1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ранети птици (Канал 5)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од EnderArgunLove, 1 мај 2020.

  1. EnderArgunLove

    EnderArgunLove Нов член

    Се зачлени на:
    1 мај 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    8
    [​IMG]
    РАНЕТИ ПТИЦИ
    Ова е играна турска серија која се емитува на Канал 5, од неодамна започна. Многу е трогателна и вистинита, морам да признаам на неколку пати и ми се насолзија очите... ;(;(

    Детенцето е многу слатко, но неговата судбина ме трогна навистина. ;(;(;(
     
    На Nightwish11, ohlalalala и Mrs.Precious им се допаѓа ова.
  2. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    20.537
    Пол:
    Женски
    И јас ја следам серијава. Но немам многу време да ја гледам на тв, пошто ја даваат рано, па повеќето ја гледам на јутјуб, иако сега баш не ми е интересна, чекам да почне интересното на тв па да почнам да ја гледам. Инаку фала богу што и на турски една епизода трае околу 1 час, па не морам да дремам со саати за да ја гледам.
     
    На Nightwish11 и ohlalalala им се допаѓа ова.
  3. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Јас не гледам турски серии, ама во карантинов гледаат моите па и јас со нив тек - тук. Убава е серијата.
    Оваа сигурно му е мајка на омер а не сестра. Така уште од првата епизода мислев.
     
    На Mrs.Precious му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    20.537
    Пол:
    Женски
    Не му е мајка. Таа не му е ни сестра, само го одгледала. Татко му е Левент а мајка му е почината, нели ја убиле.
     
    На ohlalalala и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Kjutche

    Kjutche Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    109
    И јас почнав да ја гледам серијава од вчера. Нешто разбрав, ама како детето завршило кај Мерием?
     
    На Mrs.Precious му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    20.537
    Пол:
    Женски
    Омер нели кога бил мал си бил со неговото семејство, ама една вечер мајка му ја убиле, а него го украле. Истата вечер Левент останал и без жена му, и без неговото дете. Омер (кој тогаш се викал Ефе), го украл Дурмуш кој е татко на Мерием и сакал да го продаде за пари, но не успеал затоа што влегол во затвор а за детето немало кој да се грижи, па затоа Мерием го одгледала. Таа не му е сестра како што кажува, таа само го одгледала.
     
    На cresa-jagoda, ohlalalala и Kjutche им се допаѓа ова.
  7. Kjutche

    Kjutche Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    109
    И сега значи дека овој Левент му е вистински татко на Омер?
     
    На Mrs.Precious му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    20.537
    Пол:
    Женски
    Да!
     
  9. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    Интересна е серијава, не е лоша.
    Ја загледуваам понекогаш.
    Омер какво е душиче.:inlove::l:
    Ама сега видов баш серијава има 165 епизоди:o , којзнае што све ќе се деси до тогаш ама што е многу многу е.
    Кај нас којзнае колку епизоди ќе направат.



    @Mrs.Precious
    ти на турски ја гледаш и стварно трае само 1 саат? Пошто нели кај нив по 2 ипол саати траат, се забораваат, а нашиве праат од една поише, за цела недела.
    Бар така е до сеа со другите серии.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marr15

    marr15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Ја загледувам и јас некогаш на канал 5 де за викенд де за работни денови ја даваат сал туку мењаваат. Да на турски има 165 епизоди и траат по 1 саат бидејќи серијата се емитуваше денски на Канал Д. Актериве Левент и Мерием се слатки, а тој што го синхронизира Омер алал да му е:inlove:
     
    На Mrs.Precious, cresa-jagoda и ohlalalala им се допаѓа ова.
  11. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    Да бе стварно не се нормални со ова шо мењаат само термини.
    Затоа не можам да ја начекам саглам да ја глеам.
    Нека се одлучат и нека ја остават во еден термин.
    Според мене поарно само за викенд да ја даваат и онака нема ништо , све репризираат.
     
    На Mrs.Precious и marr15 им се допаѓа ова.
  12. marr15

    marr15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Сега според новиот термин од понеделник до петок во 19.40 часот, а сите репризи за викенд ги даваат рано насабајле околу 9-10 часот што е стварно рано. Колку да потполнат нешто тогаш ја ставиле.
     
    На Mrs.Precious и ohlalalala им се допаѓа ова.
  13. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.378
    Пол:
    Женски
    И јас ја гледам серијава. Интересна е но многу комплицирана.
    Обично така даваат кога е некоја серија при крај. Сега незнам точно која би била при крај ама така имаат почесто правено.
    Која е онаа жена во чифликот што го згрижува Омер? И е нешто на Мерием? А онаа што многу зборува и што не сака Левент да е тука што против него има? Зошто си заминал на остров да живее?
     
    На Mrs.Precious, cresa-jagoda и ohlalalala им се допаѓа ова.
  14. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    Па не знам која серија е при крај.
    Тажна жена и Забрането јаболко има уште многу да траaт.

    Таа жената,ако мислиш на Улвије, мајката на Левент таа всушност му е баба на Омер.
    Таа другата жена е куќна помошничка.Ништо не и се на Мерием.
    Нели не знаат дека му е син на Левент.

    Таа што многу зборува и се праи газдарица у куќата, не знам како се викаше, му е снаа од брат на Левент.
    Не го сака зошто не и одговара да е тука и да биде глава на семејството, оној маж и братот на Левент е папучар невиден,збор нема у куќата, све праи како ќе му нареди жена му.
    Таа е злобна, љубоморна и алчна за пари.

    А на островот заминал во тага и очај,бидејќи во несреќен случај ја убиле неговата сопруга, а син му Омер го киднапирале.
    Случајно Дурмуш го нашол,па Мерием толку многу го засакала и го задржале.
    Мисли дека син му не е жив,а всушност Омер е токму неговото дете.
    Зошто мислам дека ќе се појави жената на Левент и ќе им праи проблеми :^)
     
    Последна измена: 2 мај 2020
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    20.537
    Пол:
    Женски
    Да, се зачудив но навистина и на турски по толку траат.. Некоја по 1 час, некоја по 55мин, некоја по час и 15мин, така некако. Да, има 165 епизоди, но за разлика дека и таму една епизода трае околу 1 час, па и овде побрзо ќе ја истераат, сепак нема да биде толку брзо, но барем не траат и на турски епизодите по 2 ипол часа, фала богу.
    Да, во серијата ќе се појави една жена која ќе тврди дека е мајката на Омер, но секако дека не е така, мајка му на Омер е Лале односно нели жената на Левент која починала, и не знам како така ќе се појави жена која ќе вели дека е мајка на Омер.Тоа не можам да го сфатам.
     
    На ohlalalala и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    20.537
    Пол:
    Женски
    Левент замина на остров да живее бидејќи ги загуби жена си и детето и тоа во исти ден, па поради тоа си замина.
    А таа што не го сака Левент е Хулија - жена на брат му на Левент и таа не сака тој да остане со нив, бидејќи ако остане ќе управува со фирмата и демек од наследството немало ништо да им остане на нив, па затоа не го сака. Женава и во една епизода си кажа дека да немале толкаво богатство, немало ни минута да седи во таа куќа. Се познава дека мисли само на пари и затоа сака маж и да управува со целата фирма, а Левент да си замине од куќата.
     
    На ohlalalala и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Nightwish11

    Nightwish11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    2.000
    Пол:
    Женски
    Jas ne ja razBiram sodrzinata :wasntme:
     
  18. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    Колку ми е жал за Омер,Хулија како го заплашува и му се заканува.:(
    Оној Левент стварно ама ладен и груб чоек...|(
    Ај бар почна да ја забележува Мерием и да се грижи за неа.:)
    Некако многу ја влечкаат серијава,се споро се случува и почна досадна да е малку, а само што почна.
     
    На Mrs.Precious и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    Таа сестра и на Хулија ама е одвратна, му се залепи на Левент и проблеми ќе си имаат, ќе им смета на Левент и Мерием.|(

    Овие двеве сестри се здружиле и им се пикнале на мутавиве браќа.
    Колку што разбрав порано се сакале они двајца, па овој ја откачил?

    Тој па постариот колку е дебилен.:x
     
    На tace73, Jelena250, Nightwish11 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Никој не ја прати серијава? Знае некој што ќе се случува да пише во спојлер?
    Не ми е јасна ситуацијата со Ајше и со другар му на Левент, Џем ли се викаше? Ќе си најдеш друг, трт-прт, ептен глупо го направиле, па нели и тој ја симпатишеше или пак не си признава?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.