг на нејзина голема другарка од детството.

    Тој повторно се обидува да ја искористи скршеноста и несреќата на убавата Aнѓелка. При сите овие заплети, еден млад и убав офицер постојано ја следи со цел да ја запознае и да ја придобие нејзината љубов. Пред самиот крај од серијата ќе се открие дека всушност тој офицер е малиот Ненад со кого Анѓелка растела и го поминувала своето детство...

    Режијата во серијата е на Здравко Шотра, музиката на Жељко Јоксимовиќ, а главните улоги ги толкуваат- Слобода Мичаловиќ, Иван Босиљчиќ, Драган Николиќ, Војин Четковиќ, Јасмина Аврамовиќ.....и уште многу други акери кои и во претходните остварувања на режисерот Шотра, “Зона замфирова”, “Ивкова слава” и “Паѓањето на Третиот рајх”, биле дел од неговиот избор за актерска екипа.

    Серијата има 17 епизоди од по педесет минути и секаде каде што се прикажувала ги има соборено сите рекорди на гледаност.

    Најчеста порака која гледачите, актерите и критичарите ја упатуваат за серијата “Ранетитот орел” е – “топлина на минатите времиња, која не смее да се пропушти”...
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Ранетиот орел ( Ranjeni orao)

    Интересен вовед. Во кој термин ќе биде?
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.273
    Допаѓања:
    101.171
    Пол:
    Женски
    Ранетиот орел ( Ranjeni orao)

    Баш тоа гледав сега на сител ама конфузни ми се. Како и да е мислам дека првата епизода е на 7.01.2011 во 13 часот па после пак има во 22 часот. Не знам што е финтава. Али серијата е преубава!!!
     
  4. dan1

    dan1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    Ранетиот орел ( Ranjeni orao)

    Јас ја имам гледано серијава на РТС и е стварно нешто што треба да се види...преубава е полна со емоции навистина добро ќе ни дојде после овие тековниве со промашени ефекти и помешани теми :lol: :lol: :lol:
     
  5. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    Ранетиот орел ( Ranjeni orao)

    Ќе ја гледам,и ќе пробам да ја најдам книгата да ја прочитам :)
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.273
    Допаѓања:
    101.171
    Пол:
    Женски
    Ранетиот орел ( Ranjeni orao)[Сител]

    Книгата ја имаш во Феникс книжарите, јас ја купив за поклон за нова година од таму !
     
  7. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Ранетиот орел ( Ranjeni orao)

    Леле луѓе не сум знаела дека е екранизиран романот, јас сум голем обожавател на МИР-ЈАМ, ги имам дома сите 12 романи од убави поубави :inlove:
     
  8. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Ранетиот орел ( Ranjeni orao)[Сител]

    и јас ќе ја гледам
     
  9. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    Ранетиот орел ( Ranjeni orao)[Сител]

    Мајка ми ја има читано книгата и ми ја препорача, ми кажа дека има и филм според книгата, но јас мислев дека е игран и не српски. Но како и да е сакам да ја прочитам книгата и да ја гледам серијата.
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.273
    Допаѓања:
    101.171
    Пол:
    Женски
    Ранетиот орел ( Ranjeni orao)[Сител]

    Веќе дадоа две епизоди викендов од серијата.
     
  11. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Ранетиот орел ( Ranjeni orao)[Сител]

    Навистина? Колку чини??? На македонски е или на српски?
     
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.273
    Допаѓања:
    101.171
    Пол:
    Женски
    Ранетиот орел ( Ranjeni orao)[Сител]

    На македонски е и мислам некаде 500 ден е ама големка е бааги. Не е книжуле. Баш роман!
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    Ранетиот орел ( Ranjeni orao)[Сител]

    Оф топик: Сите книги од МИР-ЈАМ се прекрасни, која од која поубава приказна...ги имам сите прочитано по најмалку 2 пати, има некоја магија во нив, нешто што опушта, одмара и некако не враќа на вистинските вредности. Напишани се во периодот од Првата до Втората Светска Војна. Многу, ама многу се убави. На сите ви ги препорачувам, нема да зажалите.

    Он топик: :) Серијава е многу убава, ја гледав на РТС, ама дури откако книгата ќе ја се прочита ќе се осети вистинската убавина, така барем јас мислам. Да не речам, книгата е поубава од филмот што е и нормално до некаде, има многу описи и поголемиот дел се случува во мислите на луѓето, не е опишано со зборови помеѓу нив, а тоа мене ми дава поголема "драж" ќе ја наречам, ме сфативте најверојатно :). И бтв дејството во вториот дел од приказнава треба да се случува во Македонија според книгата - која е оргинал нели, а во серијава го преправиле да биде во Босна. Зошто тоа, јасно не ми е :^) |(
     
    На ciribiribela му/ѝ се допаѓа ова.
  14. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Ранетиот орел ( Ranjeni orao)[Сител]

    Ги гледав првите две епизоди и ми се допадна.( Зборува човек што не сака такви серии)
    Планирам да ја гледам до крај, а и книгата ја имам , можеби ќе ја прочитам. ;)

    П.С Многу ми е убава глумицата...
     
  15. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    Ранетиот орел ( Ranjeni orao)[Сител]

    Денес и утре ке има репризи од 1, 2 од 22:30 кој ги пропуштил може да ги гледа.
     
  16. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Ранетиот орел ( Ranjeni orao)[Сител]

    Еј баш сакав да прашам кога ќе се репризите, ама штета нема да можам да ги гледам ќе излегувам :) Ништо, а инаку ја имам читано книгата добра е само не ми се допадна малку, не е реална, ама буквално сите се заљубуваат во девојката од младо до старо, а другото е добро има мн интересни делови, нема сега да ги раскажам да биде поинтересна серијата :)
     
  17. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    Ранетиот орел ( Ranjeni orao)[Сител]

    Ја гледав 1вата епизода многу ми се допадна... Серија која те тера да ја изгледаш до крајот. А и во понеделник ке одам до библиотеката да си ја земам книгата.
     
  18. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Ранетиот орел ( Ranjeni orao)[Сител]

    Јас вчера успеав да ја гледам репризата од првата епизода. Интересна ми изгледа и планирам да продолжам да ја гледам ова серија. Инаку денеска да не има реприза од втората епизода? И ако има кое време ќе биде? Ако знае некој нека ми каже, јас дури не знам ни регуларниот термин кога е.
     
  19. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    251
    Ранетиот орел ( Ranjeni orao)[Сител]

    Мислам дека ќе има реприза и на втората епизода денес после серијата време на дождови , а инаку серијата игра во сабота и недела во 18.45.
     
    На bitter-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Ранетиот орел ( Ranjeni orao)[Сител]

    Кога ќе се сетам на овој филм на ум ми иде само една реплика “Ко је био ту пред мене??!!!!“ И типкава: “ГОЈКО“ :rofl: :rofl: :rofl: :lol: :lol:
     
    На Ema.Sk и purple.butterfly им се допаѓа ова.