1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рането срце (Fatih-Harbiye) [Алфа ТВ]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од milicka19, 7 октомври 2015.

  1. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    На алфа тв започна нова турска серија, приказната за турската Пепелашка и нејзиниот богат принц. "Рането срце" е класична турска теленовела која зборува за животот на една млада девојка, заробена меѓу оковите на Истокот и слободата на Западот. Серијата е базирана на познатата новела "Fatih-Harbiye" на Пејами Сафа. Во главните улоги настапуваат Неслихан Атаѓул (Дениз од "Кога лисјата паѓаат") и турскиот музичар и модел Кадир Доѓулу

    Содржина :
    Нериман е млада девојка која живее заедно со својот татко Фаиз и својата тетка Ѓултер во едно сиромашно маало во Истанбул. Пораснала во конзервативна средина, пораснала така што за да излезе надвор од дома морала да бара дозвола од таткото или тетката, никогаш не носела модерна облека и никогаш не можела да си ги оствари своите скриени мечти. Во една таква традиционална и скромна средина, за Нериман не останува ништо друго, освен да ги пренесе сите свои соништа во цртежите што ги слика.
    Слободното време го поминува со Шинаси, млад дечко од тој кварт кој е вљубен во Нериман и со кого треба да се венча. Тој студирал традиционална турска музика и освен студиите и Нериман, не знае за ништо друго. И тој како и татко и, е конзервативен и не и дозволува на девојката да се однесува поинаку од она како што била воспитана. Во овој обичен живот, Нериман сака нешто поразлично, сака да ја види и доживее другата страна на Истанбул.

    Затоа, спонтано, еден ден налетува на нејзината братучетка Пелин, која живее во богато соседство и која е растена со модерни сфаќања. Пелин знае дека Нериман пораснала со поинакви сфаќања и не смее да излегува ноќе, па затоа решава да ја посрами така што ќе ја покани на една забава.

    Нериман одвај чека да отиде на забавата, иако знае дека татко и никогаш не би ја пуштил, а Шиваси никогаш не би го одобрил тоа. Знаејќи дека по бракот со Шиваси, таа нема да има можност да искуси нешто ново во градот, решава на своја рака да побегне од дома и да отиде на забавата. Невината девојка на забавата се појавува во еден преубав фустан и го привлекува сечие внимание.

    Во младата Пепелашка на прв поглед се вљубува Маџит, згоден и богат плејбој кој живее сосема поинаков живот од неа. Од тој момент се менува животот за Нериман. Од една страна е нејзиниот конзервативен свршеник и сето она што ја чека во своето маало, а од друга страна е големата љубов кон Маџит и раскошот на модерниот живот. Љубовта на Нериман и Маџит ќе наиде на многу пречки, предизвикани од нивните фамилии кои доаѓаат од сосема различни општествени класи.

    Улоги : Neslihan Atagül (Нериман), Kadir Doğulu (Маџит), Yunus Emre Yıldırımer (Шинаси), Dilara Öztunç (Пелин), Okday Korunan (Фаиз)
    Ranetosrce1-2.jpg
     
    На moneni, atala и Winter Lady им се допаѓа ова.
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Мене ми е гледана оваа лани,т.е до некаде 25 стигнав и не знам зошто не ја догледав.
    Си најдов занимација :D

    Патем,многу наликува на Фериха по содржината,мада оваа е стопати поубава,а и глумците се допадливи.
    Првите епизоди многу ме нервираа бидејќи Нериман очигледно не знаеше што сака и кој сака,ама после се опраи.
    Огромна хемија имаат главните улоги,а прочитав дека биле заедно во реалниот живот,баш се срцки.
    Другите се така и така,искрено ништо посебно не е,ништо не се ни дешава,љубовта и разликите меѓу двата света во Турција,таа тематика е секаде присутна.

    Немам го видено крајот,се надевам дека е среќен оти ми прекипе со умирањата во последна епизода :D

    Едит:Мислам дека насловот на АЛФА им е тотално утнат.Тоа се преведува буквално Од Фатих до Харбие,Фатих преставува квартот на Нериман и конзервативното општество,а Харбие се другиот свет,модерните,богаташите :D
     
    Последна измена: 10 октомври 2015
    На moneni, atala, milicka19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Јас почнав да ја гледам серијава и многу ми се допадна. Моментално е најдобрата серија што се дава кај нас, само ме нервираат што многу ги кратат епизодите.
    Aктерите ми се супер. Нериман И Маџит инаку се во врска и во приватниот живот
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На moneni, atala и Marossa им се допаѓа ова.
  4. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Луѓе,а главната глумица не ви личи на Kristin Kreuk?
    [​IMG]
    Мене ми се тотално исти,еден период мислев канаѓанката глуми во турска серија :D
     
  5. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Ја гледате серијава? Мене многу мие убава. Навистина потсеќа малку на Емир и Фериха но овде како друга хемија да има можеби затоа што глумците се заедно и во приватниот живот. :) Ретко ме бендисуваат турските серии во последно време сите ги баталив но оваа неможев да ја прескокнам. Почнав да ја гледам до 25 епизода сум на е филмови ја има.

    fabdw7.jpg 2ajnbyt.jpg 2vxhegg.jpg
     
    На atala, BI-44 и Marossa им се допаѓа ова.
  6. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Веќе станува се поинтересна и поинтересна, само што од една епизода прават 3 епизоди од алфа.
    Инаку по содржина мене воопшто не ми наликува на Фериха. Единствено и овде тие што се во главна улога се млади и доаѓаат од различна класна средина.
     
  7. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Конечно ја догледав и малку се разочарав.
    Вака ко резиме,ќе речеш ништо не се дешаваше 50 епизоди.Далеку од тоа дека не ми беше убава за гледање,Маџит е доволна причина,ама немаше асални заплети и возбуда.
    Она што не ми се допадна е што премногу се фокусираа на главниот пар,а сите околу ги оставија неискажани.
    Шинаси до самиот крај ја сакаше,а за него очекував поубава иднина.
    И другар му си остана сам,како и на почетокот.
    Пелин ја оставија сама,поразена итн.
    Дури и на Дугу не се фокусираа доволно.
    Се убаво со среќен крај,ама не може два лика да ја прават целата приказна,а градењето на другите да го нема никаде.Без разлика што е од романтичен тип,и е класична содржина,сценариото е површно,банално..
    А не дека Турците не знаат да направат јака серија,имам гледано серии што ме утепале во душата,оваа дефинитивно не е една од нив.
     
    На moneni му/ѝ се допаѓа ова.
  8. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    И јас ја догледав има можеби месец од кога ја изгледав и навистина крајот како да не е многу дефиниран или како серијата да остана недовршена не знам. Па и самата приказна водеше така за ликовите да останат недовршени. Фахрие ако на почетокот имаше некој нема да можеше да ја покрива Нериман како нејзина најдобра пријателка. Шаика пак си имала такво минато страста кон материјалното богатсво и постарите мажи беа нејзина тема и немаше логика веднаш да се промени во личност која ја сака скромноста и да остане со Џихан. Шинаси имаше две прилики покрај Нериман тој избра да биде така ги избрка сите од својот живот надевајќи се дека Нериман ќе остане со него. Пелин пак заслужи онака и за неа и не мие криво дури и на крајот кога сакаше да испадне дека се извинува и е сменета во добра личност и тогаш се криеше злобата во неа. Дујгу и таа е некомплетна и се појавија толку мажи во животот и со ниту еден не остана во убава романтична врска. Асли пак цела серија беше бремена тоа не ме бендиса барем да се родеше детето и тука да се расчистеше се кај кој ќе остане и како ќе продолжи таа понатаму. Сестра и се омажи и тоа несреќно за човек кој не го сака. Не ме бендиса ниту начинот на кој Маџит дозна за вистинскиот татко и тоа што немаше прилика да се расчистат работите како што и си замислував. Факт е дека фали уште една сезона или прерано ја завршија оваа. Во целост не беше лоша серијата во секоја епизода имаше некоја посебна возбуда а тоа е можеби така кај мене затоа што обично главните глумци во турска серија како по некој обичај не завршуваат заедно или едниот умира или пак ќе остане со некој/а друг/а и така да има пропусти само тоа е нам гледачите не ни останува ништо освен изборот дали ќе гледаме и ќе уживаме или сосема спротивно ќе биде.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.