Мислиш на Џемил така? Ајше него го сака, ама тој неа не ја сака и затоа и кажа дека да се смири ситуацијата и ќе се разведат. Спојлер Ама нема да биде така, понатаму ќе се зближат многу и ќе се засакаат и нема да се разведат.
Спојлер Јас мислам дека и нему му се допаѓа, ама малку и сценаристиве го „тупат“ . Претпоставував дека ќе биде така, ама како ќе снимат „катаљарда“ епизоди
Да, има уште отприлика 100 епизоди. Не знам зошто толку снимале, и онака серијава не е ништо посебно, ја гледам од досада.
Кај нас моментално оди по турски 65-70 епизода не знам сигурно. Знам дека Бахадир ќе ја избрка Хулија од дома (она уште нема да биде оздравена0, но после некое време ќе се појави нова актерка која што ќе го толкува ликот на Хулија. Ќе има и венчавка на Мелис и Левент. Левент ќе прифати да се ожени со Мелис, ама Мелис ќе каже Не. Мислам дека на некој начин Бахадир ќе и се закани.
Претерале, некако во место тапкаат. Ама главните ликови ми се симпатични, како и трансформацијата на Левент, од депримиран, тажен, резервиран и нервозен тип, во грижлива и весела личност, секако во однос на тие што се заслужни, посебно кон Мерием и највеќе кон Омер. И тој Текин, многу ми е одвратен . Значи Бахадир на крај ќе се „разбуди“ . Се надевам нема да се „забудали“ па да ја земе слугинката! И таа бабата на Џемил, на живци ми оди. Туку некако куќата на Џемил многу старински наместена, јас мислев дека тој е директор во фирмата и дека има малку помодерен и повкусно наместен стан/куќа!
Ауф Левент на почетокот беше многу агресивен и лут, многу ме нервираше тоа дека за се постојано ја обвинуваше Мерием, а таа за ништо не беше виновна. И она бабиштето на Џемил, како ја мачи Ајше ццц. Па и уште вели ќе ја избркала и ќе му наместела некоја друга.
Што ќе се случува со таа што лаже дека му е мајка на Омер? Како ќе се открие дека лаже? И како се вика серијава на турски?
Хулија (болната жена) порано наредила да го убијат Левент за фирмата да остани на нејзе и Бахадир, но тој што го најми ја уби жената на Левент и нивниот син го зеде и однесе негде (фамилијата на Левент мислат дека е мртов). Детето го зел таткото на Мерием му дале друго име и го одгледа Меријем. Потоа таткото на Мерием разбра дека детето знае да отвара заклучени врати и сакаше да го користи за кражби па еден (не ми текнува како се викаше, лош лик кој му е како главен на таткото на Мерием, тетка и. чува деца и ги праќа да скитаат) нешто го бараше детето и Мерием за да го спаси Омер го однесе во куќата на Левент за да биде на сигурно. Таму Хулија не го сакаше бидејќи покрај детето Левент се врати дома и остана да живее таму па почна да се враќа на стариот живот. Таа се правеше за да ги избрка. Потоа дојде Мелис, нејзина сестра, таа сака да се омажи за Левент и заедно со Хулија беа против Омер и Мерием. Тие дознаа дека Омер е синот на Левент, Ефе. Па со помош на тој лошиот човек (што го спомнав погоре) платиа жена која треба да се претстави како негова мајка и да го земе Омер од вилата. Инаку Левент ја засака Мерием, тоа го знае и Мелис па затоа дава се од себе за да ги избрка од куќата. Ова е во кратки црти
Ужасно ме нервира молчењено на Мерием. За се ја обвинуваат, лажат и што уште не а таа само си молчи и плачи. Инаку според турски епизоди сме до 75 епизода а сите се 165. Мислам дека премногу епизоди се немало потреба од толку одолговлекување. Ќе прават ДНК но мислам дека ќе направат да испадне дека му е мајка. Но потоа што ќе се случи не знам. Знам дека вистината за Омер ќе се открие во последните епизоди. Во 165 епизода Левент и Мерием ќе прават свадба. Мислам дека на турски е Yarali Kuslar
Е како ќе испадне позитивен ДНК тестот кога неможат да го направат позитивен? Мајка му на Омер, односно нели била жената на Левент ама почината е таа. Инаку да, на турски серијава е Yrali Kuslar.
Не знам така гледав, но бидејќи не знам турски не сум сигурна 100% дека така ќе испадне. Можеби Мелис или Теќин некој ќе го заменат во болница (како во повеќето турски серии) Еве ја најдов епизодата со ДНК тестот: Иначе до 77 епизода сме биле а не до 75..
Ај нека пише некој во спојлер ако знае што ќе се случи со „мајката“ и со Омер, оти се нервирам и нестрплива сум
Дали сериозно направиле 165епизоди од серијава? Kога почна првата епизода од серијава мислев ќе е интересна, ама кога ја загледав убаво не ми е нешто интересна. Има 10глумци и уствари пола од секоја епизода е сцена каде што Мерием и Левент се гледаат во очи. Доволно би било само 65епизоди од серијава, останатите 100можеле да ги скратат.
Нешто гледав ама не разбрав баш се па еве одприлика што ќе се случува понатаму. Спојлер Кога ќе му кажат на Омер за неговата "мајка" тој нема да сака да оди и да живее кај неа. Мајката на Ајше како што разбрав ќе појди таму да живее бидејќи кај нивната куќа ќе граделе зграда, со тоа на Ајше и е тешко да глуми лажен брак иако го сака Џемил, и тој почнува да се заљубува во неа. Доган ќе сака да си замине но ќе разбери за лажниот брак на Ајше и Џемил па ќе остани. Асли ќе му се пика на Бахадир. "Мајката" на Омер ќе истражува и ќе се сомнева дека Омер е син на Левент. Теќин ќе разбери дека "мајката" на Омер има сестра и мајка (или нешто така беше не сум сигурна) па ќе искористи да и се заканува со нив. Левент ќе разбери дека Теќин се се заканува на Мерием и ќе сака да и помогни. Мерием ќе се врати во вилата но не како помошничка туку како член (Ова Левент ќе го кажува на неговата мајка, ќе и кажи и дека е вљубен во Мерием а сето тоа ќе го слуша и Мелис и ќе прај нов план за да ги раздели). Исто така Левент ќе и понуди работа на Мерием во холдингот но таа нема да прифати. Ова не знам колку точно вака ќе биди но како што сфатив нешто одприлика вака е. Покасно ќе пишам што ќе се случува понатаму со серијата.